Економија
Федекс објави воздржана прогноза
Американскиот гигант за логистички услуги FedEx објави воздржана прогноза за работењето во 2012 година, истакнувајќи дека економското заздравување е послабо отколку што се очекуваше.
Во FedEx појаснуваат и дека поскапото гориво ги поттикнало корисниците на неговите услуги почесто да ги испраќаат пратките со копнен сообраќај отколку со воздушен.
Компанијата, сепак, остварила посилни деловни резултати во фискалниот трет квартал заклучно со крајот на февруари, со повеќе од удвоена нето добивка на 521 милиони долари и зголемени приходи од продажбата за повеќе од девет отсто. Истакнуваат, притоа, и дека во тековниот квартал овие параметри изгледаат посилни.
„Четвртото тримесечје досега уште е многу добро, но моментално забележуваме дека економијата не е онака силна како што се надевавме пред една година. Стопанското опкружување и прилагодливоста за којашто сме сведоци на нашите најскапи услуги поради високите трошоци за горивото, донекаде го кочат залетот“, рекол финансискиот директор Алан Граф во телефонски разговор со економските аналитичари, пренесува Reuters.
И покрај темните прогнози на компанијата, аналитичарите сметаат дека FedEx е добро позиционирана компанија.
„Ова е многу добра година за FedEx иако отоврено зборувајќи, поточно не е нивната најдобра година. Постојат многу потенцијали за раст во компанијата“, изјави Арт Хатфилд, директор за истражување во компанијата „Morgan Keegan“ од Мемфис.
Американската логистичка компанија има статус на сигурен навестувач на претстојните економски активности, имајќи предвид дека транспортира низ светот широка палета артикли, од мобилни телефони до лекови и финансиски документи.
FedEx ја намали својата процена за раст на светската економија во 2012 година на 2,3 отсто, од претходно прогнозираните 2,9 отсто./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари
Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство.
Економија
Отворен Економскиот бизнис форум помеѓу Северна Македонија и Словачка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје, заедно со министерот за финансии на Словачката Република, Ладислав Каменицки, го отвори Економскиот бизнис форум помеѓу Република Северна Македонија и Словачката Република, на кој присуствуваа голем број домашни и словачки компании.
„Настанот, организиран од двете министерства со вклученост на повеќе економски институции, беше одлично посетен од претставници на стопанските комори и бизнис-заедницата. Присутните имаа можност за директни средби и вмрежување со словачките компании од секторите енергетика, градежништво, здравство и медицина, туризам, ИКТ, трговија и други услужни дејности“, соопштија од Министерството.
Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува потврда не само на политичката блискост меѓу двете држави, туку и на заедничката верба во силата на економското партнерство.
„Економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика – таа е нејзино јадро. Силните политички односи мора да бидат придружени со силни економски темели“, нагласи Муцунски, изразувајќи благодарност до словачките партнери и компании за нивното присуство, кое, како што посочи, претставува знак на доверба.
Тој истакна дека Северна Македонија нуди стабилност, отвореност и предвидливост како основа за инвестирање, при што континуираното усогласување со европското законодавство претставува заложба за транспарентност и правна сигурност. Посебно ги нагласи потенцијалите во автомобилската индустрија, производството на компоненти, ИКТ-секторот, обновливите извори на енергија и агробизнисот.
Министерот посочи дека достигнувањата на Словачка во автомобилското производство, иновациите и енергетската транзиција создаваат природна основа за продлабочување на партнерството преку заеднички инвестиции, интеграција на синџирите на снабдување и трансфер на технологии.
Во рамки на форумот беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Северна Македонија и словачката агенција SARIO, со што се отвора дополнителен простор за директна институционална соработка и заедничка промоција на економските потенцијали.
Муцунски истакна дека Владата останува цврсто посветена на поддршка на бизнис-заедницата преку дипломатската мрежа, институциите за промоција на инвестиции и механизмите за олеснување на трговијата, со цел идентификување нови можности и отстранување на административните пречки.
Форумот, како што беше оценето, претставува конкретен чекор кон продлабочување на економската соработка и создавање нови можности за инвестиции, иновации и одржлив раст во интерес на двете држави.
Економија
Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска со донација за погодените семејства од поплавите во Кичево
По поплавите во Кичево што доведоа до евакуација на околу 250 луѓе од 63 домаќинства, компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорност преку донација на средства за лична хигиена за лицата кои се привремено згрижени во градската спортска сала „Христо Узунов“.

Пакетите, кои содржат основни производи за секојдневна хигиена, како и вода и храна се наменети за најзагрозените домаќинства со цел да им помогнат полесно да се справат со последиците од природната непогода.


Со оваа хуманитарна иницијатива, компанијата испраќа силна порака за солидарност и поддршка во моменти кога заедништвото е најпотребно, останувајќи доследна на својата општествено одговорна мисија.
(ПР)

