Спорт
ОИ хронологија: Сент Луис 1904

Пренесуваме краток преглед на настаните на Третите олимписки игри одржани во Сент Луис од 1. јули до 23. ноември 1904 година (според официјалните податоци на МОК).
– број на учесници: 651 (шест жени и 645 мажи)- земји учеснички: 12 – број на спортови: 17 (атлетика, бокс, велосипедизам, кревање на товар, гимнастика, голф, борење, кошарка, лакрос, мечување, фудбал, роке, стреличарство, тенис, влечење на јаже, веслање, пливање)- број на дисциплини: 91Третите ОИ кои се одржале во Сент Луис на свечената церемонија ги отворил претседателот на Светската изложба од Луизијана, Дејвид Френсис. На овие Игри по прв пат биле доделувани златен, сребрен и бронзен медал. Поради фактот дека ОИ биле во САД, до која се стигнувало само со бродови, речиси три четвртини од спортистите биле Американци. Посетата на ОИ била далеку под очекувањата, бидејќи како и четири години претходно во Париз и овие биле организирани паралелно со Светската изложба и траеле речиси пет месеци. Еден од спортистите кои ги одбележал овие Игри бил американскиот гимнастичар Џорџ Ејсер, иако неговата лева нога била дрвена тој успеал да освои седум медали (три златни, три сребрени и еден бронзен). На натпреварите во атлетика се истакнале Американците Чарлс „Арчи“ Хан и Џејмс Лихтбади. Хан освоил златни медали на трките на 60, 100 и 200 метри, додека Лихтбади победил на 800 и 1.500 (со светски рекорд) и на 2.500 метри со пречки. Во програмата на Игрите по прва пат влегле боксот и борењето со слободен стил, а во Сент Луис прв пат учествувале спортисти од Африка. крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дејвид ќе го предводи нападот на Јувентус

Она за што се зборуваше со денови, во саботата доби потврда, Џонатан Давид е нов играч на Јувентус.
25-годишениот фудбалер потпиша договор со Јувентус до 30 јуни 2030 година, а во клубот доаѓа како слободен агент.
Канадскиот фудбалер, ја започна својата кариера во Отава, а потоа играше за Гент и Лил.
Дејвид играше во Лил во претходните пет години и постигна 109 гола и 30 асистенции во 232 натпревари.
Тој одигра 67 натпревари за канадската репрезентација и постигна 36 гола.
Во моментов се шпекулира дека доаѓањето на Дејвид е знак дека раководството на клубот одлучило да го продаде Влаховиќ ова лето.
Останува да се види што ќе се случи во следните неколку дена.
Foto/ EPA-EFE/MOHAMMED BADRA
Спорт
Ферстапен со брилијантен круг до пол-позицијата на Силверстоун“

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Велика Британија, 12-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1.
Актуелниот шампион стигна до најдоброто стартно место со неверојатен круг и време од 1:24.892 минути, со десетинка предност во однос на Оскар Пјастри во Мекларен.
Вториот возач на Мекларен, Ландо Норис, го имаше третото време, а неговиот сонародник Џорџ Расел од Мерцедес ќе стартува веднаш до него од вториот ред.
Рекордерот по број на победи на „Силверстоун“, Луис Хамилтон, ќе стартува од петтото место. Третиот ред го комплетира неговиот тимски колега Шарл Леклер.
Следува Андреа Кими Антонели, но возачот на Мерцедес има казна од три позиции и ќе стартува од 10-то место. Осмие е Оли Берман од Хас, зад него се Фернандо Алонсо (Астон Мартин) и Пјер Гасли (Алпин).
Големата награда на Велика Британија е закажана за недела во 16 часот.
Foto/ EPA/PETER POWELL
Спорт
Замена за Влаховиќ? Јувентус донесе нов напаѓач

Она за што се зборуваше со денови сега е официјално потврдено – Џонатан Давид е нов играч на Јувентус.
Овој 25-годишен фудбалер потпиша договор со Јувентус до 30 јуни 2030 година, а во клубот доаѓа како слободен играч.
Канадскиот фудбалер, кој игра на позицијата напаѓач, ја започна својата кариера во Отава, а потоа играше за Гент и Лил.
Давид играше во Лил во претходните пет години и постигна 109 гола и 30 асистенции во 232 натпревари.
Одигра 67 натпревари за канадската репрезентација и постигна 36 гола. Српските фудбалери Душан Влаховиќ и Филип Костиќ играат за Јувентус.
Моментално се шпекулира дека доаѓањето на Давид е знак дека раководството на клубот одлучило да го продаде Влаховиќ ова лето.
Останува да се види што ќе се случи во следните неколку дена.
Фото: ЕПА