Спорт
Велосипедистите го одржаа Годишното собрание
NULL
Велосипедската Федерација на Македонија, во присуство на 25 делегати од 13 клубови, во Охрид го одржа своето Годишно Собрание. Домаќин на овогодинешното Собрание е ВК Еко Дром Охрид. На дневниот ред, покрај усвојувањето извештаите од минатата година , беше и приемот на два нови велосипедски клуба, В.К. „Шри Чинмој“ од Скопје и В.К. „З’ш Точак од Охрид“. Со приемот на овие два клуба Федерацијата брои 20 велосипедски клубови. Проширувањето е во согласност со политиката на Федерацијата за популаризација на велосипедизмот со формирање на нови клубови во градовите како што се Охрид, Кичево, Св. Николе, реафирмирање на велосипедизмот во Прилеп и останатите делови во внатрешноста на државата. При приемот, на новите членки им беше укажано дека покрај придобивките од членството во Федерацијата истите носат одговорност за нивно активно учество во организирање настани и поддршка на предвидените активности на Федерацијата. Како пример за тоа е посочен домаќинот на овогодинешното Собрание В.К. „Еко Дром“ од Охрид кој, за само година и пол членство, презеде и успешно го реализира Државно првенство во планински велосипедизам, даде придонес во неколку манифестации за популаризација на велосипедизмот, како што се локална поддршка на Велофест и Кругот околу Охридското езеро која е прва организирана манифестација од ваков вид со учество на велосипедисти од соседна Албанија и која претендира да стане традиционална.Во официјалниот дел на работата на Собранието усвоен е календарот на натпревари со систем за државни првенства , куп натпревари, натпревари за ранг листа во сите постоечки дисциплини што всушност е главен приоритет и основата за постоењето на Велосипедската федерација. Во неофицијалниот дел на Јован Јованоски од В.К. „Еко Дром -Охрид“ од страна на претседателот на Велосипедската Федерација, Сашо Димитријески, по повод освоеното трето место на Балканското првенство во планински велосипедизам во Србија во класата на млади кадети, му беше доделено посебно признание . крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јасикевичиус го сака Димитријевиќ во Фенербахче
Актуелниот МВП во ВТБ лигата, македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, од наредната сезона веројатно ќе игра во Евролигата.
Кошаркарот на Уникс, со просек од 19 поени по меч, 6,6 асистенции, 3,3 скока и 1,3 украдени топки го обележа регуларниот дел од сезоната во ВТБ лигата.
Според информациите на турските медиуми, Димитријевиќ е на мета Фенербахче. Тренерот Шарунас Јасикевичиус изразил желба да го види Димитријевиќ во својот тим. .
Фенербахче ќе направи реконструкција на плејмејкерската позиција, извесно е дека тимот ќе го напуштат Гркот Ник Калатес и Израелецот Јам Мадар.
Спорт
МЗТ загуби од Спартак Суботица
Фото/ Петр Стојановски/ АБА2
Кошаркарите на МЗТ го загубија првиот полуфинален натпревар во АБА 2 лигата. Вечерва во Скопје, МЗТ доживеа пораз од Спартак 73:78 (15:23, 16:12, 24:17, 18:26).
Лошата игра во првиот дел во кој му дозволија на гостинот апсолутна доминација во скокот го однесе МЗТ во пораз. Спартак, најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната, преку скокот ја контролираше играта. Одличната секвенца на Војдан Стојановски во финишот на полувремето го доближи МЗТ на само четири поени негатива.
Американецот Гилион одлично го започна вториот дел, со седум поени во низа го врати МЗТ во водство. Се одлепи МЗТ на пет поени (55:50) во финишот на третиот период и тука застана.
Спартак предводен од Гордиќ стекна предност од 10 поени, предност која МЗТ успеа да ја преполови.
Војдан Стојановски со 20 поени, по три скока и асистенции и шест украдени топки го предводеше МЗТ. Двоцифрени беа и Делалиќ со 13, Танасковиќ со 12 и Гилион со 11 поени. Кај Спартак се истакна Гордиќ со 16 поени и шест асистенции.
Реваншот се игра за една недела во Суботица.
Спорт
Катастрофа за Милвоки се повреди и Лилард
Кошаркарот на Милвоки, Демијан Лилард заработил повреда на Ахиловата тетива, објавија сите НБА инсајдери.
Лилард играл последните недели и покрај проблемите со Ахиловата тетива, и ја влоши состојбата во последниот дел од третиот натпревар од првото коло од плеј-офот против Индијана.
Плејмејкерот на Милвоки мора да носи ортопедска чизма и под знак прашалник е за четвртиот меч (понеделник, 01.00 часот) во серијата во која Пејсерси водат со 2:1.
Бакс веќе играат без Јанис Адетокумбо, кој ќе ја пропушти првата рунда, а неговата сезона многу лесно може да заврши доколку Милвоки биде елиминиран.
Во првите три натпревари во плејофот, Лилард имаше просек од 32,3 поени и 5,7 асистенции по натпревар.