Економија
ЕУ разгледува докапитализација на банките до 108 милијарди евра

Земјите од Европската унија разгледуваат докапитализација на своите банки на ниво од околу 108 милијарди евра за да им овозможат да се соочат со кризата и можноста Грција да не ги отплаќа своите долгови, пренесува АFP повикувајќи се на извор блозк на телата во кои се разгледуваат овие прашања.
Земјите од Европската унија разгледуваат докапитализација на своите банки на ниво од околу 108 милијарди евра за да им овозможат да се соочат со кризата и можноста Грција да не ги отплаќа своите долгови, пренесува АFP повикувајќи се на извор блозк на телата во кои се разгледуваат овие прашања. Во текот на состанокот на европските миниатри за финансии во Брисел, постигнат е консезус за 107 или 108 милијарди евра, рекол неименуваниот извор за агенцијата. Досега беа спомнувани износи меѓу 80 и100 милијарди евра за потребите на европските банки, за да ги зголемат своите резерви и да го ублажат ударот од должничката криза. Во саботата навечер не е постигнат формален договор, одлуката за тоа ќе ја донесат шефовите на државите и владите на земјите членки од Европската унија во недела на првиот самит во Брисел, потврдил европски дипломатски извор. Докапитализацијата на банките, којашто се смета за неопходна поради избегнувањето на ширењето на должничката криза која ја тресе еврозоната, зависи од преговорите кои се водат за да може да се зголемат овластувањата и интервенциската моќ како и обемот на Европскиот фонд за финансиска стабилност – ЕFSF. Еден од главните проблеми е несогласувањето меѓу Германија и Франција во врска со начините како да се надмине кризата. Според европските насоки, банките би морале да го достигнат минималниот праг на рерзерви со сопствени сили, доколку тоа не успеат да го сторат да им се обратат за помош на владите на нивните држави, а како последна можност да се побара решение е предвиден фондот EFSF./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Иран остана без гас бидејќи Ирак го запре вентилот по наредба на САД

Ирак денеска ќе го запре увозот на гас од Иран како дел од условите што ги постави администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Оваа одлука беше поздравена од страна на Стејт департментот на САД, кој ја потврди потребата од елиминирање на енергетската зависност од Иран.
Ирачката влада ќе мора да најде алтернативен извор на гас за да ја задоволи потребата за енергија, но некои пратеници ја изразија својата загриженост, посочувајќи дека во моментов нема јасна алтернатива за задоволување на потребите на земјата.
„Ирак дневно увезуваше 50 милиони кубни метри гас од Иран за напојување на своите електрани“, пренесува Асарак ал Авсат. Властите во Багдад сега се соочуваат со предизвик да обезбедат нови извори на енергија.
Портпаролката на Стејт департментот ја поздрави посветеноста на ирачкиот премиер во напорите да ја зголеми енергетската независност на земјата: „Повикуваме Ирак да ја елиминира зависноста од иранските енергетски извори што е можно поскоро“.
Со оваа мерка, САД дополнително го засилуваат притисокот врз Багдад да дозволи извоз на сурова нафта од Курдистан преку Турција, што е дел од пошироката стратегија за економска изолација на Иран и намалување на приходите од нафтата, кои служат за финансирање на нуклеарната програма на Иран.
Свет
(Видео) Хаос во Цирих, полицијата користеше гумени кушруми и созавец врз демонстрантите
Оваа сабота, на Меѓународниот ден на жената, 8-ми март, во Цирих беше најавена неовластена демонстрација на левичарските екстремисти за правата на жените, која се одржа и на крајот настана целосен хаос!
Расположението на собирниот плоштад првично беше мирно, но полицијата постави блокади на патиштата. Полицијата беше вооружена со штитови и пушки и најави дека ова е неовластена демонстрација која ќе ја толерира се додека е мирна.
Сепак, набрзо избувна хаос. Полицијата употреби солзавец против демонстрантите и ги турна назад со палки, а некои од демонстрантите мораа да побараат лекарска помош.
Zürich: Nicht bewilligte #Demonstration zum #Weltfrauentag. Die Polizei setzt Reizgas und Schlagstöcke ein. Zur #Demo gegen «Vereinzelung, Krieg und Patriarchat» aufgerufen haben linksradikale Gruppierungen. #Frauentag #InternationalWomensDay #IWD2025 #WomansDay #WorldWomensDay pic.twitter.com/PBtVf5HDKR
— LIVE1 (@LIVE1TV) March 8, 2025
Еден демонстрант претрпел оштетување на слухот.
За време на демонстрациите во Цирих имаше и материјална штета, при што некои згради беа обоени во црвено и фрлани јајца.
Според еден од присутните, полицијата го започнала насилството: „Полицијата едноставно ги нападна демонстрантите со гумени куршуми, палки и пепер спреј“.
Еден полицаец паднал на земја, но не е повреден.
Економија
УЈП воведува нови функционалности за поднесување барања за кодови за пресметка на плати

Управата за јавни приходи (УЈП) ја заврши надградбата на системот за е-Даночни услуги со нова функционалност, која овозможува поднесување барање за издавање на код за идентификација на МПИН пресметките за плати. Оваа новина ги информира даночните обврзници и сметководителите за новите процедури.
„Даночните обврзници кои се соочуваат со проблеми во врска со кодовите за идентификација за потпишување на МПИН пресметките, треба да поднесат барање за нов код преку системот е-Даночни услуги. Барањето се наоѓа во менито „Прегледи и извештаи“ под подменито „Барање за издавање на клуч за спремање на плати“. Издадените кодови ќе бидат достапни на профилите на корисниците во соодветното мени“, соопштуваат од УЈП.
Дополнително, УЈП потсетува дека оние кои одлучиле да ги користат МПИН пресметките преку системот е-Даночни услуги, согласно со последното соопштение од 6 март 2025 година, нема потреба да поднесуваат барање за издавање нов клуч за пресметка на платите.
„Скоро ќе излеземе со дополнително соопштение кога целосно ќе започне да се користи новиот систем за пресметка на плати“, велат од УЈП.