Македонија
Изгоре фирма до О.У. „Коле Неделковски“
Бараката на градежната фирма „Самарија“ која се наоѓа до дворот на О.У. „Коле Неделковски“, денес во 11 часот изгоре во пожар, најверојатно од дотраена инсталација, како што не информираа од Противпожарната станица
Нема настрадани, а причинета е голема материјална штета во пожарот што денеска целосно ги уништи канцелариите на фирмата „Самарија“, лоцирана на улица Антоние Грубишиѓ до дворот на училиштето „Коле Неделковски“ во центарот на Скопје.Пожарникарите интервенирале околу 11,00 часот и за кратко време го изгаснале пожарот. Причинета е голема материјална штета, а покрај самата барака, зачадено беше едно возило кое е паркирано до бараката, а изгорени беа и жиците од бандерата веднаш до бараката. На местото на настанот беше присутно полициско комбе со двајца полицајци во униформи кои го обезбедуваа местото.Според противпожарната служба, помал пожар во канцелариите на фирмата на улицата „Антонио Грубишиќ“ имало и на почетокот на оваа недела.На местото на настанот пристигна екипа од криминалната техника која фотографираше и вршеше увид на настанлот. Истрагата треба да ги утврди причините за пожарот, а неофицијално станува збор за дотраена инсталација
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.