Скопје
Времен сообраќен режим на булевар „Борис Трајковски" на 1. мај
Градот Скопје, ги известува граѓаните, дека во среда, ќе има целосен прекин на сообраќајот на крак од булевар „Србија” од 10.30 до 15 часот.
Имено на кракот кај приодот од фабрика „Усје” кон крстосница со булевар „Борис Трајковски” (поранешна „Првомајска”), ќе биде прекинат сообраќајот, а ќе биде пренасочен по стариот крак на излез од фабриката „Усје” кон крстосницата со булевар „Борис Трајковски”.
Прекинот на сообраќајот ќе трае во период од 10.30 до 15 часот.
За време на изменетиот режим на сообраќај, се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим и да ја почитуваат поставената сигнализација.крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
45 тони индустриска сол фрлена на критичните точки и на поголемите булевари во Скопје
Екипи на Зимската служба на Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“- Скопје во текот на изминатата ноќ почнаа со активностите за чистење снег и фрлање на сол на сите булевари и критични точки во градот, известуваат од „Улици и патишта“.
Интервенирано е со фрлање на 45 тони индустриска сол на сите критични црни точки и на поголемите булевари и улици во градот со седум специјални возила на Град Скопје.
Се чистеа првите снежни наноси на булеварот Александар Македонски, улиците Радишанска, Индира Ганди, Коце Металец, како и Христо Татарчев на последна автобуска постојка број 24.
Координираните активности за зимско оддржување на улиците во надлежност на Град Скопје и ЈП Улици и патишта продолжуваат со целокупната механизација и расположливиот кадровски потенцијал, велат од „Улици и патишта“.
Градот Скопје и јавните градски претпријатија за претстојната зимска сезона 2023/2024 обезбедија околу 3.500 тони индустриска сол, од кои околу 1000 тони се залиха од минатата зимска служба. Обезбедени се и 200 тони ладна асфалтна маса за санација на оштетените сообраќајни површини. Со Програмата се предвидени обемот, динамиката и нивото на одржување на улиците, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на градските сообраќајници во зимски услови.
Кoловозните ленти при одржувањето во зимски услови ќе се расчистуваат според приоритети, како што се критичните точки, пристапите до објектите од витално значење за граѓаните и сообраќајниците од посебно значење за функционирање на сообраќајот /стопански објекти/.
Преостанатите јавни претпријатија се задолжени во рамки на Програмата и своите надлежност да обезбедат механизација и опрема, а имаат изготвено и посебни подпрограми за расчистување на јавни површини во зимски услови.
Кризниот штаб апелира до граѓаните, урбаните заедници, куќните совети и претпријатијата, благовремено да преземаат мерки за отстранување на возилата од коловозите, расчистување на пешачките приоди, приодите до објектите и покривите на објектите. Во спротивно, полицијата и комуналните инспектори, врз основа на Законот за јавна чистота ќе изрекуваат казни. Посебно се апелира до возачите да ја почитуваат законската регулатива за задолжително користење зимски пневматици, со што ќе придонесат во организирањето на оптималната безбедност на сообраќајот во зимски услови.
Потсетување за граѓаните дека за расчистување на сервисните улици надлежни се општините, додаваат од „Улици и патишта“.
Скопје
Градоначалникот на Ѓорче Петров: Будно ги следиме условите на терен и навремено реагираме на секоја состојба
Екипите на Општина Ѓорче Петров од раните утрински часови се активно ангажирани за расчистување на патиштата кон Кучково и Грачани. Со брза и навремена реакција, надлежните служби се грижат за безбедноста и непреченото движење на граѓаните, извести општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека безбедноста и удобноста на жителите се врвен приоритет за општината и дека службите остануваат на терен сè додека целосно не се обезбеди нормално функционирање на сообраќајот.
„Будно ги следиме условите на терен и навремено реагираме на секоја состојба. Благодарност до сите граѓани за трпеливоста и разбирањето“, порача градоначалникот Стојкоски.
Општина Ѓорче Петров останува посветена на континуирано унапредување на условите за живот и создавање сигурна инфраструктура за своите граѓани, додаваат од општината.
Скопје
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од неколку скопски општини.
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од село Љубин во општина Сарај.
– во периодот од 10.00 до 12.30 часот, корисниците од цела населба Радишани во општина Бутел;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците околу претпоследна и последна 22ка, во село Волково, во општина Ѓорче Петров.