Македонија
Богата новогодишна прослава во Скопје

Новогодишната забава во Скопје, која започна во понеделник, кулминира последниот ден од страта 2009 година.На 31-ви, за најмладите забавата почнува на градскиот плоштад, од 11 часот и 30 минути, со богата програма. Предвидена е театарска претстава за деца
Новогодишната забава во Скопје, која започна во понеделник, кулминира последниот ден од страта 2009 година.
На 31-ви, за најмладите забавата почнува на градскиот плоштад, од 11 часот и 30 минути, со богата програма. Предвидена е театарска претстава за деца, настап на детски хор и пристигнување на Дедо Мраз.
Забавата за возрасните почнува од 20 часот, со настап на Есма Реџепова, а потоа и на Владо Јаневски, Џибони и „Прљаво казалиште“ од Хрватска и „Мањифико“ од Словенија.
Новогодишна забава ќе има и на Скопскиот саем, во првата и во третата хала, каде покрај македонскиот музичар, композитор и диџеј Кирил Џајковски и „Горилаз Саунд Систем“, ќе можат да се слушнат диџеи и од Велика Британија и Израел.
Град Скопје годинава покрај плоштадот „Македонија“ ги украси и паркот „Жена борец“, деловите околу Владата, Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“, Судската палата и булеварот „Партизански одреди“.
Организатори на новогодишната програма се Град Скопје и телекомуникацискиот оператор „ОНЕ“.
Минатите неколку денови на градскиот плоштад скопјани ги забавуваа и “Леб и сол“,Ареа, Дарио, Елена Ристевска, Јован Јованов, хрватска пејачка Даниела Мартиновиќ, „Битлси реал Трибјут“ од Србија, Митан Проџект и Андријана Јаневска, групите „Фолтин“, „Суперхикс“, „Беј Д Фиш“, како и Ѕвонко Богдан од Србија /крај/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од населбата Драчево денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе остане дел од населбата Драчево.
Од 08:30 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Маркова Река во населба Драчево, општина Кисела Вода, ќе останат без струја.
Македонија
Сончево и ветровито време, температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Во следните денови следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Температурите ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток и за време на викендот кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 40°C.