Македонија
ВМРО – НП бара предвремени парламентарни избори
ВМРО-Народна партија излезот од политичката криза го гледа во распуштање на парламентот, и распишување на предвремени парламентарни избори.
„ВМРО-Народна партија излезот од оваа политичка криза го гледа во распуштање на македонскиот парламент и распишување на предвремени парламентарни избори, по што ќе се воспостави, реална слика на однос на сите силите во парламентот и со тоа ќе се создадат услови за ре-демократизација“ изјави генералниот секретар на ВМРО-НП, Миле Јакимовски.
Во однос на состојбата на медиумите, ВМРО-НП како што рекоа, отсекогаш се залагале за независно новинарство и велат дека во целост ја почитуваат презумпацијата на невиност.
Во врска со случајот, со А1 телевизија, сметаат дека постојат и други форми за обезбедување на средствата, како што е ставање на имотот под хипотека.
„Што се однесува пак за состојбата со медиумите, ВМРО-Народна партија, отсекогаш се залагала и ќе се залага за независно новинарство, токму во таа насока, по следните парламентарни избори ВМРО-НП ќе предложи измени и дополни на целокупната законска регулатива која се однесува на дадената проблематика, како би можеле во наредниот период да имаме вистински слободни медиуми кои ќе бидат коректор и огледало на демократските процеси на државата“ вели Јакимовски.
Минатата недела СДСМ, НСДП, ЛП, Нова алтернатива на Ѓорѓи Оровчанец и Нова демократија го напуштија Собранието. Ако се земат во предвид и пратениците на ДПА, кои веќе две години се надвор од Собранието, законодавниот дом сега ќе треба да работи со 32 пратеници помалку.
На денешната координативна средба, кај Вељаноски не дојдоа опозициските партии кои го напуштија парламентот.
ВМРО-НП најави дека на следните парламентарни избори ќе настапи самостојно, како и секогаш и дека можно е дополнително коалицирање со друга партија, која би ја поддржала нивната платформа и нивните политички принципи./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

