Економија
„Тојота“ повлекува уште 430.000 возила

По низата повлекувања на огромен број автомобили од брендот „Тојота“ (Toyota) , компанијата се соочува со уште проблеми, пренесе Данас.хр.
По низата повлекувања на огромен број автомобили од брендот „Тојота“ (Toyota) , компанијата се соочува со уште проблеми, пренесе Данас.хр.
Светските медиуми во петокот известија дека јапонскиот автомобилски гигант повлекува уште 430.000 возила од моделот „авалон“ поради грешки во управувачкиот систем кои можат да доведат до заглавување на воланот при возење, а тоа би предизвикало сообраќајни несреќи.
Моделот „авалон“ на „Тојота“ произведен во 2003 и 2004 година е повлечен од пазарите во САД и Јапонија.
Од „Тојота“ соопштија дека, за среќа, се уште не се случила ниту една сообраќајка поради споменатите проблеми, пишува Данас.хр.
Јапонскиот произведувач на автомобили, во текот на последнава година веќе 14 пати повлекуваше разни модели поради дефект на повеќе делови на возилата и до сега се повлечени 8,5 милиони возила./крај/данас.хр/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Oдржувањето на макроекономската стабилност во прилог на економскиот развој: прва средба меѓу гувернерот Славески и директорката на Светската банка, Межеван

Денеска се одржа првата официјална средба меѓу гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и новоименуваната директорка на Канцеларијата на Светската банка за Северна Македонија и Косово, Кaрол Межеван. На средбата беа разгледани можностите за продлабочување на соработката со Светската банка, којашто претставува важен партнер во поддршката на националните политики и на институционалниот развој.
Славески ѝ посака успешно работење на Межеван на новата функција и го изрази задоволството од досегашната продуктивна соработка со Светската банка, којашто преку проекти за техничка помош, анализи и препораки, придонесува за зголемување на институционалните капацитети и за успешно остварување на најважните реформски активности.
Особено внимание им беше посветено на прашањата поврзани со дигиталната трансформација на финансискиот сектор, унапредувањето на финансиската вклученост, развојот на пазарите на капитал и зголемувањето на отпорноста на финансискиот систем кон светските шокови. Притоа, беше нагласено дека Народната банка и во иднина ќе биде отворена за понатамошна соработка во сите полиња каде што поддршката на Светската банка може да придонесе за натамошно јакнење на макроекономската стабилност и за создавање услови за економски напредок.
И гувернерот, и директорката се согласија дека од суштинска важност за справувањето со предизвиците од новото светско економско окружување е градењето стабилни и силни институции, коишто меѓусебно се координираат и се поддржуваат преку меѓународна соработка.
Економија
Мицкоски: Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од 60 милиони евра

Започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од 60 милиони евра, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој кажа дека со ова се поставува почетокот на еден нов, енергетски посигурен, економски поефикасен и стратешки поисплатлив период за сите нас.
„Ова не е само инвестиција во цевки и бетон, туку уште еден значаен влог во енергетската независност и стабилност на земјата, во нејзиниот целокупен економски развој и во нејзината просперитетна иднина. Преку реализацијата на овој проект, како и најавените поврзувања со гасоводните системи на останати наши соседи, стануваме значајна енергетска крстосница, што очекувам дека ќе донесе конкретни придобивки за целиот регион, а пред сè за македонските граѓани и домашната економија“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека овој гасоводен интерконектор ќе донесе нови извори на природен гас, стабилно снабдување за индустријата и домаќинствата, пониски цени за граѓаните, поголема конкурентност за компаниите и една силна порака- конечно стануваме дел од европската енергетска мрежа.
Мицкоски информира дека со овој проект ќе бидат изградени 66,7 километри гасовод на македонска територија, со цевки со дијаметар од 700 милиметри. Почетниот капацитет е 1,5 милијарди кубни метри гас годишно, кој што може да се зголеми и до 3 милијарди.
Вкупната вредност на проектот е околу 3,7 милијарди денари, или околу 60 милиони евра.
Економија
Министерството за финасии: 16 меѓународни финансиски институции и комерцијални банки доставија писма за изразување интерес за финансирање на брзата пруга

Шеснаесет меѓународни финансиски институции и комерцијални банки доставија до Министерството за финансии писма за изразување на интерес за финансирање на пректот за брзата пруга од Коридорот 10, извести МФ.
Министерството за финансии во наредниот период ќе врши анализа и евалуација на пристигнатите понуди за финансирање на проектот за брзата пруга долж Коридорот 10.
Имено, Министерството за финансии достави писмо за барање интерес до 24 финансиски институции. Рокот за одговор беше 7 јули 2025 година. За реализација на проктот се бараа 1,91 милијарда евра.
Министерството за финансии го испрати барањето за изразување на интерес до меѓународните финансиски институции и комерцијални банки врз основа на Заклучок на Владата. Заедно со барањето Министерството за финансии испрати до меѓународните финансиски институции и банките и образложение за проектот подготвено од Министерството за транспорт и врски и МЖ Инфраструктура, а кое исто така беше разгледано од страна на Владата, се додава во соопштението на МФ.