Регион
Осомничениот Алжирец баран во Белгија пред судот во Атина

Триесет итригодишниот Алжирец ќе биде изведен подоцна во понеделникот пред обвинителот на Грција поради можноста за негова поврзаност со неуспешниот терористички заговор за напади врз полицијата во Белгија, соопштија функционери.
Во понеделникот беше дефинитивно соопштено дека грчката полиција уапсила шест лица во саботата попладне во главниот град Атина, два дена откако полицијата во Белгија изврши рации во источниот град Вервиерс кога уапси најмалку 12 лица осомничени за подготвување терористички напади на територијата на Белгија, двајца беа убиени и еден ранет.
Операцијата на белгиската полиција следеше една седмица откако исламистички напаѓачи од 7-ми до 9-ти јануари во француската престолнина Париз убија вкупно 17 луѓе.
Белгиското државно обвинителство соопшти претходно во неделата дека еден од осомничените лица уапсени во Атина „би можел да биде поврзан“ со џихадистичката ќелија разоткриена минатата седмица во Белгија и побара негова екстрадиција.
„Уапсениот маж ќе се појави денеска пред обвинителот, по барањето за негова екстрадиција во Белгија“, соопшти во понеделникот грчката полиција./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.