Спорт
Барселона со најмногу номинации за УЕФА наградите

Шест играчи кои помогнаа Барселона да го освои трофејот во Лигата на шампионите се номинирани за УЕФА наградите за најдобар играч.
Голманот Виктор Валдез, одбранбениот играч Џерард Пике, играчите од среден ред Чави Ернандез и Андрес Иниеста и напаѓачите Лионел Меси и Самуел Ето кој сега е во Интер се најдоа меѓу номинираните од УЕФА. Останатите играчи доаѓаат или од Манчестер Јунајтед, Челзи или од Ливерпул. Трите играчи од Манчестер Јунајтед се: голманот Едвин Ван Дер Сар, одбранбениот играч Немања Видич и напаѓачот Кристијано Роналдо кој сега е во Реал Мадрид. Играчите кои ќе се борат за наградата беа номинирани од тренерите на 16-те тима кои стигнаа до нок аут фазата во Лигата на шампионите минатата сезона. Победниците ќе бидат официјално наградени следната недела за време на ждрепката за новата сезона од Лигата на шампионите. Голмани: Петр Чех (Челзи), Виктор Валдез (Барселона), Едвин Ванд Дер Сар ( Манчестер Јунајтед).
Одбрана: Џерард Пике (Барселона), Џон Тери (Челзи), Немања Видич (Манчестер Јунајтед).Напад: Самуел Ето и Лионел Меси (двајцата од Барселона), Кристијано Роналдо (Манчестер Јунајтед). Стивен Џерард (Ливерпул), Чави Ернандез и Андрес Иниеста ( двајцата од Барселона)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шпанија може да испадне од Евробаскетот

Бранителот на титулата на Шпанија се соочува со елиминација од Европското првенство веќе во првата фаза.
Во пресрет на последното коло, селекцијата на Серѓо Скариоло е трета во групата, зад Грција и Италија, со резултат 2-2, исто како и Грузија и Босна и Херцеговина.
Шпанците ќе го играат решавачкиот натпревар против Грција, а во случај на пораз, можат да се паднат на претпоследното место во групата, со што ќе бидат елиминирани веќе во првата фаза, што на трофејната селкеција не и се случило никогаш во историјата.
За да се случи ова Шпанија треба да загуби од Грција, а Босна и Херцеговина да слави против Грузија, што би ги направило овие две селекции да се пробијат на третото и четвртото место.
Да ве потсетиме дека Шпанија беше поразена од Грузија во меѓусебен дуел, па во случај ист скор со Грузијците, на крајот би биле елиминирани (2-3).
Босна и Херцеговина и во случај на победа на Шпанија над Грвција ќе се пласира во нокаут фазата.
Може да биде проблематично што натпреварите од последното коло не се играат во исто време.
Грузија и Босна и Херцеговина ќе го играат првиот натпревар, Шпанците и Грците подоцна, Италија и Кипар ќе играат последни, што во основа значи дека Шпанците веќе ќе знаат што да прават ако Грузијците победат – во тој случај, само победата ги остава на Евробаскетот.
Спорт
Триесет секунди пред крајот на преодниот период Њукасл го заврши трансферот на Виса

Завршницата на преодниот рок беше особено возбудлива во Њукасл, кој го во фото-финиш комплетираше трансферот на напаѓачот Јоан Виса.
Виса пристигна од Брентфорд како дополнителна опција во нападот, откако клубот, малку порано, го сруши клупскиот рекорд со трансферот на Ник Валтемаде од Штутгарт за 85 милиони.
И двајцата ќе имаат задача да го компензираат заминувањето на Александар Исак во Ливерпул за 150 милиони евра.
Повеќе од една третина од тие пари Њукасл издвои за Виза (58 милиони), но тој трансфер речиси пропадна поради невниманието на самиот играч, бидејќи не потпиша еден од документите од договорот.
Како што откри „Скај Спортс“, поради невниманието на Конгоанецот, еден од неговите агенти буквално мораше да трча до тренинг-центарот на Њукасл, со хартија во рака, за да ја најде Виса за да може да го потпише преостанатиот документ.
Без иницијалите на Конгоанецот, Премиер лигата немаше да даде „зелено светло“ за трансферот.
Конечно, потписот беше потврден во 20:59 – триесет секунди пред затворањето на преодниот рок.
Foto/ EPA
Спорт
Сампаоли се врати во Атлетико Минеиро

Темпераментниот аргентински стручњак Хорхе Сампаоли се враќа во Атлетико Минеиро, потврдуваат аргентинските медиуми, повикувајќи се на извори блиски до клубот. Според весникот „Ла Насион“, искусниот тренер прифатил профитабилен договор вреден 3,5 милиони долари годишно (нето), што е околу 3.000.000 евра, што ќе го направи втор најплатен менаџер во Бразил, веднаш зад Абел Фереира од Палмеирас (околу 5.000.000 евра).
Неговото враќање доаѓа во исклучително турбулентно време за клубот од Бело Хоризонте. Тренерот Кука неодамна беше отпуштен по поразот од градскиот ривал Крузеиро во Купот на Бразил, а лошата сезона го донесе тимот блиску до опасната зона.
Сампаоли веќе го водеше Атлетико Минеиро од март 2020 до февруари 2021 година, кога го освоија националното првенство и завршија на третото место во бразилското првенство, обезбедувајќи место во Копа Либертадорес.
Во тој период, тој го предводеше тимот во 44 натпревари, во просек освојувал по 1,9 поени по натпревар, втор најдобар резултат во неговата кариера, веднаш зад многу успешниот престој во Универсидад де Чиле.
Foto/ EPA