Свет
Искра Џамбазова ќе одговара кривично и прекршочно за сообраќајката

Позната водителка Искра Џамбазова добила две пријави од полицијата за сообраќајната несреќа што ја предизвикала на 22 мај годинава, кога со своето возило удрила едно момче пред Градскиот трговски центар, а потоа побегнала информира МВР.
Позната водителка Искра Џамбазова добила две пријави од полицијата за сообраќајната несреќа што ја предизвикала на 22 мај годинава, кога со своето возило удрила едно момче пред Градскиот трговски центар, а потоа побегнала информира МВР.
Кривичната пријава била поднесена за загрозување на безбедноста во сообраќајот, а прекршочната за омаловажување полицајци.
Според полициски извори, во Градската болница, каде што Џамбазова била однесена по настанот, бил утврден висок промил на алкохол во нејзината крв. Џамбазова, според кажувањата на пријатели на повреденото момче, со својот џип „сузуки“ удрила во нивниот дваесет и четиригодишен пријател, на пешачкиот премин пред влезот во Градскиот трговски центар. По сообраќајката што ја предизвикала таа избегала. Не е јасно зошто полицијата не ја гони и за недавање помош лице повредено во сообраќајка што исто така е кривично дело.
– Беше околу 1.30 часот кога минувавме на пешачкиот премин. Наеднаш на нас со огромна брзина налета џип „сузуки“. Удри во еден наш другар и веднаш потоа избега кон Собранието. Не знаевме дека зад воланот е Искра Џамбазова. Другарот веднаш го однесовме во Градската болница. Лекарите утврдија повреда на рамото и набиени ребра – изјави еден од другарите на повредениот.
Џамбазова била најдена кратко време потоа, кога момчињата случајно го виделе нејзиниот џип паркиран пред кабарето „Мода“. Биле повикани полицајци, кои кога дошле по неа во локалот, но таа почнала да ги навредува. Сепак, тие успеале да ја наговорат да дојде со нив во полициска станица, од каде што потоа била однесена на алкотест во скопската Градска болница.
A. Б.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Дали знаете зошто папите не ги користат своите вистински имиња за време на службите

Американскиот кардинал Роберт Франсис Превост е избран за 69-ти поглавар на Католичката црква. Тој го избрал Лав XIV како свое папско име.
Но, дали всушност знаете зошто папите ги менуваат своите имиња кога се избрани? Станува збор за – традиција што трае веќе 470 години.
Иако не е задолжително да ги менуваат своите имиња, новоизбраните папи во повеќето случаи го земаат името на својот предок, изразувајќи ја со тоа својата желба да го следат нивниот пример. Овој преседан го постави првиот папа. Свети Петар чие родено име беше Симон. Новото име може да означува и „ново раѓање“ на почетокот на папството.
Со изборот на името Лав, новиот папа им се придружи на 13-те претходници кои го носеа истото име. Меѓу нив е и Лав XIII, познат по својот реформистички дух и неговата енциклика Rerum novarum од 1891 година, во која се нагласуваше човечкото достоинство и достоинството на работата. Свештеникот Кристофер Робинсон од Универзитетот ДеПол истакна дека ова е основата на современото социјално учење на Црквата. „Со изборот на името Лав XIV, тој ја покажува својата посветеност на општественото учење на Црквата кое го зацврстил Лав XIII“, рече свештеникот и експерт за Ватикан Томас Рис.
Папската историја изобилува со примери за такви симболични избори. На пример, папата Франциско, роден како Хорхе Марио Берголјо, го избрал своето име по Свети Франциск Асишки, „човек на сиромаштија, мир и љубов кон творението“, велејќи дека сонува за Црква „која е сиромашна и за сиромашните“.
Последниот папа со името Лав бил Лав XIII, чие вистинско име било Џоакино Винченцо Рафаеле Луиџи Печи.
Свет
Мексико го тужи Гугл за промена на името на Заливот во Американски Залив

Мексико го тужи интернет гигантот Гугл поради промената од Мексиканскиот Залив во Американскиот Залив на неговата услуга „Мапи“, изјави вчера мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум.
Претседателката го објави ова за време на нејзината дневна прес-конференција, но не сподели многу детали за тужбата. Гугл сè уште не го коментираше случајот.
Во февруари, Гугл го промени името на Мексиканскиот Залив во Американски за американските корисници на својата услуга „Мапс“ откако американската влада еднострано го преименуваше водно тело. Корисниците надвор од САД ќе ги видат обете имиња.
Европа
Илјадници протестираа во Словачка. „Фицо го помина Денот на победата со воен злосторник“

Неколку илјади демонстранти вчера излегоа на улиците на словачкиот главен град Братислава и други градови за да протестираат против посетата на премиерот Роберт Фицо на Москва.
Фицо присуствуваше на годишната руска воена парада по повод победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија. Додека поголемиот дел од Европа ја одбележа годишнината завчера, Русија секогаш ја одржува својата парада на победата на 9 мај. Фицо беше единствениот лидер на земја-членка на Европската Унија што присуствуваше на настанот и беше критикуван за неговиот проруски став.
Најголемиот протест се одржа во Братислава. „9 мај е Ден на Европа, но не за секого. Роберт Фицо ќе го помине со воен злосторник“, објави организаторот на протестот на Фејсбук, алудирајќи на рускиот претседател Владимир Путин.
Шефицата на ЕУ, Каја Калас, исто така, остро го критикуваше патувањето на Фицо во Москва. „Секој што ја поддржува слободата, независноста и европските вредности треба да биде денес во Украина, а не во Москва. Фицо е на погрешната страна“, рече таа.
Словачкиот премиер го бранеше своето патување во пораки на Фејсбук до своите поддржувачи. Тој рече дека неговото патување е за да им оддаде почит на оние што загинаа за ослободувањето на Словачка од нацистичката власт.