Свет
Студен бран и невреме зафати делови од Русија
Додека главниот град на Русија со денови се бори со огнена стихија и е задушен во чад, вториот по големина руски град Санкт Петерсбург е соочен со студен бран и невреме, кое нанесе значителна материјална штета.
Додека главниот град на Русија со денови се бори со огнена стихија и е задушен во чад, вториот по големина руски град Санкт Петерсбург е соочен со студен бран и невреме, кое нанесе значителна материјална штета.
Делови на северозападна Русија ноќеска беа зафатени од разорно невреме, кое предизвика материјална штета, а 100.000 лица во Санкт Петерсбург и околината останаа без струја, јави Хина.
Рускиот премиер Владимир Путин издаде упатства за итна санација на последиците од бурата, а во степен на приправност се медицинските и социјалните служби.
Метеоролозите предвидуваат дека влажниот бран ќе се спушти до Москва, која се очекува да биде зафатена од силен ветер, дожд и град. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ЕУ постигна договор за поврзување на Киев со Европскиот фонд за одбрана
Украина ќе биде поврзана со Европскиот фонд за одбрана – ова е вклучено во привремениот договор постигнат меѓу Советот на ЕУ и Европскиот парламент за мерки за стимулирање на инвестициите во одбраната во тековниот буџет на ЕУ со планот „Вооружете ја Европа“.
Одлуката ја нагласува континуираната посветеност на ЕУ кон безбедноста, отпорноста и постепената интеграција на Украина во европската одбранбена индустриска база.
За таа цел, двете институции се согласија да ја прошират финансиската поддршка на ЕУ во рамките на Хоризонт Европа за претпријатија со двојна намена и претпријатија поврзани со одбраната.
Договорот мора повторно да биде одобрен од Советот и Европскиот парламент пред официјално да стапи во сила.
Свет
Полска и Романија воведуваат нов систем на оружје за одбрана од руски беспилотни летала
Полска и Романија воведуваат нов систем на оружје за одбрана од руски беспилотни летала, по серијата повреди на воздушниот простор на земјите-членки на НАТО во последните неколку месеци.
Системот „Меропс“ со седиште во САД, доволно мал за да се смести во задниот дел на пикап со средна големина, може да идентификува беспилотни летала и да им се приближи, користејќи вештачка интелигенција за навигација кога сателитските и електронските комуникации се прекинати, објавува АП.
Покрај распоредувањето во Полска и Романија, „Меропс“ ќе го користи и Данска, изјавија воени претставници на НАТО, истакнувајќи дека одлуката е донесена како дел од напорите за зајакнување на одбраната на источниот дел на алијансата.
Целта е границата со Русија да биде толку полна со оружје што Русија дури и да не помисли на инвазија, од Норвешка на север до Турција на југ, изјавија претставници. Потребата за ваков вид технологија стана очигледна откако околу 20 руски беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор на почетокот на септември.
Авиони од повеќе милиони долари мораа да одговорат на беспилотни летала вредни десетици илјади долари.
Подоцна, Романија се соочи и со упад на беспилотни летала, додека аеродромите во Копенхаген, Минхен, Берлин и Брисел беа привремено затворени поради беспилотни летала.
Беспилотни летала се забележани и во близина на воени бази во Белгија и Данска, според написите.
Фото: принтскрин
Свет
(Видео) Сопругата на убиениот Чарли Кирк за последните моменти со него: „Не го бакнав за збогум“
Ерика Кирк, сопруга на убиениот американски активист Чарли Кирк, во емотивно интервју за „Фокс њуз“ зборуваше за нивните последни моменти пред убиството во септември за време на неговиот говор на Универзитетот во Јута Вали.
Таа се присети дека последната ноќ била мирна и семејна кога нивната ќерка Џиџи им се придружила во креветот, па Чарли заминал да спие во друга соба.
„Му реков: „Оди спиј во нејзината соба, сакам добро да се наспиеш. Ќе го вклучам клима-уредот за да ти биде удобно. Само одмори се за да бидеш подготвен утре.
.Утредента тој влегол во тоалетот тивко, ја зел бурмата и не ја разбудил по што заминал.
„Не го бакнав ни за збогум“, изјави Ерика со треперлив глас.
Ерика често е под лупа на јавноста, а во истото интервју им одговари на критичарите што го анализираат секој нејзин потег. Нејзината реакција дојде откога прегратката со потпретседателот Џ. Д. Венс беше опишана како несоодветна на социјалните мрежи.
„Камерите беа околу мојот сопруг кога беше убиен. Камерите беа околу моите ужалени пријатели и семејството. Камерите беа околу мене анализирајќи го секој мој потег, анализирајќи ја секоја моја насмевка, секоја моја солза“, рече таа.

