Економија
Југоисточна Европа не е во фокусот на трговските синџири
Некогаш привлечните пазари на Југоисточна Европа повеќе не се приоритет за големите трговски синџири, а фокусот на глобапните играчи се врти кон Јужна Америка, особено Бразил, се заклучува во глобалното истражување на консултантската куќа A.T. Kearney за 2011 година
Некогаш привлечните пазари на Југоисточна Европа повеќе не се приоритет за големите трговски синџири, а фокусот на глобапните играчи се врти кон Јужна Америка, особено Бразил, се заклучува во глобалното истражување на консултантската куќа A.T. Kearney за 2011 годинаИстражувањето за развиеноста на малопродажбата (GRDI – Global Retail Development Index) посочува дека забавеното излегување од економската криза, силната пазарна конкуренција, војната со намалувањето на цените и променливите навики на потрошувачите и натаму ги притискаат глобалните трговски синџири да се шират на нови пазари. Земјите од Јужна Америка претставуваат атрактивни пазари и поради импресивниот пораст на БДП од просечни шест проценти што тие го остварија во текот на рецесијата.Натаму, пазарите во Јужна Америка се уште не се заситени од бројни трговски синџири и центри. Заедно со големата отпорност на економската криза, растечкото градско население, како и одржливиот раст на малопродажбата, Бразил е на врвот на списокот на желби на глобалните играчи.Меѓу врвните 10 одредишта по Бразил се Уругвај, Чиле, Индија, Кувајт, Кина, Саудиска Арабија, Перу, Обединетите арапски емирати и Турција.Во последните десет години, светската популација се зголеми за 11 проценти и достигна 6,7 милијарди луѓе, продажбата на глобалните трговски синџири по глава на жител е дуплирана, а површината на продавниците е тројно зголемена. Според тоа, и трговските синџири ги менуваат навиките.Во раните 2000-ти години, акцентот беше на земјите од Југоисточна Европа и на новите членки на ЕУ. По влезот во СТО во 2001 година, приматот го презема Кина, а потоа следеше проширувањето на пазарите во Југоисточна Азија, Латинска Америка и на Блискиот исток./крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Microbalkans 2025: Никола Јошевски за усогласувањето на правните рамки со директивите на ЕУ
Никола Јошевски, генерален менаџер и сопственик на Mint Fintech Group и претседател на Групацијата на финансиски друштва при Стопанската комора на Македонија, учествуваше на престижната регионална конференција Microbalkans 2025, што се одржа во Дубровник, Хрватска, од 5 до 7 ноември 2025 година.
Како панелист на високопрофилната дискусија „Усогласување на правните рамки со директивите на ЕУ“, Јошевски се приклучи на водечки европски партнери и институции кои активно придонесуваат за развојот на социјалните финансии во регионот на Западен Балкан.

Панелот се фокусираше на регулаторната хармонизација, финансиската инклузија, платните системи и усогласувањето со процесот на пристапување кон ЕУ, со посебен акцент на улогата на микрофинансиските институции и финтек решенијата во одржливиот развој и регионалната соработка.
Во своето обраќање, Јошевски ја нагласи потребата од создавање на стабилен и интегриран финансиски систем што ги надминува класичните регулаторни рамки, посочувајќи:
„Главниот предизвик не е само во пренесувањето на директивите на ЕУ во националното законодавство, туку во создавањето на целосен екосистем – таков што нè прави конкурентни, инклузивни и силни дома.“
Панелот поттикна значајна дискусија за иднината на финансиската регулатива во регионот и улогата на микрофинансиските институции во зајакнување на финансиската стабилност, транспарентност и дигитална трансформација.

Конференцијата Microbalkans 2025, поддржана во рамките на соработката со Европската унија, го обедини врвот на експертизата од Европа и Западен Балкан, создавајќи дијалог за унапредување на социјалните финансии, микрокредитирањето и финтек иновациите.
Присуството на Mint Fintech Group на овој настан уште еднаш ја потврди посветеноста на компанијата кон модернизација на финансискиот сектор во Македонија, создавање инклузивна економија и промовирање европски вредности во финансиските услуги.
Со своето учество, Јошевски ја зацврсти позицијата на Македонија како активен партнер во градењето на современ, конкурентен и одржлив финансиски екосистем, кој ја поврзува регионалната соработка со европските стандарди и отвора нови можности за раст и развој.
(ПР)
Економија
СДСМ: Инфлацијата зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта
Инфлацијата повторно расте и во октомври достигна 4,5 проценти, спротивно на владините уверувања дека ќе се намали и под 3%, велат од СДСМ.
„Овој пораст е јасен показател дека економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ се целосно промашени и без никаков резултат. Инфлацијата го јаде стандардот на граѓаните, ги јаде платите кои не се покачуваат туку стагнираат, цените на храната и основните производи растат, сметките се повисоки, граѓаните имаат се помалку пари во џебовите. Платите и пензиите заостануваат далеку зад растот на цените, граѓаните секојдневно плаќаат повисоки цени за леб, млеко, масло, лекови, за сметки а платите не мрдааат. За само година и половина ДПМНЕ донесе економска стагнација, раст на инфлацијата и пад на животниот стандард“, се наведува во соопштението.
Економија
Електродистрибуција го имплементира најновиот систем SIEMENS SCADA за дигитално управување со мрежа – Скопје
Во финална фаза на имплементација е најновиот SIEMENS SCADA систем за дигитално управување со среднонапонска и високонапонска мрежа, со што значително ќе се унапреди дигиталната трансформација и системите за далечинско управување и мониторинг, соопштија од компанијата.
Со помош на најновиот SCADA систем, како што е појаснето, ќе се оствари меѓусебно поврзување на диспечерските центри на ЕВН и МЕПСО со цел поквалитетно водење на целата електроенергетска мрежа во државата.
„Со инвестиција од еден милион евра, најсовремениот SCADA систем овозможува повисоко ниво на автоматизација, сигурност и оперативна контрола, што претставува клучен предуслов за ефикасна енергетска транзиција и поголема диверзификација на изворите на електрична енергија во земјата. Системот има особено значење во периоди кога сѐ поголем број фотонапонски централи се приклучуваат на дистрибутивната мрежа. Досега се регистрирани 2.963 нови приклучоци од обновливи извори, со вкупна инсталирана моќност од 860 MW, што во одредени ситуации може да претставува предизвик за стабилноста на енергетскиот систем. Со ваквите инвестиции во дигитализација на клучните процеси, Електродистрибуција обезбедува поквалитетни, доверливи и поефикасни услуги за своите корисници и ја зацврстува сигурноста и ефикасноста на мрежата, потврдувајќи ја својата заложба за модерна, транспарентна и дигитална енергетска инфраструктура“.

