Контакт

Надворешна политика

Македонска делегација предводена од Груевски на конференцијата за западен Балкан во Берлин

Објавено пред

Во четврток во германската престолнина Берлина се одржува конференција посветена на западен Балкан на која ќе учествуваат претседатели на држави и влади и министри на дипломатиите и на економските ресори од шест западнобалкански земји, како и челниците на Европската комисија, Германија и Австрија а ќе биде направен обид за поттикнување нови импулси во продлабочување на меѓусебната соработка на земјите од регионот.

dobivaj vesti na viber

„Откако германската канцеларка Ангела Меркел во јули во Дубровник учествуваше на средбата на шефовите на држави и влади на земјите од западен Балкан во рамките на процесот Брдо-Бриони, сега заеднички со министерот за економија Зигмар Габриел и министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајмнмар ќе биде домаќин на шефовите на владите, министрите за надворешни работи и на министрите за економија на шесте земји од западен Балкан и на Хрватска и Словенија“, се наведува во соопштението на германската влада.

„Притоа, во прв ред станува збор за јакнење и поддршката на меѓусебната соработка на земјите во регионот. Германија стои зад ветувањата во врска со европската перспектива за сите земји од западен Балкан“, се додава уште во соопштението. На конференцијата, исто така, ќе се разговара и за приближувањето на Европа, како политички така и економски, но со особено внимание на прашањата на правната држава. Притоа Берлин го повторни досегашниот свој став дека поддржува приближувањето на сите земји од регионот.

Конференцијата почна претпладнето со состанокот на ресорните министри во министерството за економија на коеј воведен збор има германскиот вицеканцелар и министер за економија Зигмар Габриел, а ќе бидат одржани две расправи на темите „Енергија, технологија и инфраструктура – економската соработка во регионот“ и „Поттикнување на вработувањето, средното претприемништво и инвестициите“ на која Македонија ќе ја претставуваат вицепремиерот Владимир Пешевски и министерот за економија Беким Незири.

Министрите за надворешни работи ќе ги прими шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмаер. Попладне исто така без присуство на медиумите во блокот за надворешната политика ќе се расправа за регионалната соработка, ЕУ и отворените прашања, на кој ќе учествува министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Истовремено, во германската влада канцеларката Ангела Меркел ќе ја одржи главната пленарна седница со премиерите на земјите од регионот вклучувајќи ги Словенија и Хрватска, на која ќе учествува премиерот Никола Груевски. И овие разговори се затворени за јавноста, но според германски медиуми, ќе биде дискутирано за политички теми односно ситуацијата и проблемите во регионот.

По пленарката најавена е прес-конференција на Меркел со Баросо и албанскиот премиер Еди Рама, како актуелен претседавач со Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Вечерта на распоредот е работната вечера во присуство на претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и еврокомесарот за проширување Штефан Филе, со што се завршува еднодневната конференција.

Според најавите не се очекуваат големи заклучоци и документи, освен позитивната порака преточена во конкретен ангажман за економски развој на западен Балкан. Се очекува овој своевиден самит да прерасне во годишна конференција за западен Балкан во рамките на Европската унија, чиј организатор следната година би требало да биде Австрија.

Пред конференцијата Баварската радио-телевизија имаше прилог во кој истакна дека оваа конференција се одржува во моментот кога Германците не се расположени за проширување и кога земјите од западниор Балкан главно се споменуваат во негативен контекст поврзан со енормниот раст на бројот баратели на азил од овие земји.

„Надежите на сите земји од Балканот се концентрираа на економски најсилната земја во Европската унија. Ангела Меркел е свесна за тоа дека ветувањето за овие земји за влез во Европската унија избирачите дома ги заплашува. Но ниту Германија не се ангажира без размисли за сопствена полза. Балканските војни не лежат така дамна во минатото, а економски гледано влегувањето на тие земји во ЕУ ја дава можноста за инвестирање и отворање на нови пазари. На крајот, станува збор и за стратешка одлука за создавање конкуренција на влијанието на Русија, Турција и некои арапски земји врз земјите во регионот“, заклучува во прилогот Bayerische Rundfunk. /крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ47 минути

Пожар во свињарска фарма во Градско, угинаа животни, неколку лица побарале лекарска помош

Вчера во СВР Велес бил пријавен пожар што избувнал во свињарска фарма на фирма во селото Долно Чичево, општина Градско....

