Економија
Швајцарските банки ќе даваат информации за руските клиенти

Швајцарските банки ќе мораат да доставуваат делумни информации за сметките на нивните руски клиенти, откако Берн и Москва во петок ќе го потпишат договорот за објавување во петок, соопшти рускиот министер за финансии Алексеј Кудрин.
Швајцарските банки ќе мораат да доставуваат делумни информации за сметките на нивните руски клиенти, откако Берн и Москва во петок ќе го потпишат договорот за објавување во петок, соопшти рускиот министер за финансии Алексеј Кудрин.
„Ние денеска ќе го одобриме договорот на седница на владата, а на крајот на неделава јас ќе го потпишам заедно со Швајцарците“, рече Кудрин.
„На наше барање, ние ќе добиваме информации за сметките на оние кои го одбегнуваат плаќањето на даноците, но само во случај ако Русија има покренато адекватна процедура за истрага против одбегнување на даноци или перење на пари“, додаде тој.
Кудрин потсети и дека САД, Британија и Франција веќе имаат воведено слични мерки за нивните граѓани. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Министерката по големиот интерес за угарските пари: Јас би застанала тука, да ги искористиме, па да видиме за дополнителни средства

Министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочоска за дополнителни средства за компаниите заинтересирани за кредити ќе зборува откога ќе се искористат сегашните 250 милиони евра обезбедени од унгарскиот кредит. Премиерот Христијан Мицкоски вчера извести дека компаниите веќе покажале интерес за вкупно 380 милиони, па добил инспирација да бара дополнителни евтини пари оти, како што рече, бизнисот е гладен.
„Добивме информација од сите банки дека побарувачката е многу поголема од она што го нудиме. Јас би застанала тука. Да ги искористиме средствата, а понатаму ќе видиме во втора фаза за одобрување дополнителни средства и можности за изнаоѓање од каде ќе ги изнајдеме дополнителните средства доколку се договориме за таква втора фаза“, рече министерката Димитриевска-Кочоска.
Таа смета дека сега целиот фокус треба да е на предвидените 250 милиони евра, но драго ѝ е што има интерес за многу повеќе оти додека преговарале, од коморите добила забелешки дека компаниите нема да покажат доволен интерес за кредити.
Домашните компании со проекти може да аплицираат во комерцијалните банки за кредит со каматна стапка од 1,95 процент и рок на отплата до 15 години, максималниот износ за кој може да аплицираат е 10 милиони евра.
Економија
(Видео) Митева: Порастот на БДП и странските директни инвестиции ги одразуваат стабилните економски перформанси

Бројките ги одразуваат стабилните економски перформанси – БДП за 2024 е 2.8 отсто, а СДИ достигнаа над 1 милијарда евра, објави владината портпаролка, Марија Митева.
„Македонскиот бруто-домашен производ (БДП) забележа раст од 3,2 отсто во последниот квартал од 2024 година, со што вкупниот раст на БДП за целата година достигна 2,8 проценти. Овие бројки ги одразуваат стабилните економски перформанси, поттикнати од стратешките политики, подобрените деловни услови и континуираните инвестиции во клучните сектори“, рече Митева.
Како што рече, во граадежништвото е забележан значителен раст од 13,2 отсто, а тоа ги потврдува зголемените инвестиции и активност во инфраструктурни проекти. Повеќе јавни и приватни инвестиции, придонесуваат за зголемена активност во градежниот сектор, кој стана водечка индустрија за раст на БДП.
Зголемен е порастот и во стручни, научни и технички дејности, овој сектор пак се покажа како еден од клучните двигатели на економијата, во контекст на зголеменото внимание на иновациите, технолошкиот напредок и дигитализацијата, што директно влијае на продуктивноста и конкурентноста на македонската економија каде има пораст од 10,6 отсто.
Подеднакво значајна вест, рече Митева, е што 2024 година веќе постави историска пресвртница во странските директни инвестиции кои достигнаа 1милијарди и 255 милиони евра, највисока сума во историјата на Македонија. Овој извонреден прилив на инвестиции, додаде таа, е јасен доказ за довербата што ја имаат меѓународните инвеститори во нашата економија и нејзиниот иден потенцијал.
Економија
Исплатена првата транша во вредност од 10,4 милиони евра од унгарскиот кредит

Развојната банка ја исплати првата транша во износ од 10,4 милиони евра кон комерцијалните банки за проекти на 47 компании од новата кредитната линија за инвестиции и развој.
Структурата по вид на инвестиција од оваа транша е следна: 48 % во градежни, 22 % во опрема, 10 % во обновливи извори на енергија и 20 % инвестиции во транспортни средства. Со овие средства се поддржани 3 микро, 25 мали, 11 средни и 8 големи компании во државата. Од оваа транша во најголем дел се поддржани компании од областа на производството со износ од 3 милиони евра.
Првата транша е обработена и исплатена во најбрзо време, со оглед на тоа што рамковните договори со банките се потпишуваа по 31.1.2025 година.
Развојната банка соопшти дека периодов интензивно работи на повлекување на втората транша во согласност со барања за повлекување средства од страна на банките, за одобрени проекти наменети за инвестиции и за развој на компаниите.