Контакт

Македонија

Анкета: Владата добро работи за исполнување на условите за влез во ЕУ

Објавено пред

Како и при секој претходна анкета, огромен процент од македонските граѓани сметаат дека Република Македонија треба да влезе во Европската Унија, покажуваат резултатите од телефонската анкета на „Транспарентност – Нулта корупција“

dobivaj vesti na viber

Резултатите од анкетата покажуваат дека 58 отсто од испитаниците во анкетата сметаат дека Владата на премиерот Никола Груевски добро работи за да ги исполни условите за почеток на преговорите за членство.Како што се забележува во презентираните податоци на „Транспарентност – Нулта корупција“, 56 отсто од испитаниците не се информирани за вистинсктие приоритети за членство во ЕУ и обврските што ги има државата кога би станала полноправна членка на Унијата, а повеќе од  53 отсто од анкетираните македонски граѓани не знаат кои услови треба да ги исполни државата за да ги започне преговорите за членство, наспроти 47 проценти од оние кои се информирани за тоа што треба Република Македонија треба да исполни. Што може да се толкува и како недоволен маркетинг во однос на презентирањето на приоритетите за членство во ЕУ, но  и како медиумски партиски дневно-политички маркетинг. Притоа видливо е дека отсуствува прашањето , како граѓание се информираат за она што Европската Унија го бара од Република Македонија.Инаку, со анкетата под наслов „Македонија и Европската унија“, спроведена во април, биле опфатени 380 лица од територијата на целат држава, а спроведена телефонски.Како најсоодветна метода за собирање на податоците, а во исто времезачувување на анонимноста на одговарателот, бил одбран телефонскиотконтакт при избор на случајни телефонски броеви. Овој метод дозволувапоголема флексибилност заради краткото време, што им се одзема наиспитаниците, се информира во дообјаснувањето на анкетата од страна на „Транспарентност – Нулта корупција“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ВЛЕН: ДУИ нон грата крадеше и во пописот на населението, милиони евра во нивните џебови

Објавено пред

„Кога зборуваме за корупција, мислиме на ДУИ нон грата. Корупцијата не е болест, туку ноторна појава која е присутна во едно општество како резултат на ненаситни и деструктивни луѓе“, соопшти ВЛЕН.

dobivaj vesti na viber

„Претходната власт, особено партијата на црната листа ДУИ, исто така го злоупотреби процесот на попис на населението. И во овој сложен процес ДУИ не остави без злоупотреби и преку овој процес се обиде да ги збогати своите функционери. Тие мислеа само на џебот, а не на фер процес и олеснување на процедурите за граѓаните каде што ќе им овозможат на сите да се попишат. Потсетуваме, во овој период директор на Државната агенција за статистика беше Апостол Симовски, додека заменик директор беше Илми Селами од редовите на ДУИ, но во овој случај во процесот на регистрација тие имаа обврзан потпис.

За процесот на регистрацијата обезбедени се буџетски средства во износ од 7,9 милиони евра, од кои 49% од трошоците се наменети за техничка опрема, поточно за набавка на лаптопи.

За потребите за регистрацијата, на јавниот тендер се побарани 5.650 лаптопи со вкупна вредност од 3,9 милиони евра, под услов веднаш да се испорачаат.

На вчерашната прес-конференција обелоденивме шокантни детали за тоа како ДУИ го спроведе процесот на регистрација, но партијата нон грата продолжува да молчи.

Ваквиот начин на спроведување на постапката за јавна набавка, со приложување на анекси кон основниот договор со кои се менуваат условите и роковите за реализација на договорот и времето на плаќање предвидено во тендерската документација, без професионално и соодветно прифаќање на лаптопите, не обезбедува целосна транспарентност на постапката и не овозможува фер конкуренција на сите оператори. Во овој случај имаме работа со прекршување на законот. Како што потврди Државната ревизија, во овој случај имаме повреда на постапките за јавни тендери.

Прашуваме како се дрзнале да примат/испорачаат 5.650 лаптопи знаејќи дека немаат соодветна експертиза.

