Македонија
Турксел даде понуда за Космофон
Турскиот оператор Турксел денеска соопшти дека дал понуда за купување на вториот мобилен оператор во Македонија Космофон
Турскиот оператор Турксел денеска соопшти дека дал понуда за купување на вториот мобилен оператор во Македонија Космофон.
Турксел е заинтересиран за купување на сите 100 насто акции на Космофон, кој е дел на грчкиот оператор ОТЕ и во Македонија има околу 650 илјади претплатници.
Претходно Телеком Словенија соопшти дека достави понуда за купување на Космофон./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Смарт таблети и новогодишни пакетчиња за децата и учениците од општина Илинден
По повод новогодишните и божиќните празници градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевскки, додели 100 смарт таблети, таму кадешто е најпотребно во трите основни училишта на територија на општина Илинден. Смарт уредите се наменети за ученици од прво до осмо одделение, како и за ученици од социјално ранливи семејства, со цел успешно следење на наставата по новиот концепт и програма.
Градоначалникот Георгиевски, истакна дека главната цел, е обезбедување на квалитетна настава и креирање на можности за унапредување на воспитно-образовниот процес. Со овие таблети ќе им се помогне на децата од социјално загрозените семејства, ќе се зголеми квалитетот на образовниот процес на учениците, а локалната самоуправа цели кон модерно и современо образование за сите млади.
Денеска градоначалникот додели новогодишни пакетчиња и за децата со попреченост од двете хуманитарни здруженија ,,Боиме сино” и ,,Илинден” кои се единствени на територија на општина Илинден и со кои локалната самоуправа има потпишано Меморандум за соработка.
Како што изјави градоначалникот Георгиевски, со овие новогодишни пакетчиња сакаме и на овие деца да им подариме насмевка и да почувствуваат дека се дел од нас, а ние не сме ги забораваме.
Градоначалникот Александар Георгиевски на сите деца им посака во новата 2025 година да имаат здравје, среќа и љубов.
Скопје
Опожарени два пластични контејнера во скопската општина Центар
Пред неколку часа, непознати сторители опожариле два сада наменети за одлагање комунален отпад во скопската населба Дебар Маало.
Контејнерите се лоцирани на улицата Орце Николов, во непосредна близина на Генералштабот и истите се со зафатнина од 3,2 кубни метри. Двата опожарени контејнера се неупотребливи и во најкус можен рок ќе бидат заменети од страна на екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје.
„Опожарувањето на контејнерите значително ја нарушува динамиката на одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад и го оневозможува навременото реализирање на активностите предвидени согласно Оперативната програма за работа на ЈП Комунална хигиена-Скопје. Од почетокот на 2024 година се опожарени 22 садови наменети за одлагање на комуналниот отпад на територијата на градот Скопје. Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени кај надлежните органи“, посочуваат од Општина Центар.
Македонија
Мицкоски: Доколку има девијантно однесување од трговците, ќе бидат преземени мерки, повеќето ги враќаат цените
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, кои се последните сознанија и каква е сега состојбата, после инспекциите за трговците коишто ги зголемија цените производите, информираше дека најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на производите, на она ниво коешто беа пред да добијат покачување.
„Утрово разговарав со господинот Дурмиши министерот за економија и труд, но и претходниве ден-два добивам информации од страна на Државниот пазарен инспекторат дека најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на она ниво на коешто беа пред да добијат покачување. Го почитуваат укажувањето и замолницата којашто јавно ја упативме до нив. Очекувам во периодот којшто следи тоа да продолжи иако редовно со интензивна контрола од страна на Државниот пазарен инспекторат ќе се следи состојбата и доколку имаме девијантно однесување од страна на трговците ќе бидат преземени мерки. Инаку последната мерка којашто ја има Владата на располагање е да донесе повторно ограничување или лимитирање на цената, но во овој момент гледаме дека најголемиот дел од трговците она укажување ќе повторам и замолница ја почитуваат“, изјави премиерот.