Македонија
Три спортски настани за 13 Ноември
Утре со почеток во 18 часот на Плоштадот „Пела“ ќе се одржи спортската манифестација „Ноќна атлетска трка низ улиците на Скопје“
За првите пет во во категориите на 3600 метри во машка и женска конкуренција, обезбедени се пригодни награди, а ќе бидат наградени и првите тројца мажи и жени на 1200 метри.Еден час подоцна, како и на „Ноќна атлетска трка низ улиците на Скопје“, со старт на плоштадот „Пела“ ќе биде означен почетокот на првата „Ноќна велосипедска трка низ улиците на Скопје“.За првите седуммина од сениорската трка во категоријата мажи ѓе бидат обезбедени награди, како и за најдобрите од категоријата жени и четворицата најдобри велосипедисти.Во малата сала на Спортската арена „Борис Трајковски“, во 11 часот во рамките на Меѓународниот традиционален боксерски турнир „Златен гонг“ ќе бидат одржани финалните борби по категории.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Меџити на средба со Касами: Вложуваме во Тетово и овозможуваме забрзан развој и решавање на проблемите на населението
Денеска првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ја посети општина Тетово каде оствари средба со градоначалникот Биљал Касами.
На средбата се разговараше за проектите што се доделени на ова општина од страна на Владата и конкретно од Министерството за животна средина. Дел од проектите се во тек на реализација, а за дел од нив постапките се започнати.
Во ова насока, Меџити информираше дека во Буџетот за 2025 година на Министерството за животна средина и просторно планирање за општина Тетово се обезбедени средства за реконструкција на водоводна мрежа с.Порој во вредност од 25 милиони денари и поставување на заштитна ограда на река Пена на незавршениот дел во Тетово со вредност од 9 милиони денари и дополнително од средствата од заемот од Европска инвестициона банка општина Тетово ќе добие 64 милиони денари со кои во текот на 2025 година ќе започне реконструкцијата на доводен цевковод за водоснабдување на градот.
Исто така, од Програмата за користење на средства за капитални дотации до единиците на локалната самоуправа за инфраструктурни проекти од областа на животната средина и просторно планирање за 2024 година на општината ѝ се доделени нешто над 15 милиони денари за реконструкција и проширување на примарна водоводна мрежа за населба Вонвардарска во Тетово и околу 65,5 милиони денари за реконструкција на доводен цевковод на водоснабдителен систем на град Тетово од извор на Попова Шапка до резервоар во Тетово. Вкупната вредност за реализација на овој проект изнесува 140.7 милиони денари.
„Во рамките на Регионалниот проект за цврст отпад со поддршка од Европската банка за обнова и развој за Тетово регион е во постапка на реализирање проектот за изградба на трансфер станица за Тетово што ќе служи како помошна инфраструктура за собирање на отпадот, кој потоа ќе биде транспортиран до регионалната депонија Русино. Се очекува за неколку недели да се потпише договор со најповолна компанија. Исто така, ќе се реализира набавка на опрема за собирање на отпад и опрема за Трансфер Станицата/Полог, со што ќе се обезбеди опрема за селекција на отпад на домаќинставата во целиот регион, набавка на камиони за транспорт на отпад, според барањата и потребите на секоја општина, како и набавка на опрема за трансфер станица за отпад. Во рамките на овој проект, за Општина Тетово ќе се набават 10.492 канти од 120 литра и 120 контејнери, како и набавка на 9 камиони за транспорт на отпад“, истакна Меџити.
Во рамките на проектот ЕУ за чист воздух кој се реализира со помош на европски средства планирана е промена на нееколошки грејни системи во 15 јавни објекти во Тетово.
На општина Тетово од Програмата за користење на средства за капитални дотации до единиците на локалната самоуправа за инфраструктурни проекти од областа на образованието и науката за 2024 година, исто така ѝ се доделени средства во висина од 148,5 милиони денари за изградба на сосема нов објект за средното техничко училиште Ѓоце Стојчевски. Училиштето ќе биде ќе има три спрата – приземје плус 2 ката и ќе се гради фазно. Во моментов проектот е во фаза на избор на изведувач за реализација.
