Македонија
Македонките не користат контрацепција
Најновото истражување покажа дека над половина од македонските жени не користат никакви средства за контрацепциј
Најновото истражување под мотото „Твој живот твој глас“ кое беше спроведено помеѓу жените во Македонија, покажа дека повеќе од половина од македонските жени не користат никакви средства за контрацепција, а таа бројка е многу поголема кај тинејџерките на возраст од 15 до 19 години со дури 94%. Во истражувањето, кое беше спроведено во Македонија по повод Светскиот ден на контрацепцијата 26 септември, беше откриено дека 76 % од жените не користат ниту едно средство за контрацепција, а за 61 % од приложените контрацепциски методи воопшто не ни слушнале. Дури 94% од младите девојки на возраст од 15 до 19 не користат никаква контрацепција. Од анти-беби пилулите достапни на македонскиот пазар жените најмногу им веруваат на марките: „Јасмин“, „Дајан35“ и „Микрогинон“, но запрепастувачка е бројката од 51 % од жените дека не знаат ниту една марка на анти-беби пилули.Најчестите одговори кое испитаните жени ги давале на прашањето зошто ги користат пилулите се дека се најсигурни, најлесни за употреба, и дека се најефикасни.Дури половина од жените кои не користат анти-беби пилули изјавиле дека не постои ниту една причина која би ги убедила да почнат да користат. Запрепастувачки 56% од жените не се информираат од страна на доктор за контрацепцијата бидејќи сметаат дека немаат потреба од информации.Кога станува збор за извршените абортуси дури 119 од 500-те жени имале извршено абортус и речиси подеднакво Македонки и Албанките.Татјана Гуржанова, гинеколог со долгогодишна пракса зборуваше за искуствата од трибините на оваа тема во Македонија, каде што даде запрепастувачки пример за неинформираноста кај младите во урбаните средини кои ги навеле Кока-колата, сода бикарбоната како контрацепциски средства.Истражувањето било направено од 13 до 21 јуни оваа година врз 500 жени на возраст од 15-49 години, во 7 региони во Македонија, од кои 323 жени се од македонска националност а 142 од албанска. од испитаните жени, 248 биле со средно образование, а дури 135 со основно./крај/Форум/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на булеварот Илинден бб. во кругот на Ј.П.Парови и Зеленило Скопје, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на булеварот Илнден од крстоницата со улицата Франклин Рузвелт до крстосницата со булеварот 8ми-Септември, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00часот до завршување на работните активности.
Македонија
Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект
Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во продолжение на процесот започнат за спојување на ВЛЕН во еден субјект, објави на социјалните мрежи лидерот на движењето Беса, Билал Касами.
„Собранието на Движењето оцени дека треба да се отвори патот за структурирање на ВЛЕН и ја донесе оваа одлука врз основа на мораториумот за партиски активности од страна на субјектите што го сочинуваат ВЛЕН.
Во оваа прилика, Собранието ме овласти мене како претседател да продолжам со разговорите за иднината на ВЛЕН, давајќи поддршка на спојувањето во еден субјект, со решение што го почитува принципот на правда и го слуша гласот и волјата на гласачите на ВЛЕН и сите Албанци“, соопшти Касами.
На состанокот на Собранието, како што вели, била дискутирана и работата на функционерите на Движењето Беса во Владата.
„Членовите на собранието ја поддржаа мојата изјава дека Беса има капацитет за многу повеќе работа отколку што е сработено досега.
Анализата на работата на функсионерите ќе продолжи во наредните денови, додека наодите ќе бидат одразени во идната реконструкција на Владата.
Движењето Беса верува дека позициите во Владата се средство за наша најдобра и најефикасна служба на сите граѓани, а особено на Албанците, и сите идни одлуки ќе бидат засновани на овој принцип“, додава Касами.
Македонија
Од утре Мицкоски во Минхен на безбедносната конференција: во фокусот, геополитичката стабилност и улогата на Македонија како столб на стабилност во Западен Балкан
Oд утре (петок) премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе биде во неколкудневна посета на Сојузна Република Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција.
Во рамки на конференцијата, Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со европски лидери, високи претставници како и челни луѓе на меѓународните безбедносни организации.
Во фокусот на разговорите ќе бидат геополитичката стабилност на регионот, нагласувајќи ја улогата на Македонија како столб на стабилноста во Западен Балкан и активен придонесувач во НАТО алијансата.
Исто така премиерот Мицкоски на средбите и состаноците ќе ја реафирмира позицијата на државата за неопходноста од предвидлив и фер пат кон полноправно членство во ЕУ, без наметнати билатерални пречки.
На маргините на конференцијата, предвидени се средби со високи претставници на Европската Унија како и со шефови на влади и држави.

