Македонија
АЦВ:Над Скопје немаше летало – Фотографии од експлодираниот предмет
Агенцијата за цивилна воздушна пловидба(АЦВ) тврди дека во моментот на експлозијата над небото на Скопје немаше никакво летало, потврди за Макфакс портпаролот на АЦВ Лилјана Георгиева.
Агенцијата за цивилна воздушна пловидба(АЦВ) тврди дека во моментот на експлозијата над небото на Скопје немаше никакво летало, потврди за Макфакс портпаролот на АЦВ Лилјана Георгиева. Инспекторот од Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС) потврди дека не станува збор за летало, туку за инцидент во кругот на скопска Железарница. „Она што во моментот го знаеме е дека излетала некаква работа од отпадот на Макстил и експлодирала во воздух“, вели за Макфакс Томче Божиновски, инспектор во (ДЗС). Според очевидци, причина за експлозијата над скопска Железарница најверојатно е гасна боца. Истите извори, кои сакаа да останат анонимни, велат дека дошло до експлозија на гасна боца која се дигнала во воздух во висина од 200-300 метри, по што се распрскала, при што била забележана виолетова светлина. Настанот се случил утрово околу 7:55 минути. Според работник во Железарницата, до вакви експлозии може да дојде поради неправилно користење на боците, како и поради дотраеност на заштитните вентили. „Работиме на ризик. Сигурносните вентили се дотраени, а никој не сака да инвестира во модернизација на опремата“, тврди работникот. Во денешниот инцидент еден работник е потешко повреден и во критична состојба е префрлен во Градската болница. /сторија во развој/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

