Свет
Најмалку четворица загинати во судирите во Дагестан
Попладнево по локално време почина еден од ранетите за време на судирите во Кизлијарскиот регион ноќта од среда кон четвртокот со што бројот загинати се зголеми на четворица, јави РИА Новости повикувајќи се на претставник на истражните органи на Дагестан.
Попладнево по локално време почина еден од ранетите за време на судирите во Кизлијарскиот регион ноќта од среда кон четвртокот со што бројот загинати се зголеми на четворица, јави РИА Новости повикувајќи се на претставник на истражните органи на Дагестан.„Во болницата почина еден од ранетите цивили, со што билансот на жртвите од судирите во Кизлијарската област на републиката се зголеми на четири“, рече за агенцијата портпаролот на Управата за истражни дејствија на Дагестан.За време на судирот беа ликвидирани двајца припадници на милитантната група.. Претходно руските власти го потврдија загинувањето на еден војник и на двајца цивили.. Кај убиените бунтовници биле пронајдени автомат и пиштол.Еден од загинатите разбојници е идентификуван како водач на „северните бандити“ во Дагестан, Магомед Алиев.„Алиев е обучуван во Сирија, а по неговото враќање во Дагестан се приклучил на групата бунтовници предводена од неговиот постар брат Али Алиев, кој учествувал во втората чеченска војна а бил убиен за време на операција во Чеченија во 2011 година“, вели извор од безбедносните сили за РИА Новости.Руските федерални служби за безбедност соопштија дека ликвидираниот Алиев бил припадник на групата на Макач Идризов кој беше ликвидиран на почетокот од јули. Оваа група била цел на операција на специјалците бидејќи била осомничена за изнудување пари од локални бизнисмени, убиства на религиозни лидери, минирање на железницата во Дагестан, напади врз припадници на безбедносните сили./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Северна Кореја за првпат оваа година се положи заклетва на лојалност за роденденот на Ким Џонг Ун
За прв пат откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја презеде власта во 2011 година, од севернокорејските граѓани беше побарано да дадат заклетва за лојалност оваа година на неговиот роденден, соопшти јужнокорејскиот Институт за развој на југ и север (SAND) со седиште во Сеул.
Во петокот, институтот објави фотографии од текстот на заклетвата во папката, за која се верува дека е направена на 40-тиот роденден на Ким, 8 јануари, пренесува Ројтерс.
Северна Кореја никогаш официјално не го потврдила датумот на раѓање на Ким, а традиционално ваквите церемонии за заклетва се одржуваат на родендените на неговиот татко и дедо, претходни севернокорејски лидери.
Свет
Потврдено е дека во Мексико се пронајдени телата на исчезнатите туристи
Мексиканските власти потврдија дека двајца австралиски и еден американски турист, кои беа пријавени за исчезнати во северно Мексико, се мртви откако нивните тела ги идентификувале нивните родители.
Јавниот обвинител Елена Андраде им кажа на родителите и дипломатските службеници дека мексиканските власти целосно ќе се посветат на истрагата за да ги изведат одговорните за злосторството пред лицето на правдата, пренесува Ројтерс.
Телата на браќата Калум (33) и Џејк (30) Робинсон од Австралија и американецот Картер Роуд (30) беа пронајдени на дното на бунар во мексиканската држава Долна Калифорнија минатата недела, по повеќедневна потрага.
Свет
Белоруски министер за надворешни работи: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад
Министерот за надворешни работи на Белорусија Сергеј Алејник изјави дека Украина често провоцира обиди за транспорт на оружје и експлозиви на белоруска територија, што може да се користи за терористички акти во Русија.
Алејник за РИА Новости изјави дека во текот на оваа и минатата година биле запрени 40 канали за транспорт на оружје и експлозиви од Украина на територијата на Белорусија и оценил дека тоа е загрижувачка информација.
Тој додаде дека Комитетот за безбедност на Белорусија неутрализирал 20 и притворил околу 30 диверзанти кои преминале од Украина во Белорусија и подготвувале терористички акти.