Свет
Чешка не е против американски радар вперен кон Русија
Шефот на чешкатадипломатија Карел Шварценберг изјави дека не би му пречело доколку радар одамериканскиот антиракетен штит во Чешка биде вперен кон Русија.
Шефот на чешката дипломатија Карел Шварценберг изјави дека не би му пречело доколку радар од американскиот антиракетен штит во Чешка биде вперен кон Русија. „Мене тоа не би ми пречело, но на Русите би им пречело. Зошто мене да ми смета тоа? Теоретски знаеме дека руските радари ја покриваат нашата територија и ние поради тоа не се нервираме“, изјави Шварценберг во интервју за чешкиот весник „Хосподаршке новине“. „Зборувам за ставот на Русија тие да можат да не надгледуваат, а ним им пречи доколку некој радар од кај нас е упатен кон нив. Јас се прашувам зошто е тоа така“, изјави Шварценберг. Чешкото Министерство за надворешни работи категорично ги отфрли предупредувањата на руските генерали за тоа дека евентуалните лансирани ракети од Полска, насочени со помош на радарите од Чешка против иранските проектили, руската противракетна одбрана би можела погрешно да ги протолкува како напад врз Русија и по грешка да ги лансира своите ракети кон Чешка и Полска. „Јазикот на руските генерали е неприфатлив, а во демократскиот свет дури незамислив“, изјави портпаролот на чешкото Министерство за надворешни работи Зузана Оплеталова. „Кога ги слушнав зборовите на рускиот генерал за автоматска реакција, тоа во мене предизвика сеќавање на најлошите времиња“, изјави и полскиот премиер Доналд Туск. Тој нагласи дека ниту еден руски генерал нема да повлијае врз полско – американските преговори за поставувањето на американскиот антиракетен штит во Полска. Шефот на полската дипломатија Радослав Сикорски потврди дека Варшава внимателно ќе ги сослуша аргументите на Русија против европската база на американскиот антиракетен штит во Полска и Чешка, но оти конечната одлука Полска да ја донесе самостојно. Началникот на Генералштабот на руската армија, генерал Јуриј Балујевски во саботата на прес конференција изјави дека рускиот противракетен систем е толку автоматизиран, поради што стартот на ракетите од базата во Полска би можел да биде погрешно оценет како напад и да предизвика повратен напад од Русија./крај/бе/ам Copyright 2007 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најмалку две лица загинаа, а голем број се повредени во торнадото во Тексас и Оклахома
Најмалку две лица загинаа, а голем број се повредени во торнадото што ги погоди американските сојузни држави Тексас и Оклахома.
Торнадото предизвика штети на автопатот што ги поврзува двете држави, како и на домови и далноводи во бројни градови во Тексас, Оклахома и Арканзас, оставајќи 250.000 домаќинства без струја.
„Торнадо го погоди округот Дентон во саботата вечерта, а нема извештаи за повредени“, соопштија локалните власти.
Регион
Непознат маж се обидел насилно да влезе во пилотската кабина на авионот на аеродромот Гардермоен во Осло
Непознат маж се обидел насилно да влезе во пилотската кабина на авионот на „Норвешка Ер“ на аеродромот Гардермоен во Осло, кој требало да полета на летот DI1990 за Сплит во 6.50 часот, а кога не успеал, се заклучил во тоалетот во задниот дел од авионот, објави хрватски Дневник.
Норвешката полиција подоцна го идентификуваше лицето како 23-годишен хрватски државјанин.
Мотивите за овој чин засега не се познати.
Авионот бил полн со патници кои главно патувале во централна Далмација на одмор. Повеќето од нив не забележале дека се случува нешто необично, дури ни оние што седеле напред.
„Авионот веќе полета и додека се движеше кон делот од пистата, наеднаш застана. Првото известување до пилотот било дека има технички проблеми и дека мора да застанат. Полицајците влегле во предниот дел и по краток разговор се упатиле назад каде што се заклучил. Во авионот имало тепачка, сите сакале да видат што се случува, па не било јасно дали полициските сили влегле во тоалетот или патникот сам се предал. Секако, тројца полицајци му ставиле лисици и преку пистата го одвеле до аеродромската зграда“, изјави еден од патниците кој со сопругата патувал за Водице, Хрватска.
Како што подоцна соопшти полицијата, патникот не бил во алкохолизирана состојба или под дејство на други опијати. Засега не е познато кои биле неговите крајни намери.
По завршувањето на сите формалности, новиот лет за Сплит пристигна околу 9 часот.
Компанијата им се извини на сите патници за доцнењето од два часа.
Свет
Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи
Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи, а пет се спасени и префрлени во друга болница, соопштија денеска локалните власти.
Сопственикот на болницата за бебиња во која избувна пожарот во саботата е во бегство, соопшти полицијата.
Како што пренесе Тајмс оф Индија, пожарот е ставен под контрола, а истрагата за причините за несреќата е во тек.