„Овие се само дел од проектите за Тетово за кои обезбедивме средства за реализација. Несомнено овие проекти ќе овозможат забрзан развој на Тетово како многу важна општина и ќе овозможат решавање на проблемите со кои се соочуваат граѓаните за кои минатата власт немаше слух. Истите ќе влијаат на развојот на образованието, економијата, патната и подземната ифраструктура, спречување на загадувањето на воздухот и ќе ја подобри социоекономската состојба на граѓаните“, изјави Меџити.
„Денеска имав чест да не посети во Општина Тетово првиот вицепремиер Изет Меџити, со кого разговаравме за сите проекти на кои општина Тетово работи цело време, а кои се поддржани од Владата на Северна Македонија. Во текот на изминатите години работев со многу пречки и опструкции од страна на претходната Влада, додека сега благодарение на оваа Влада, ги придвижуваме проектите. Ги повикувам сите градоначалници на полошките општини да ги подготват документите и да аплицираат со конкретни проекти и во соработка со владата да ги реализираат истите за доброто на граѓаните!“, изјави градоначалникот на Тетово, Биљал Касами по средбата со Меџити.
Македонија
Најотворана веб страница во Мала Речица е таа на Стејт департментот, секое утро проверуваат да не имаат некој член на црна листа, велат од ВЛЕН
„ДУИ е прва партија на Албанците која ги оддалечува Албанците од нивните западни стратешки партнери, заради својот криминал и корупција. Очајнички се обидите на ДУИ да ги оцрни функционерите во Владата дека работат на некакви туѓи агенди кои ја оддалечуваат Македонија од патот кон еднаква и стабилна држава“, велат од ВЛЕН.
„Да се потсетиме дека најголемиот спроведувач на агендата за Српски свет беше минатата Влада на ДУИ кога жилаво се бореше да преживее Отворен Балкан иако Албанија ја напушти иницијативата по случувањата на Косово.
Да се потсетиме дека Бујар Османи беше прв министер што бил домаќин на Сергеј Лавров на европско тло.
Да се потсетиме дека функционерите на ДУИ во изминатите години се заблагодаруваа на Србија и Вучиќ за тоа што им ја покрива неспособноста при набавка на вакцини и гас.
Да се потсетиме дека Артан Груби и Рамиз Мерко се на црна листа на Америка поради уривање на правната држава, а со себе ги повлекоа и своите фамилии. Најотворана веб страница во Мала Речица е таа на Стејт департментот. Секое утро проверуваат да не имаат некој член на црна листа.
Да се потсетиме дека ДУИ е партијата која зема пари за фиктивни лиценци за игри на среќа од разни балкански криминалци. Партенери им се луѓето од српското подземје.
Работењето на ДУИ е целосно во спротивност на препораките од стратешките партнери на Македонија, ЕУ и САД. Се почесто ДУИ се поистоветува со делувањето на Левица. Седењето еден до друг во собраниските клупи очигледно ги доближува.
Интепелациите на ДУИ се смешни. Жално е на кое ниво падна партијата одејќи по паметот на Артан Груби и Бујар Османи. На Албанците во Македонија им треба сериозна опозициска партија, а не криминална структура која е спремна секого да продаде во обид да се заштити“, соопшти ВЛЕН.
Македонија
Николоски се сретна со австрискиот амбасадор Памер: тема на разговорите нови авиолинии и зголемување на економската соработка
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска остави работна средба со амбасадорот на Австрија во Македонија, Мартин Памер.
На средбата се потврдија добрите билатерални врски меѓу двете земји, со посебен акцент на развивање на економските односи.
Вицепремиерот Николоски ги презентираше условите за инвестирање во земјава, притоа на средбата се разговараше и за повикот на нови авиолинии што Министерството за транспорт го објави како и за можноста за дополнително поврзување меѓу двете земји.
Исто така вицепремиерот Николоски ги презентираше и плановите за реализација на крупни капитални проекти во делот на патната и железничката инфраструктура и ја искористи можноста да ги повика сите квалификувани компании да учествуваат на јавните повици.
„Остварив одлична средба со амбасадорот Памер. Ги презентирав нашите инвестициони планови за развој на инфраструктурата на коридорите 8 и 10. Имаме одлични односи со Австрија и во духот на тие односи соработката меѓу двете земји продолжува“, истакна по средбата вицепремиерот и министер за транспорт Николоски.