Свет
Нови апсења за мафијашкото убиство во Германија
Уапсени сечетворица припадници на една криминална група за кои се верува дека стојат задубиството на шестмината Италијанци во Германија, извршено во август оваагодина.
Уапсени се четворица припадници на една криминална група за кои се верува дека стојат зад убиството на шестмината Италијанци во Германија, извршено во август оваа година. Италијанската полиција соопшти дека опеарцијата е спроведена во соработка со германската полиција. Две апсења се извршени во Германија, а две во Калабрија, упориште на криминалната организација „Ндрангета“, јужноиталијанска верзија на сицилијанската мафија. Германската полиција, акцијата ја извела во Дуизбург во областа Карст. Апсењата претставуваат продолжување на големата операција, која што на 30. август резултираше со апсења на 32 лица. Уапсените лица се осомничени за убиство, трговија со оружје, и за други кривични дела, но се уште не е прецизирано дали се сомничат за директна вмешаност во мафијашкиот масакр што на 15. август се случи во Дуизбург. Според полициските информации, Џовани Странџо, глава на едно од двете семејства, меѓу кои што трае долгогодишниот крвав конфликт и понатаму е во бегство. По него е распишана европска потерница. Шестмина Италијанци, на возраст од 16 до 39 години, беа погодени со куршуми во главите додека седеле во нивните автомобили, блиску до една пицерија во Дуизбург. Германските медиуми повикувајќи се на италијански извори, веднаш по убиството јавија дека станува збор за пресметка меѓу два клана кои припаѓаат на мафијашката група „Ндрангета“. Шестмината убиени биле припадници на семејството Пење Ромео од Сан Лука во Калабрија, додека осомничените убијци најверојатно припаѓаат на спротивставениот фамилијарен клан Странџо Нирта./крај/бе/ам Copyright 2007 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) „Една од најразорните катастрофи во историјата на Лос Анџелес“, сцените се ужасни
Потврдениот број на пет загинати веројатно ќе се зголеми, изјавија официјални лица, бидејќи снимките од беспилотни летала ги доловуваат размерите на катастрофата во јужна Калифорнија.
Снимките од воздух на областа Пацифик Палисадес во Лос Анџелес во четвртокот покажаа широко распространето уништување по пожарот во Палисадес, кој продолжува да гори.
Шефот на пожарникарите во Лос Анџелес, Кристин Кроули, го опиша пожарот во Палисадес како една од најразорните катастрофи во историјата на градот, со илјадници уништени објекти и масовна евакуација.
Целосно се уништени делови од Лос Анџелес и околните области низ кои беснееше страшниот пожар.
Од фотографиите се гледа дека бројни куќи се изгорени до темел, а дека пожарот се уште беснее во другите делови на градот.
Свет
(Видео) Пожарот во Лос Анџелес ги „проголта“ домовите на Џеф Бриџис и мајката на Тори Спелинг
Продолжува серијата познати личности чии домови беа уништени од разорниот пожар во Лос Анџелес. Новите „жртви“ беа актерот Џеф Бриџис и Кенди Спелинг, мајка на актерката Тори Спелинг.
Менаџерот на Бриџис потврди за ТМЗ дека куќата во која живеел актерот со семејството изгорела до темел. За ова зборуваше и Кенди Спелинг, која живееше во вилата вредна 24 милиони долари со нејзиниот сопруг, продуцентот Арон Спелинг.
🇺🇸🔥 Malibu wildfires have left many, including Candy Spelling, homeless as raging flames devastate the area. This destruction underscores the persistent threat of wildfires in Southern California.#Malibu #California #MalibuFires #CaliforniaWildfires #JeffBridges #CandySpelling pic.twitter.com/EdjapiFe6L
— T&T News (@t_t_news_) January 9, 2025
„Во шок сум и се обидувам да ја сварам оваа голема загуба за нашето семејство. Неизмерно сум благодарна за спомените. Куќата ни беше прекрасен подарок“, коментираше Кенди. Нејзиниот пријател Џош Флаг, исто така, рече дека бил погоден од загубата на куќата на Кенди, каде што порано го поминувал времето.
Џеф и Кенди сега се приклучија на листата на познати личности чии домови беа уништени од пожарите кои беснеат во Лос Анџелес. Меѓу нив се Лејтон Мистер и Адам Броди, Парис Хилтон, Џејмс Вудс, Били Кристал, Ентони Хопкинс и многу други.
Свет
Маск вети бесплатен интернет во регионот погоден од шумските пожари
Илон Маск рече дека Starlink, провајдер на сателитски интернет во сопственост на SpaceX, ќе започне да нуди бесплатни терминали во областите погодени од шумски пожари почнувајќи од петок.
Маск го потврди ова на Икс како одговор на видеото од локалниот известувач од ТВ станицата FOX 11, кој рече дека станицата се потпира на Starlink за емитување вести. „Единствената причина поради која можете да не видите сега е поради врската Starlink што ја добивме денес. Апсолутно нема мобилна услуга во целата оваа област“, рече новинарката.
Starlink користи физички терминали за поврзување со констелација сателити за да обезбеди интернет низ целиот свет.
Маск претходно им ги нудел овие врски на луѓето во итни случаи. Обезбеди бесплатен интернет за погодените од ураганите Хелен и Милтон, а извештаите покажуваат дека SpaceX дистрибуирал илјадници приемници потребни за поврзување со Starlink во тоа време.
Нејасно е како компанијата ќе определи кој и каде ќе ги дистрибуира терминалите и колку долго оние кои ќе добијат пристап до нив ќе можат бесплатно да се поврзат на интернет.