Свет
Стечајна судијка фалсификувала документи за државен плац
Стечајна судијка, заменик-јавен правобранител и бизнисмен, сите од гевгелиско-струмичкиот регион, се под истрага за злоупотреба на службената положба кога државата била оштетена за околу 1,7 милион денари, или околу 28.000 евра, дознава „Време“ од судски извори.
ПОЛИЦИЈАТА ВО ПОТЕРА ПО „БАЧИЛО 3“
Стечајна судијка, заменик-јавен правобранител и бизнисмен, сите од гевгелиско-струмичкиот регион, се под истрага за злоупотреба на службената положба кога државата била оштетена за околу 1,7 милион денари, или околу 28.000 евра, дознава „Време“ од судски извори.
МВР потврди дека е во тек истрага.
– Колегите работат на случајот. Во интерес на истрагата засега нема да соопштиме други детали – изјави Борче Пешевски, советник во Одделението за односи со јавноста на МВР.
„Време“ дознава дека МВР вчера веќе си ја завршиле работата. Целокупната документација му била предадена на Одделението за борба со организираниот криминал при државното обвинителство. Таму вчера било решавано дали на судот ќе му биде предложен притвор за заменик-јавниот правобранител и стечајната судијка.
Владата, како работодавец на правобранителството, вчера била информирана за истрагата против заменик-правобранителот.
Според судските извори, лани, осомничената судијка продала државен плац вреден 28.000 евра на приватна фирма од Гевгелија чиј сопственик бил нејзин близок пријател.
Кратко време по продажбата бизнисменот ја тужел државата, наводно, затоа што плацот не бил државен. Тој барал државата да му ги врати парите. Спорот го водела осомничената стечајна судијка. Таа во договор со правобранителот, направила фалсификуван документ со кој се потврдувало дека плацот не бил државен. Била донесена пресуда во корист на бизнисменот, а правобранителот не поднел жалба на пресудата.
На бизнисменот му биле вратени 28-те илјади евра.
Тој ќе биде обвинет во случајот за „поттикнување извршување на кривично дело“.
Пред неколку дена, Основниот суд Скопје 1 го тресеше афера со злоупотреба на државни пари, за настан што се случил во гевгелиско. Никола Арџанов, гевгеличанецот што добил 40.000 евра повеќе одошто требало како обесштетување за времето во кое неправедно бил држен во притвор. Тој ги вратил парите, но Врховниот суд и републичкиот судски совет и понатаму истражува можна злоупотреба на некои од актерите во тој скандал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Песков: Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија.
„Москва отсекогаш ја разбирала опасноста дека Европа се подготвува за војна со Русија и сите безбедносни мерки се преземени однапред“, рече Песков во интервју за весникот „Лајф“, пренесува РИА Новости.
Тој истакна дека зголемувањето на воените буџети на европските земји води до преоптоварување на нивните економии.
„Европските земји се залагаат за понатамошно зголемување на нивните воени буџети, дури и ако тоа ги уништува нивните економии. Ова води до економско преоптоварување и потоа ќе има посериозни последици на среден рок“, рече Песков.
Како што изјави, Москва ја дели оценката на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој изјави дека Европа јасно се подготвува за војна со Русија.
„Визијата на Москва се совпаѓа со онаа на Белград и силните промилитаристички чувства навистина преовладуваат во Европа“, додаде портпаролот на рускиот лидер.
Фото: принтскрин
Свет
Орбан до Брисел; „Нема да дадеме ниту еден денар на мигрантите“
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека земјата нема да го спроведе пактот за миграција на Европската Унија „сè додека има национална, патриотска влада“.
„Брисел издаде наредба. Пактот за миграција се активира. Би сакал да бидам јасен еднаш засекогаш: сè додека Унгарија има патриотска влада, нема да го спроведеме пактот за миграција“, рече Орбан во видео порака објавена на Фејсбук, објави MTI.
Тој нагласи дека Унгарија нема да прифаќа мигранти и нема да им даде ниту еден денар.
Пактот за миграција и азил е збир на правила на ЕУ што треба да почнат да се применуваат од јуни 2026 година, а неговата цел е да се создадат ефикасни и униформни процедури за управување со пристигнувањата, да се обезбеди фер распределба на товарот меѓу земјите-членки и да се воспостави солидарност, а во исто време да се заштитат основните права на мигрантите.
Фото: принтскрин
Свет
Европскиот комесар признава: Нема единство во одбраната на ЕУ
Обединувањето на земјите-членки на Европската Унија во областа на одбраната нема да се случи наскоро, изјави европскиот комесар за одбрана и вселена Андријус Кубилијус во интервју за „Вашингтон пост“.
„Ние сме многу индивидуални во одбраната, а обединувањето и постигнувањето нешто, е предизвик. Тоа нема да се случи наскоро, но мора да ја погледнеме пошироката слика“, нагласи Кубилијус.
Според весникот, европските членки на НАТО се навикнати да дејствуваат под водство на САД, додека во рамките на ЕУ постои ризик од борба за влијание меѓу националните влади и Европската комисија, која традиционално нема значајна улога во одбранбениот сектор.
Кубилијус истакна дека постојат неколку пречки за военото обединување на европските земји. Како што наведе, производството на опрема е „целосно фрагментирано“, земјите се навикнати да дејствуваат независно, а влијанието на ЕУ во воените прашања е „екстремно ограничено или воопшто не постои“.
„Не можете само да издадете декрет дека сите мора да дејствуваат заедно утре“, рече комесарот.
Претходно, „Вашингтон пост“ објави дека создавањето на единствена армија на Европската Унија без учество на Соединетите Американски Држави не се очекува во блиска иднина поради бројни тешкотии. Според овој весник, повлекувањето на американските трупи од одредени региони ја обнови дебатата за поголема одбранбена независност во Европа во рамките на НАТО.
Фото: принтскрин