Коалицијата ВЛЕН ќе ги демаскира пред јавноста и ќе ги открие нивните вистински лица. Додека ДУИ заедно со нивните следбеници ќе остане само лоша приказна за Албанците. Партиа нон грата ДУИ освен во конкуренција за криминал во ништо друго не може да конкурира за првото место.

Коалицијата ВЛЕН најави дека нема да има компромис со оние кои се вмешани во корупција и 20 години по ред им нанесуваат штета на Албанците, затоа го повикуваме Обвинителството да ги истражи овие злоупотреби при процесот на регистрација, кои се забележани и во извештајот на Државниот Завод за Ревизија.

Лагите, манипулациите и тајните зделки, мораат да излезат на виделина. Дојде време за одговорност!“, соопшти ВЛЕН.

Прикажи повеќе...

Скопје

Комунална хигиена-Скопје подигна 𝟧𝟢 кубни метри непрописно одложен отпад во текот на изминатото деноноќие

Објавено пред

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 50 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Карпош и Гази Баба, информира Комунална хигиена-Скопје.

dobivaj vesti na viber

Повторно е интервенирано на улицата Џон Кенеди во општината Чаир, каде што се подигнати 15 кубни метри кабаст и отпад од картонски пакувања одложени на јавна површина во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“. Во оваа скопска општина се отстранети и седум кубни метри непрописно одложен градежен отпад од сообраќајна површина на улицата Цветан Димов.

Во општината Карпош се реализираа активности на булеварот Партизански одреди, каде што се расчистени приближно пет кубни метри отпад од картонски пакувања одложен на тревна површина во близина на Порта Влае.

ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на вчерашниот ден отстрани и обемна дива депонија составена од кабаст и мешан комунален отпад лоцирана на улицата Париска комуна во општината Гази Баба, извести Комунална хигиена-Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

Лимани, алатка на Мицковски или министер за граѓаните, прашуваат од ДУИ

Објавено пред

Според ДУИ, министерот за социјална политика, Фатмир Лимани, вчера покажа дека нема никакви други приоритети освен да ги спроведува наредбите на Мицковски.

dobivaj vesti na viber

Неговиот срамен потег, со кој реши да ја отвори градинката дури откако доби јавна критика од премиерот, за партијата на Ахмети е јасен доказ дека тој не е министер за децата и граѓаните, туку само политичка алатка која не работи за интересите на народот, туку за исполнување на барањата на неговиот газда.

„Ова однесување не е само личен проблем на министерот, туку и проблем на партијата која го именуваше.

Овој министер, дали е на БЕСА, или е само инструмент на Мицковски, без никаква чуство за интересите на граѓаните и децата?

БЕСА, која тврди дека ги претставува интересите на граѓаните, треба да преземе одговорност за оваа ситуација.

Дали ќе продолжат да поддржуваат министер кој е само алатка на премиерот, или ќе заземат став против ова злоупотреба на должноста и недостигот на посветеност кон граѓаните?“, прашуваат од ДУИ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет25 минути

Идентификувани првите жртви по авионската несреќа во Казахстан: Игор и Александар управувале со леталото

Од компанијата „Азербејџан ерлајнс“ се огласија по повод трагичниот настан кога патнички авион се урна вчераутро во близина на градот...

Македонија1 час

Најладно во Крушево, најмногу снег на Попова Шапка

Најладно утрово било во Крушево каде што се измерени -3 степени, 0 степени биле измерени во Битола и Берово, 1...

Свет2 часа

(Видео) Преживеаните патници слушнале експлозија пред да се урне авионот во Казахстан: „И тогаш имаше нешто како шрапнел…“

Авион на „Азербејџан ерлајнс“ се урна рано во средата во казахстанскиот град Актау, при што загинаа 38 од 67 лица...

Свет2 часа

Бајден по масовните руски напади врз украинската енергетска инфраструктура: „Зголемете ја нашата испорака на оружје“

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден му нареди на американското Министерство за одбрана да продолжи да ги зголемува испораките на...

Македонија2 часа

Забранет сообраќај за тешки товарни возила на Ѓавато и на патниот правец Тетово – Попова Шапка

Од 07:00 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато. Активна забрана за сообраќај...

