Регион
Меркел во посета на Хрватска и Србија

Германската сојузна канцеларка Ангела Меркел денеска и задутре треба да престојува во посета на Загреб и Белград.
Германската сојузна канцеларка Ангела Меркел денеска и задутре треба да престојува во посета на Загреб и Белград.Меркел денеска во Загреб треба да оствари средба со хрватскиот претседател, Иво Јосиповиќ и премиерката Јадранка Косор, каде според весникот „Јутарњи лист“, ќе ги повика властите да ги продолжат реформите и анти-корупциските мерки во државата. Конзервативната канцеларка во својата редовна видео порака вчера најави дека во Белград ќе побара од Србија да ги обнови преговорите со Косово. Ангела Меркел изјави дека сите членки на Европската унија (ЕУ) мораат да покажуваат „изразена волја за да ги решаваат мирно судирите помеѓу себе, со дијалог и со почит на принципите на правната држава“. Ова важи, како што предупреди канцеларката во својата видео-порака, како за државите кои се веќе членки на ЕУ, така и за оние кои, како што се изрази „допрва сакаат да ни се придружат, пренесува Бета.Според наводите на германските медиуми, канцеларката во Белград ќе се обиде „да го зголеми притисокот врз Србија“. Германскиот став дека границите на Балканот се конечно дефинирани и дека територијалниот интегритет на Косово е неповредлив, уште од претходно и е познат на Србија, пренесува агенцијата Бета. Соговорници на Ангела Меркел во Белград ќе и бидат претседателот Борис Тадиќ и премиерот Мирко Цветковиќ, а предвидени се средби и со сопругата на некогашниот премиер, Ружица Ѓинѓиќ. Клучни теми на разговорите се очекува да бидат европската интеграција на Србија, како и односите во регионот, пред се политиката на Србија кон Косово и Босна и Херцеговина. /крај/бе/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.