Регион
Ердоган ја мобилизираше владата против ‘заговорот'
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/6f03f317-2fa3-4a93-8f3c-d0df7c456a7b.jpeg)
Турската влада продолжи во понеделникот да се бори против „заговорот“ што за неа претставува политичко-финансискиот скандал кој ја потресува и кој веќе според некои процени ја чини тамошната економија повеќе од 100 милијарди американски долари.
Поради остриот скок на финансиските пазари, премиерот Реџеп Тајип Ердоган го собра првпат својот нов владин кабинет, составен одненадеж минатата седмица по оставката на тројца министри поради антикорупциската истрага којашто го потресува државниот врв и владејачката Партија на правдата и развојот.
По завршувањето на состанокот на кабинетот на Ердоган, портпаролот на владата и заменик премиер Булетн Аринч повторно ја осуди „стапицата“ со којашто се сака „да се оцрни угледот на Турција, како однатре, така и надвор од нејзините граници“. „Зборуваме за штета поголема од 100 милијарди долари“, нагласи заменикот премиер пред новинарите, зборувајќи за падот на националната валута и турската берза предизвикана минатата седмица со досега невидената политичка криза во Турција.
Сепак, показателите од понеделникот укажуваат на заздравување на турската лира и истанбулската берза./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Земјотрес го погоди Крит
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/zemjotres2.jpg)
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Крит.
Земјотресот бил на длабочина од пет километри, а епицентарот на 73 километри од Ираклион.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.
Регион
13-годишно девојче загина од гром на плажа на Халкидики
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/Grcija-1.jpg)
Трагичен настан се случи денеска на Халкидики кога 13-годишно девојче го загуби животот откако го удри гром.
Трагичниот инцидент се случил околу 16:30 часот кога девојчето било на плажата Посеиди, на песокот, а според првите информации полесно е повредена и нејзината мајка.
Времето на Халкидики денеска е лошо со обилни врнежи од дожд, пренесуваат локални медиуми.
Полициската управа Касандра води прелиминарна истрага за инцидентот, пишуваат грчките медиуми.
Регион
Додик: Има ли некој што може да ги тргне бошњачките политичари од погрешен воз
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/dodik-1.jpg)
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека кога ќе се качите во погрешен воз сите постојки се погрешни и праша дали има кој да ги извади бошњачките политичари од тој воз.
„Има ли некој што може да им објасни дека Боно Вокс и „U2“ никогаш повеќе нема да свират бесплатно во Сараево, а CNN ќе го емитува концертот? Дека веста за резолуцијата за Сребреница не е објавена во ниту еден светски медиум. Дека Босна и Херцеговина никому не му е важна, освен луѓето што живеат во неа“, напиша Додик на социјалната мрежа Икс.
Дваесет години, посочува, се обидува да им објасни, а тоа ќе го покаже на претстојната средба во Мостар.