Спорт
Батон најбрз на кавалификациите за ГП на Кина

Младиот Џејсон Батон по две победи во новата сезона на Формула 1, најбрз и на квалификациите за ГП на Кина
Британскиот возач Џејсон Батон (Браун-Мерцедес) по победата на првите две трки на новата сезона на Формула 1, го возеше најбрзиот круг на слободните тренинзи за Големата награда на Кина, а најдоброто време го оствари пред крајот на вториот тренинг. Ферари и понатаму има проблеми, па Маса и Раиконен се пласираа дури на 12 и 14 место на вториот тренинг, а бившиот светски првак Луис Хамилтон беше најбрз на првиот тренинг. Но на вториот тренинг се пласираше на 13 место. Утре, недела, е главната трка за Големата награда на Кина, а судејќи според квалификациите, Батон има голема можност и за трета победа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Во Реал можат да здивнат, Мбапе не е сериозно повреден

Повредата со која се здоби Килијан Мбапе на натпреварот против Арсенал не е сериозна. Тој ќе биде подгтовен за финалниот натпревар во Купот на кралот.
Французинот мораше да го напушти натпреварот во средата навечер поради повреда на скочниот зглоб. Реал загуби од Арсенал (1:2) и ја заврши сезоната во Лигата на шампионите.
Мбапе е суспендиран за дуелот со Атлетик Билбао овој викенд, а ќе го пропушти и гостувањето кај Хетафе в среда, за да биде целосно подготвен за финалето од Копа дел Реј на 26 април.
Мбапе оваа сезона постигна 34 гола и имаше четири асистенции на 49 натпревари во сите натпреварувања.
Финалето на Купот на кралот се игра на стадионот „Ла Картуха“ во Севилја во сабота на 26 април од 22:00 часот.
Спорт
Шортс ја предводи најдобрата петорка во Евролигата

Евролигата ги објави имињата на кошаркарите кои ги формираа првата и втората најдобра петорка.
Изборот, како и секогаш предизвика контраверзи, особено кога станува збор за првата петорка, во која се најде и натурализираниот Македонец, ти Џеј Шортс.
Забележливо е дека првата петорка е составена без центар, со три „единици“ и две „четворки“.
Покрај Шортс, во петорката се Карсен Едвардс (Баерн), Кендрик Нан (Панатинаикос), Најџел Хејс-Дејвис (Фенербахче) и Саша Везенков (Олимпијакос).
Во втората петорка се: Тео Маледон (Асвел), Мајк Џејмс (Монако), Еван Фурние (Олимпијакос), Хуанчо Ернангомез (Панатинаикос) и Валтер Таварес (Реал Мадрид).
Спорт
„Целта на Арсенал е да ја освои Лигата на шампионите“

Деклан Рајс, фудбалерот на Арсенал го најави освојување на Лигата на шампионите.
Арсенал оваа сезона стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите, а во четвртфиналето го исфрли Реал Мадрид, убедливо со вкупен резултат 5:1.
Еден од хероите на тимот од Лондон изјави дека целта на Арсенал е да ја освои Лигата на шампионите оваа сезона.
„Средата беше исклучителна ноќ за нашиот клуб, историска ноќ. Имаме цел во ова натпреварување, а тоа е да ја освоиме Лигата на шампионите“, рече Рајс.
Англичанецот потоа ги пофали соиграчите.
„Бевме навистина полни со самодоверба и верба дека можеме да победиме во Мадрид. Тоа што го имавме во нашите глави го спроведеме во пракса“, изјави Рајс и додаде:
„Имав чувство дека напредуваме, ова е навистина неверојатно. Завршивме неверојатна работа досега во ЛШ. Имаме верба во себе, му веруваме на тренерот без резерва, тој е неверојатен. Полуфиналето е голема работа за нас и сакаме само да уживаме во се“.