Свет
Израел и Хамас ги договорија главните точки на примирјето

Египетскиот министер за надворешни работи Мохамед Камел Амр објави дека во средата во 20 часот по средноевропско време стапи на сила примирјето меѓу Израел и палестинското движење Хамас, соопштувајќи ги главните одредби на примирјето.
Според објавените одредби Израел мора да ја сопре секоја копнена, поморска или воздушна офанзива врз Појасот Газа, вклучувајќи ги и копнени упади и ликвидации на лица;
Сите палестински фракции мора да ги прекинат сите напади од Појасот Газа врз Израел, вклучувајќи ги и ракетирањата и сите други напади по должината на границата;
Со примирјето се предвидува отворање премини, поедноставување на движењето на поединци и транспортот на стоки, како и укинување на ограничување на движењето на населението;
Треба да се разгледа секое друго прашање коешто ќе го постави една или двете страни;
Се одредува нултиот час за стапување на сила на овој договор;
Секоја страна мора да му се обврзе на Египет дека ќе го почитува договорот;
Секоја страна мора да се обврзе дена нема да води никаква акција со којашто би го прекршила овој договор.
Израелската армија доцна вечерта во средата соопшти дека ги прекинала борбените дејствија во Појасот Газа како исполнување на одлуката на политичкото раководство, во согласност со примирјето постигнато по еднонеделните меѓусебни напади со палестинските милитанти.
„Армијата во моментот не дејствува во Газа. Недејствувањето започна во 21 часот (20 часот по македонско време)“, изјавила портпаролката на израелската армија за РИА Новости.
Операцијата „Облечен столб“ како израелски одговор на зачестените ракетни напади започна во Појасот Газа на 14-ти ноември, се сведе на напади од далечина по стотици цели во палестинската енклава. Операцијата и покрај најавите не прерасна во копнена инвазија.
Говорејќи претходно во Ерусалим со премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за надворешни работи Авигдор Либерман, израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак објави дека се постигнати сите цели на кампањата и предупреди за подготвеноста да се примени уште поголема борбена сила против милитантите, доколку биде нарушено примирјето./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Фицо разговараше со Мерц: Предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен

Словачкиот премиер Роберт Фицо разговараше по телефон со германскиот канцелар Фридрих Мерц за рускиот гас и антируските санкции и го пофали конструктивниот пристап на Европската комисија (ЕК) кон резервите на Словачка во врска со предложеното суспендирање на увозот на гас од Русија од 2028 година, но истакна дека предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е „идеолошки“ и „штетен“.
„Верувам дека предлогот на ЕК за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен за целата ЕУ, а особено за Словачка, која по децении транзит на руски гас е на крајот од цевката без гас и директен пристап до терминали за течен гас. Овој предлог од ЕК, чие усвојување бара само квалификувано мнозинство, дополнително ќе ја оштети конкурентноста на целата ЕУ и ќе доведе до зголемување на цените на гасот за словачките домаќинства и индустријата“, истакна Фицо.
Фицо додаде дека доколку Словачка нема доволно гаранции за минимизирање и надоместување на штетата предизвикана од предлогот на ЕК за запирање на протокот на руски гас, ќе побара одложување на гласањето за 18-от пакет антируски санкции, за што е потребна согласност од сите земји-членки на ЕУ, пренесува TASR.
Регион
Мајка им давала на децата желе бомбони направени од канабис: уапсена 29-годишна жена во Грција

Полицијата во Ираклион, на грчкиот остров Крит, уапсила 29-годишна жена за која постои сомнение дека им дала на своите деца, на возраст од 14 и 10 години, препарати со канабис во форма на желе бомбони.
По консумирањето, децата се чувствувале лошо и биле префрлени во Универзитетската болница во Ираклион, каде што биле хоспитализирани на детското одделение, објавува грчкиот весник „Катимерини“.
Директорот на болницата, Јоргос Халкиадакис, изјавил дека нивната здравствена состојба е добра.
Жената, која работи во хотел, наводно изјавила дека пронашла желе бомбони во хотелскиот простор и, мислејќи дека се обични слатки, им ги дала на децата.
Предметот на истрагата го води Пододделот за сузбивање и истрага на кривични дела во Ираклион.
Се очекува резултатите од истрагата да фрлат повеќе светлина врз тоа дали мајката ја кажувала вистината, а доколку е така, да откријат како бонбоните стигнале до хотелот и дали имало некакви пропусти во безбедносните процедури.
Свет
ЕУ лансира нова платформа за вработување работници надвор од Унијата

Базата на таленти на Европската Унија (ЕУ), платформа за вработување што ги здружува работодавачите со седиште во ЕУ и граѓаните на земјите што не се членки, влезе во понатамошни преговори со европските законодавци, објави денес истражувачкиот центар во Брисел „Институт Егмонт“.
Платформата, која колоквијално се нарекува Тиндер за баратели на работа, алудирајќи на популарната апликација за запознавање и поврзување на луѓе, се преплетува со неколку други иницијативи на ЕУ, што ја зголемуваат конкурентноста на земјата преку пазарот на трудот, според написите на медиумите во регионот.
Базата на таленти беше претставена како дел од Пакетот за мобилност на вештини и таленти и треба да им помогне на работодавачите да ги пополнат празните работни места, како и да го решат недостатокот на работни места во секторот, и да им помогне на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ да најдат работа на стандардизиран и предвидлив начин во земјите-членки на Унијата.
Работодавачите во ЕУ, тврдат дека имаат тешкотии во наоѓањето кандидати, особено во малите и средните претпријатија, а околу 74 проценти од нив изјавиле дека во моментов се соочуваат со недостаток на квалификувани работници на барем една позиција во нивната компанија.
Земји како Белгија, Италија и Холандија имаат проблем со вработувањето долго време, а тој се дуплираше во последните пет години.