Македонија
Иванов и Папандреу се сретнаа во Копенхаген

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов попладнево се сретна со грчкиот премиер Јоргос Папандреу на маргините на Самитот за климатски промени што се одржува во Копенхаген, јави телевизијата Алсат-М.Според информациите на телевизијата, Иванов на кратката средба го поздравил
Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов попладнево се сретна со грчкиот премиер Јоргос Папандреу на маргините на Самитот за климатски промени што се одржува во Копенхаген, јави телевизијата Алсат-М.
Според информациите на телевизијата, Иванов на кратката средба го поздравил воспоставениот дијалог меѓу двете држави и изразил надеж дека тој ќе придонесе за поголема доверба и подобро разбирање меѓу двете страни.
Оваа комуникација несомнено ќе биде зголемена после визната либерализација, констатираше претседателот Иванов.
Иванов својата подготвеност за отворена комуникација веќе неколкупати ја потврди со поканата што ја упати до неговиот грчки колега Каролос Папуљас за заедничка средба. Според него ваквата средба ќе придонесе за релаксирање на политичките односи меѓу двете земји.
Во таа прилика Иванов истакна дека проблемот што Грција го има со нашето име е последица на некои стари времиња и стари предрасуди.
Можното одржување на средбата меѓу Иванов и Папандреу утринава ја најавија грчките медиуми, кои информираа дека таа е по иницијатива на Папандреу, што е дел од неговата тактика за почести контакти со македонскиот државен врв.
Македонскиот претседател Иванов вчера се обрати пред претседателите на државите и владите на Конференцијата за климатски промени во Копенхаген./крај/ал/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Сопиште, Студеничани и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од селото Света Петка (општина Сопиште);
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците дел од селото Маркова Сушица (општина Студеничани);
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците дел од улиците 100,21,23,83 (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила времето на чекање за влез во државата е околу 30-45 минути, на ГП Богородица за излез е околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска и утре поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.