Свет
Интервју со Иранката што треба да биде каменувана
Иранката осудена на смрт со каменување која наиде на силни меѓународни осуди, за државната иранска телевизја јавно ја признала прељубата и убиството на мажот
Во интервјуто кое било емитувано во средата навечер, Сакине Мохамади Аштиани го критикувала својот адвокат бидејќи му дал преголем публицитет на целито случај и оценила дека со тоа е нанесен голем срам на нејзината фамилија.Меѓународната комисија против каменувањето која е органзиација за заштита на жените особено во арапскиот свет, емитувањето на телевизиското интервју го оцнило како „отровна пропаганда“ Инаку како што забележува дописникот на Agence France Presse, Аштиани претходно го отфрлаше обвинението за прељуба. Исто така, се додаа и дека вистинскиот идентите на жената која го давала итнервјуто не било можно да се провери, бидејќи таа цело време била покриена со шамија. Аштани во итнервјуто инаку опишувала како ја почнала врската со роднината на нејзиниот сопруг и објаснила дека мислела дека роднината „се шегува“. „Подоцна дознав дека убивањето е ногова професија. Го уби мојот сопруг со струен удар“, рекла Аштани, додека обвинителот кој имал изјава во емисијат тврдел дека таа мажот си го онеспособила со анестетик и онесвестен тогаш „вистинскиот убеиц го убил со струја“. Останува нејасно дали споменуваниот роднина е уапсен.Четририесет итри-годишната Аштиани е мајка на две деца, 22-годишен син и 17-годишна ќерка. Таа веќе е казнета со 99 удари со камшик заради незаконската врска со два мажа. Камеувањето е одложено додека судот повторно не ја разгледа пресудата. Инаку таа е прогласена за виновна и осуден во 2006 г. Во меѓувреме Бразил и официјално на осудената Иранка и понуди политички азил, но властите во Техеран се уште не се изјасниле.Бразилскиот министер за надворешни работи Селсо Аморим во среда на иранските власти им исрпати порака во која се нагласува дека ова би можело да биде добра прилика Техеран да покаже хуманост и да и овозможи на Аштиани да дојде во Бразил. Оваа понуда и официјално вчера била врачена од страна на бразилскиот амбасадор во Техеран. Бразил со Турција се двете држави кои се своевидини застапници на западните држави во преговорите со Иран околу неговата контроверзна неуклеарна програма.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

