Спорт
Голема замена меѓу Милан и Реал?
Како што донесува шпанскиот дневен весник Sport во претстојниот преоден рок може да дојде до трансфер меѓу двата фудбалски гиганта
Според весникот, се очекува размена меѓу играчот на „миланезите“, 20-годишниот Бразилец Александро Пато за играчот на мадридските „кралеви“, 22-годишниот француски репрезентативец Карим Бензема.Имено Бензема, претходните две сезони за француски Лион постигна 44 голови. Што го натера раководството на Реал да го доведе во своите редови, но годинава тој постигна само 8 голови на 24 мечеви, а во прилог не му оди ниту формата на неговиот директен конкурент за место во првата постава, Аргентинецот Гонзало Игуаин, кој во Примера веќе постигна 23 голови. Затоа според шпанските медиуми Реал веќе од крајот на сезонава ќе го стави Бензема на трансфер листата, а се шпекулира дека Реал е подготвен да го ослободи и како позајмен играч.Покрај Милан, заинтересиран за неговите услуги е и англискиот гигант Манчестер јунајтед, кој и претходно го посакуваше во својата екипа. Така, според Daiy Mail незадоволството на Бензема со интерес го следи Манчестер јунатед. Англискиот клуб уште минатата година за него на Лион му нудеше 20 милиони евра, но Реал плати 10 милиони повеќе. Сепак Јунајтед не се откажува од Бензема.Реал за Бензема постави цена од малку повеќе од 30 милиони евра, што е прескапо за Милан. Но, акко што шпекулира Sport, миланскиот клуб во овој трансфер е подготвен да го вклучи и Пато, кој од неодамна го ангажираше агентот Мино Раиола, кој посредуваше на трансферот меѓу Интер и Барселона, односно меѓу размената на Златан Ибрахимовиќ и Самјуел Ето. А на овој можен трансфер во втоник се надоврза и самиот агент Раиола, кој за Telelombardija потврдил дека за Пато се заинтересирани Реал Мадрид и Челзи, а дека младиот Бразилец е несреќен во Милан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Барселона ја потопи „жолтата подморница“
Фудбалерите на Барселона лесно го победија Виљареал во 17-то коло од Примера (2:0), со што ја забележаа својата осма последователна победа во шпанската елита.
Избраниците на Ханси Флик, во Виљареал, го отворија резултаот во 12-та минута, кога Рафиња погоди од пенал.
Потоа следуваше шоуто на Ламин Јамал. Прво, Ренато Веига доби директен црвен картон во 39-та минута за наивен старт врз суперталентираниот 18-годишник, а пота Јамал во 63-та минута го постави конечниот резултат.
Јамал го постигна својот седми гол во 14-от лигашки натпревар, има и седум асистенции.
Од неуспехот во Ел Класико, Каталонците имаат само победи, со импресивна гол-разлика од 26:8. Во следниот натпревар, тие ќе гостуваат кај нивниот голем ривал Еспањол.
Барселона е на чело на табелата со 46 бода, четири повеќе од Реал Мадрид, Венаш зад водечката двојка е Атлетико, додека „жолтата подморница“ го зазема четвртото место.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Астон Вила не запира, Роџерс му пресуди на Манчестер Јунајтед
Фудбалерите на Астон Вила го победија Манчестер Јунајтед (2:1) на свој терен во дербито на 17-то коло од Премиер лигата. Астон Вила ја забележа скромната шеста победа во 61-от меѓусебен дуел со Јунајтед во Премиер лигата.
Головите, со кои Вила ја продолжи победничката серија ги постигна Морган Роџерс во 45-тата и 58-та минута. На другата страна, Матеус Куња погоди во третата минута од судиското продолжение во првото полувреме.
За да биде уште полошо за „црвените ѓаволи“, капитенот и најдобар играч Бруно Фернандес се повреди и ја напушти играта на полувремето.
Единствениот позитивен факт е дебито на Џек Флечер (18), син на познатиот Дарен, играч на првиот тим на Јунајтед од времето кога клубот предовен од сер Алекс Фергусон владееше во Премиер лигата.
Роџерс речиси постигна два идентични гола на овој натпревар, со прецизен удар во спротицниот агол, при што првиот беше особено импресивен.
Куња постигна гол по големата грешка на Мети Кеш и добрата реакција на Патрик Доргу.
Куња беше тој што ја имаше најдобрата шанса во 68-та минута за израмнување, но неговиот удар со глава заврши покрај стативата.
Вила ја забележа својата 10-та победа по ред во сите натпреварувања и моментално е трета во Премиер лигата со 36 бода, три помалку од лидерот Арсенал. Следен противник за тимот на Унаи Емери е Челзи.
Јунајтед е седми со 26 бода, а негов следен ривал е Њукасл.
Фото/ Depositphotos
Спорт
Тренерот на Милан се соочува со жестока казна
Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, е соочен со долга суспензија поради навреда на спортскиот координатор на Наполи, Габриел Оријали, за време на полуфиналето на италијанскиот Суперкуп помеѓу двата клуба во четврток вечерта.
Како што објавува „Газета Спорт“, тренерот на второпласираниот тим од Серија А би можел да добие казна од неколку натпревари во домашното првенство поради несоодветните зборови што му ги упатил на поранешниот италијански фудбалер.
Во случај да не добие суспензија, трофејниот италијански стручњак веројатно ќе биде „удрен во џебот“, а Дисциплинската комисија е таа што треба да одлучи каква казна ќе му одреди на Алегри.
Од Наполи веќе изјавија дека се надеваат, дека Алегри ќе добие соодветна казна за своето простачко однесување.
„Се надеваме дека овој целосно неконтролиран напад нема да помине незабележано, особено затоа што, со 33 камери вклучени во продукцијата на настанот, беше невозможно да не се види што се случи“, се вели во соопштението на клубот кој ќе се бори против Болоња за титулата победник на италијанскиот Суперкуп.
За потсетување, Милан ќе го игра својот следен натпревар во Серија А само во недела, 28 декември во Верона.
Foto/ freerangestock

