Македонија
Нов обид да почне судскиот процес за потонувањето на “Илинден“

Судскиот процес за потонувањето на бродот „Илинден“ треба да почне денеска во Основниот суд во Охрид, јавува Охридњуз
Поради недоаѓање на второ обвинетиот Бранко Баиќ, претставник на осигурителната компанија „Лојд“, кој живее во Белград, Србија, досега двапати беше одложуван почетокот на судењето за најголемата бродска несреќа во историјата на Македонија. Иако бил уредно поканет, тој не се појави на претходните две рочишта, поради што Обвинителството побара нему да му се суди во отсуство.За трагедијата што се случи на 5-ти септември 2009 година, во која животот го загубија петнаесет бугарски туристи, обвинет е и капетанот на бродот „Илинден“, Сотир Филески Тој, како и претставникот на „Лојд“ се товарат за предизвикување тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.Истрагата за бродската несреќа во која беа вклучени експерти од земјава и странство траеше повеќе месеци, а како најверојатна причина за несреќата се посочува механички дефект, кој го дестабилизирал бродот, а патниците ги зафатила паника, што придонело тој да потоне за само неколку минути. Во моментот на несреќата на „Илинден“ имало 53 патници, туристички водич и двајца членови на екипажот кои заедно со посадите на бродовите „Александрија“ и „Кристина“ кои веднаш пристигнале на помош, успеале да спасат многу животи. За храброста спасителите беа одликувани од општината Охрид и од Република Бугарија.Паралелно со македонските, истрага спроведоа и бугарските власти, кои покренаа обвинение против организаторите на туристичкото патување во Охрид, кое било проследено со низа пропусти. Поради тоа судот во Димитровград го казни организаторот на туристичкото патување на бугарските граѓани со 2250 евра и двегодишна забрана за вршење дејност. Бугарија истрага најави и против одговорни институции и поединци во Македонија, но откако ќе заврши судскиот процес во Охрид.Семејствата на бугарските туристи, кои настрадаа во потонувањето на бродот „Илинден“ во водите на Охридското Езеро на 5-ти септември 2009 година, бараат отштета од половина милион евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Шукова: Време е за резултати уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека Скопје мора да се гради со дела, а не со празни зборови.
„Вечерва не сум тука само како кандидатка за градоначалничка на Скопје. Тука сум, пред сè, како човек што верува во овој град и во луѓето што го прават Бутел дом,“ изјави Шукова.
Таа се осврна на реалните проблеми со кои се соочува општината запуштеното корито на Серава, недоволната инфраструктура, недостигот на јавен превоз и дотраената водоводна мрежа и истакна дека решенијата веќе се подготвени.
„Серава ќе стане место на кое ќе се гордееме уредено корито, пешачки и велосипедски патеки, зелена зона за сите. Новите паркови и 10.000 засадени дрвја ќе го вратат сјајот што Скопје го имаше пред децении,“ нагласи таа.
Посебен акцент стави и на водоснабдувањето и инфраструктурата:
„Денес, 60 проценти од питката вода се губи во системот. Време е за модернизација и стабилно снабдување со вода за секој дом. Новите мостови, клучки и булевари ќе го поврзат Бутел со целиот град и ќе овозможат безбедно и побрзо движење,“ рече Шукова.
Таа потсети дека во изминатите години градот беше заложник на неработење и популизам:
„Четири години ВМРО-ДПМНЕ ги запоставуваше општините. Време е за резултати, а не за слики и празни зборови. Половина од нашите проекти може веднаш да се реализираат,“ додаде таа.
Во својот говор, Шукова повика на единство и одговорност:
„Бутел не смее да биде изолиран. Бутел е почетна точка на модерното Скопје место каде што се инвестира, се гради и се слуша секој граѓанин.“
Македонија
Претежно облачно со врнежи од дожд, повремено пообилни

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови, каде се очекува локално да наврнат и над 25 l/m²дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Потоа следува претежно стабилно време со потпросечни температури за овој период од годината.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.