Македонија
Козметичарите бараат измени во Законот за јавно здравје
Здружението на козметичари на Р. Македонија заедно со Занаетчиската Комора бараат измени во некои делови од Законот за јавно здравје и го повикуваат Министерот за здравство, Бујар Османи да ги сослуша нивните барања
Виолета Марковиќ, претседател на козметичарите на Р.Македонија заедно со Снежана Денковска извршен директор на Занаетчиската комора и Никола Петров претседател на Занаетчиската комора апелираа до Министерот за здравство, Бујар Османи да ги сослуша нивните барања и да наидат на заедничко решение во врска со Законот за јавно здравје кој беше донесен на собраниска седница на 11 февруари 2010 година. „Министерството за здравство има посебен ресор, ние сме козметичари, ние не лекуваме ние негуваме и разубавуваме, тука е клучната разлика за она што го бара министерството.“, рече Марковиќ и додаде дека Законот за јавно здравје се врши упад во законската регулатива на занаетчиството која е посебна област, а со тој упад се задолжува занаетчијата во овој случај козметичар, својата дејност да ја врши со дозвола на Министерството за здравство.Како конкретен проблем на јавното здравје кои ги наведе Министерството за здравство за оваа дејност го вклучува и солариумот.За тој проблем од Здружението на козметичари велат дека солариумот во согласнот со националната законска рамка може да се користи во козметички салони.„Солариумот во националната законска рамка, конкретно во дејности, ние имаме ставено дека може да се користи во козметичко студио, тоа е веќе од оној стручен аспект.“, рече Марковиќ. Здружението на козметичари заедно со 97 претставници на козметички салони вчера одржале состанок и најавија дека имаат многу прашања до Министерството, тие исто така истакнаа дека поканиле претставници од Министерството за здравство на разговор со козметичарите но, никој не се појавил.Во Здружението моментално има над 150 козметички салони на ниво на Скопје и над 300 на ниво на цела Македонија и тие целосно стојат зад овие барања на Здружението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)
Македонија
Облачно со повремени локални врнежи од снег
Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 2 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со пораст на температурите. До сабота ќе се задржи претежно стабилно време, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

