Економија
Богов: Се придржувам до постапката за избор на гувернер на НБРМ

Според Законот за Народна банка (НБРМ) и деловникот за работа на Собранието не е предвидено предлогот за избор за нов гувернер да ја презентира програмата за претстојниот мандат пред Комисијата за финансирање и буџет, вели Димитар Богов, вицегувернер на НБРМ.
Според Законот за Народна банка (НБРМ) и деловникот за работа на Собранието не е предвидено предлогот за избор за нов гувернер да ја презентира програмата за претстојниот мандат пред Комисијата за финансирање и буџет, вели Димитар Богов, вицегувернер на НБРМ.
Оваа изјава на Богов следи по одложената денешна Комисија на која тој требаше да ги презентира активностите кои ќе ги превземе во наредниот седумгодишниот период како гувернер на НБ.
„Без разлика дали ми се допаѓа постапката или не, таа е таква и јас ја почитувам. Фактот што целосно се придржувам кон Законот за НБРМ и Деловникот за работа на Собранието, кои се донесени од пратениците на Собранието на Република Македонија е најдобра потврда за мојата почит кон оваа институција“, соопштува Богов.
Тој додава дека доколку биде избран за гувернер ќе продолжи со практиката за претставување на активностите на Банката пред Комисијата за финансирање и буџет.
За претседателот на Комисијата, Јован Манасијевски, неприсуството на Богов е недопустливо бидејќи досегашната практика со гувернерот Петар Гошев била да се претставуваат активностите кои ги превзема Народната банка.
„Сметаме дека таа практика со новиот гувернер ќе се продолжи, за жал ние се враќаме неколку чекори наназад. Недозволиво е да бираме шеф на монетарната власт, а тој да не ја образложи својата програма пред надлежната комисија. Излегува дека треба да бираме гувернер на слепо. Во една месна заедница кога се организираат избори кандидатот ќе се претстави и ќе каже што мисли да направи, а не шефот на монетарната власт“, изјави Манасијевски.
Од владејачката партија, пак велат дека Комисијата за финансирање и буџет била закажана без да бидат консултирани и дека на овој начин Манасијевски само сака лично да се промовира.
Манасијевски рече дека тој и неговата пратеничка група нема да учествуваат во процесот на гласање за гувернер бидејќи на овој начин не се почитува Парламентот. Освен за ЛДП и за ДУИ Богов е неприфатлив предлог за наследник на Гошев.
Минатата недела претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, го предложи Димитар Богов за нов гувернер на НБРМ. /крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Манасиевски: Македонија ќе стане транзитен центар за гас и нето извозник на струја

„Од држава што увезуваше струја и беше енергетски слепо црево, сега стануваме транзитен центар за гас и иднина на извоз на енергија – ова е енергетиката со ВМРО-ДПМНЕ,“ порача денеска Валентин Манасиевски.
Манасиевски го презентираше прегледот на првата година работа на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во секторот енергетика, потенцирајќи дека е направен радикален пресврт по, како што рече, „седум години застој и злоупотреби“.
Тој најави дека преку новите гасни интерконектори со Грција и Србија, Македонија ќе стане клучна транзитна точка за пренос на природен гас кон Србија и Средна Европа. Станува збор за гас од ТАП гасоводот и од терминалот во Александропулис, кој ќе поминува низ земјава со капацитет до 3 милијарди нормални метри кубни годишно.
„Ова значи гаранција за енергетска диверзификација на целиот регион и значително зголемување на употребата на неруски гас – американски, азербејџански и друг“, изјави Манасиевски.
„Само за една година поставивме темели за Македонија од нето увозник да стане нето извозник на електрична енергија. Следуваат големи проекти за производство на струја – фотоволтаици, хидро, ветро и нови инвестиции,“ рече Манасиевски.
Тој посочи дека новиот Закон за енергетика го поставува секторот на стабилни нозе, а новиот услов за батериски системи кај фотоволтаичните централи ќе овозможи поефикасна и стабилна мрежа.
Дополнително, тој информираше дека е инсталиран нов 400kV трансформатор во Битола 2, со што се гарантира стабилноста на југозападниот дел од државата. Концесискиот надомест за рудниците, пак, е зголемен два и пол пати, што директно го полни буџетот на државата.
„Одговорна власт значи повеќе пари за државата, не за партиски џебови“, истакна Манасиевски.
Економија
Трет ден хаос со „МојДДВ“, граѓаните револтирани, не можат да скенираат фискални сметки

Апликацијата „МојДДВ“ не функционира веќе трет ден, а револтирани граѓани масовно пријавуваат дека не можат да ги скенираат фискалните сметки и да го остварат своето право на поврат на ДДВ.
Проблемите со апликацијата започнаа уште пред неколку дена, а Управата за јавни приходи (УЈП) вчера официјално потврди дека станува збор за технички проблем и увери дека се работи на негово отстранување.
„Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање. Тоа значи дека сите сметки, кои се во рамки на овој рок, ќе можат да бидат скенирани веднаш штом апликацијата повторно биде ставена во функција“, велат од УЈП.
Од институцијата не прецизираат кога „МојДДВ“ ќе проработи, а засега корисниците се оставени да чекаат, со надеж дека нема да изгубат право на поврат на средства.
Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појавуваат реакции од граѓани кои се жалат дека изгубиле време обидувајќи се безуспешно да ја користат апликацијата. Многумина бараат одговорност и транспарентност од институциите, но и посочуваат дека слични прекини во работата на апликацијата се случуваат сè почесто.
Економија
Скенирањето сметки на апликацијата „МојДДВ“ е со прекини, УЈП извести за технички проблеми

Управата за јавни приходи извести дека мобилната апликација „МојДДВ“ во моментов работи со прекини. Тимот на УЈП интензивно работи на отстранување на проблемот, со цел апликацијата да биде целосно функционална.
„Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање. Тоа значи дека сите сметки, кои се во рамки на овој рок, ќе можат да бидат скенирани веднаш штом апликацијата повторно биде ставена во функција. Ги молиме сите корисници за трпеливост и разбирање. Тимот на Управата за јавни приходи е целосно ангажиран и работи на надминување на техничките пречки“, соопшти Управата за јавни приходи.
Од таму не откриваат за какви технички проблеми се работи, ниту пак кога очекуваат да бидат надминати.