Свет
Повлечени повеќе од 40 лекови за деца
Повеќе од 40 лекови за доенчиња и деца се повлечени од аптеките во САД и уште единаесет други држави, бидејќи не ги задоволуваат стандардите за квалитет
McNeil Consumer Healthcare ојбави дека се повлекуваат детските верзии на лековите Тиленол, Тиленол плус, Мотрин, Циртек и Бенадрил, по извршени консултации со американската Агенција за храна и лекови (FDA).Компанијата во обајвеното соопштение вели дека лековите се повлекуваат затао што не ги задоволуваат стандардите на квалитетот. Некои од повлечените лекарства имаат зголемена концентрација на активните супстанци отколку што било наведено во упатството издавано со лекот. Други, пак, содржеле честички, а трети неактивни суспстанци кои не ги задоволиле условите за тестирање. Од компанијата ги советувале потрошувачите да престанат да ги даваат лековите на децата за секој слулчај, но нагласува дека повлекувањето не еизнудено од појава на контраиндикацииОвие лекови се произведени и дистрибуирани во САД, а се извезуваат во Канада, Доминиканската Република, Дубаи, Фиџи, Гуам, Гватемала, Јамајка, Порторико, Панама, Тринидад и Тобаго и во Кувајт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили
Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба.
Во интервју за Форин Полиси, тој рече дека Украинците најмногу страдаат од руските ракетни напади и дека руските балистички ракети се „вистинско зло“.
Наведувајќи дека руските сили користат балистички ракети главно за напади врз енергетскиот систем на Украина, Кулеба оцени дека која било друга земја, доколку претрпи таква штета на енергетските капацитети, ќе изгледа многу полошо од Украина.
Свет
Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање
Американската полиција убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол, обвинител на таа американска држава.
Полицијата на Фејсбук соопшти дека нема повеќе осомничени и дека нема повредени „освен наводниот напаѓач“, пренесува Асошиејтед прес.
Кол одбил да одговори на прашањата на новинарите дали ученикот пукал и се обидел да влезе во училиштето.
Свет
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните власти.
Несреќата се случи вчера наутро, а по уривањето на делницата долга 17,9 метри, 23 возила паднале во провалија, јавува агенцијата Синхуа.
Претходно беше соопштено дека загинале 24 лица, а 30 се повредени.