Македонија1 час

(Видео) Стојаноски: Заев и Филипче му нуделе на Жан Митрев да им ја продаде болницата под цената за да го ослободат од обвиненија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, и на денешната прес-конференција  побара Јавното обвинителство итно да ги провери наводите за притисок врз...

Македонија1 час

Втор смртен случај од грип: Почина 69-годишен пациент на Инфективна

Шеесет и деветгодишен пациент починал од компликации предизвикани од сезонски грип на Клиниката за инфективни болести во Скопје, соопшти директорот...

Свет3 часа

Поранешниот шеф на НАТО: Освојувањето на Гренланд би значело крај на светскиот поредок

Насилното преземање на Гренланд од страна на САД би значело „крај на светскиот поредок каков што го познаваме“, изјави поранешниот...

Македонија4 часа

Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки затекнаа инспекторите во маркетите низ државата

Приближно четириесет илјади евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција...

Свет5 часа

(Видео) Поплави во Австралија, евакуации во Сиднеј

Австралиските власти соопштија дека 20 лица се спасени од надојдени води во источната сојузна држава Нов Јужен Велс, поради обилните...

Свет5 часа

„Политико“ Европскиот парламент го замрзнува трговскиот договор со САД поради најавата за царини и барањата за Гренланд

Пратениците во Европскиот парламент нема да го одобрат историскиот трансатлантски трговски договор откако американскиот претседател Доналд Трамп најави нови царини...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче и Заев сакале да му ја земат болницата на Жан Митрев, Обвинителството да истражи, порача Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција обвини дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран...

Македонија23 часа

Филипче го повика Жан Митрев да оди кај обвинител и да поднесе кривична, најави и тужби: „Ова не е политика, сега ќе ги тужам“

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција обвини дека ВМРО-ДПМНЕ спроведува, како што рече, јавен линч против него преку лаги,...

Македонија23 часа

Вандализиран паркот „Бановина“ во Аеродром – искршена урбаната опрема, оштетена фонтаната, а провалено е и во чуварската куќа

Општина Аеродром најостро го осуди вандалскиот чин што се случил синоќа во паркот Бановина, каде што била сериозно оштетена јавната...

Топ1 ден

Обвинение за помагачите во бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена на Народен фронт

Обвинителството поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители се товарат за помагање, во случајот со 18-годишникот од Скопје...

Македонија1 ден

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории,...

Свет1 ден

„Не го чепкајте Гренланд“: Масовни протести во Данска и Нуук против плановите на Трамп

Големи протести против најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд се очекуваат денеска во повеќе градови во...

Свет1 ден

Украинска делегација заминува во САД за појаснување на условите за можен мировен договор со Русија

Украинските преговарачи патуваат во Соединетите Американски Држави за да ги разјаснат условите за евентуален мировен договор со Русија, изјави претседателот...

Спорт2 дена

Македонија со пораз од Данска го започна Европското првенство

Ракометната репрезентација на Македонија, со пораз го започна настапот на 17-то Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Во првото...

Свет2 дена

Италијански министер ги исмева европските сили во Гренланд: „15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“

Италија одби да се придружи на европската мисија во Гренланд, а министерот за одбрана на земјата, Гвидо Кросето, отворено ја...

Свет2 дена

Трамп им се закани на сите земји кои нема да го поддржат за Гренланд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД...

Македонија2 дена

МВР ќе ги тестира поставените камери: од 20 до 31 јануари на местата каде ќе се вршат активностите, нема да биде дозволен сообраќај

Министерството за внатрешни работи известува дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се...

Македонија2 дена

Ја удирал по главата и телото, ја давел за вратот и скршил ребро: скопјанец осомничен за физички напад и загрозување на сигурноста на жена

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично...

Македонија2 дена

Mицкоски очекува добри вести во наредните денови од САД

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува наскоро добри вести за македонските граѓани од САД. Тој појасни дека суспендирањето на визите...