Европа3 часа

Необичен настан над Исланд: авионот на Туркиш ерлајнс се свртел и се вратил во Истанбул, велат ова е причината

Екипажот на авионот на Туркиш ерлајнс, кој летал од Истанбул за Сиетл, ненадејно се свртел и се вратил на аеродромот...

Свет4 часа

(Видео) Патникот кој ја снимаше внатрешноста на авионот во Казахстан го преживеа падот: објави снимка и по несреќата

Патникот кој го објави видеото од азербејџанскиот авион кој се урна во казахстанскиот град Актау, објави нова снимка на која...

Македонија21 час

Дурмиши: Ако трговците не ги коригираат цените, ќе бидеме принудени да донесеме одлука за замрзнување цени или маржи

Инспекторите од утрово прават анализи во маркетите во однос на тоа како се движеле цените на основните прехранбени производи во...

Македонија22 часа

Цените пораснаа до 25 проценти кај некои продукти, рече Мицкоски и најави реакција уште денес

На одредени продукти во маркетите цените им се зголемени до 25 проценти, изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој најави реакција од...

Македонија22 часа

Мицкоски им се извини на жителите на Арачиново и Липково: Има неодговорни градоначалници, ќе се стапи во контакт со општините за градинките

Постојат неодговорни градоначалници со неодговорни изјави, но тоа не треба да биде пречка, изјави премиерот Христијан Мицкоски во врска со...

Македонија22 часа

ВМРО-НП предлага укинување на „Државната лотарија“: Покрај сите досегашни нерегуларности во кои била вклучена институцијата, се нанесува и непотребна финансиска штета

ВМРО-Народна партија со внимание ги следи случувањата во врска со „Државната лотарија“ и во контекст на тоа предлагаме вклучување на...

Македонија23 часа

Трипуновски: Децата ги фрлаа јаболката што ги добиваа, а се потрошија над 40 милиони денари, таа мерка ќе се модификува

Мерката на претходната влада за помош на овоштарството, со која учениците и децата во градинките добиваа јаболка, сегашниот министер за...

Свет23 часа

Во авионот што се урна имало државјани на пет земји – преживеале 28 патници, меѓу нив и деца

Државјани на пет земји имало во авионот што утрово се урна во Казахстан. Во соопштението на Министерството за транспорт на...

Свет1 ден

(Видео) Се појави нова снимка од падот на авионот во Казахстан

Новата снимка од падот на авионот во Казахстан покажува дека леталото се запалило кога удрило во земјата. Khoảnh khắc máy...

Македонија1 ден

Најмногу снег во Маврови Анови, најладно на Попова Шапка

Утрово најладно било на Попова Шапка каде што се измерени -5 степени, -4 се измерени во Маврови Анови, Крушево, -1...

Свет1 ден

(Видео) Се урна патнички авион, испратил СОС-сигнал над Каспиското Море: драма во Казахстан

Се урна патнички авион на АЗАЛ кој летал од Баку за Грозни, јавува АПА. Авионот испратил сигнал „СОС“ над Каспиското...

Свет1 ден

Само оваа година во Саудиска Арабија беа егзекутирани најмалку 330 луѓе: бројот на казните нагло се зголеми, една третина се странци

Најмалку 330 луѓе беа егзекутирани оваа година во Саудиска Арабија, што е најголем број на егзекуции досега забележани, покажуваат податоците...

Свет1 ден

Данска ја зајакнува одбраната на Гренланд по изјавата на Трамп дека сака да го купи: купуваат дронови и бродови, инвестираат големи пари

Данската влада најави огромно зголемување на буџетот за одбрана на Гренланд, неколку часа откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја...

Македонија1 ден

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на неколку патни правци

Како што извести АМСМ, забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци Крива Паланка – г.п.Деве Баир,...

Европа1 ден

(Видео) Масовен руски напад врз Харков: одекнаа десетина експлозии, објавени првите снимки

Русија изврши масовен ракетен напад врз градот Харков во источна Украина, каде во средата наутро беа пријавени серија експлозии. „Од...