Компании
НЛБ Тутунска банка лансираше Debit MasterCard Contactless – картичка што овозможува бесконтакно плаќање
Нова картичка Debit MasterCard Contactless со која се овозможува бесконтакно плаќање, лансираше НЛБ Тутунска банка.
Бесконтактното плаќање е нова технологија која овозможува плаќање само со доближување на картичката до ПОС терминалот, што истовремено влијае и врз поголемата сигурност на клиентите, како и поголемата брзина при плаќањето.
Покрај тоа, за суми до 750 денари, не е потребно да се впишува пинот.
По повод 30-годишнината на Банката и воведувањето на новата бесконтактна MasterCard дебитна картичка, НЛБ Тутунска банка организира наградна игра во соработка со MasterCard за сите корисници на MasterCard картичките. Наградната игра ќе се реализира во периодот од 15.10.2015 до 15.11.2015 година.
Главната награда е автомобил Mitsubishi ASX. Покрај главната награда Банката дневно и неделно ќе доделува и вредни парични награди на износи од по 3.000 мкд, 5.000 мкд, 10.000 мкд и 30.000 мкд кои ќе можат да се искористат на повеќе од 200 продажни места. За времетраење на наградната игра, ќе бидат доделени вкупнo 100 награди, од кои 99 се парични награди и една главна награда.
Право на учество во наградната игра имаат сите физички лица, корисници на НЛБ MasterCard кредитните картички и НЛБ MasterCard Contactless картичките кои во периодот од 15.10.2015 до 15.11.2015 година ќе направат најмалку една трансакција на износ еднакoв или поголем од 500,00 МКД. Трансакцијата треба да биде реализирана на ПОС терминал во било кое продажно место во земјата или преку Е-commerce.
Како дополнителна промотивна поволност за времетраење на наградната игра, НЛБ Тутунска банка сите картички од програмата на MasterCard, ќе ги одобрува без членарина за првата година на користење. /крај/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

