Македонија
ДУИ: Евро-атлантската ориентација е единствена алтернатива за Македонија
Охридскиот договор останува примарен и врвен приоритет, а единствено внатрешната кохезија и добрите меѓуетнички односи може да создадат една здрава основа за функционална мултиетничка демократија.
Ова се главните заклучоци од синоќешната седница на Претседателството на владејачката Демократска унија за интеграција(ДУИ).
Како што соопштуваат од ДУИ, највисокото партиско тело ја свикало седницата на која била разгледувана актуелната политичка ситуација во државата, создадена по самитот на НАТО во Лисабон. Притоа, во ДУИ уште еднаш силно ја афирмирале евро-атлантската ориентација како единствена алтернатива за иднината на земјата.
„Целосно свесни и одговорни за актуелните предизвици, ние ќе продолжиме да се ангажираме и да придонесуваме интегрирањето на Македонија во НАТО и ЕУ да стане што поскоро реалност“, се наведува, меѓудругото, во соопштението на ДУИ.
Политичкиот дијалог, внатре-етнички во албанската заедница, меѓуетничкиот, како и дијалогот на ниво на партнерство со меѓународната заедница, останува суштински значаен за градењето на нашата демократија, се подвлекува во соопштението на ДУИ. /крај/со/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Прилеп – Македонски Брод преку планинскиот превој Барбарос
Од 18:00 часот сообраќајот на патниот правец Прилеп – Македонски Брод преку планинскиот превој Барбарос е нормализиран.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
„Скопска Новогодишна приказна“ – Кисела Вода организира дочек на Новата 2025 година
На платото пред спортската сала Расадник, Општина Кисела Вода ќе организира весела и незаборавна прослава на Новата 2025 година. На 31 декември, под слоганот „Скопска Новогодишна приказна“, жителите на Кисела Вода и сите граѓани на Скопје ќе имаат можност да уживаат во целодневна програма со богати содржини за сите генерации, информираат од општината.
Настанот започнува во 10:30 часот со настап на Балетското студио „Лебед“, а ќе продолжи со Бисера Мојаноска и театарската група „Театар за тебе“. Малите посетители ќе уживаат во настапот на „Поточиња“, аниматорите и задолжителниот Дедо Мраз, кој овој пат ќе биде во друштво на ликот Гринч.
Вечерната програма започнува во 20:00 часот со настап на популарната група „Куку Леле,“ продолжува со Игор Џамбазов, кој е и водител на вечерта, а ќе настапи заедно со „Гуру Харе Бенд.“ Потоа, на сцената ќе се појават ДНК и Врчак, а кулминацијата и пречекот на Новата година ќе го означи настапот на Лозано.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски нагласува дека Кисела Вода повторно се позиционира како општина која знае да организира врвни настани со квалитетна музичка понуда, потсетувајќи на успешните културни лета кои со години привлекуваат голем број посетители.
-Додека од Град Скопје нема никаква најава за организирана прослава за најлудата ноќ, Општина Кисела Вода уште еднаш докажува дека е лидер во организирањето културни настани. Со домашни изведувачи кои се миленици на публиката, создадовме програма која ги обединува генерациите. Ова е наш подарок не само за жителите на општината, туку за целиот град. Ги поканувам сите скопјани да ни се придружат и заедно да ја пречекаме 2025 година со многу радост, музика и убави мигови. Сите сте добредојдени да бидете дел од оваа „Скопска Новогодишна приказна“, која ветува незаборавна забава и многу позитивна енергија- изјави Ѓорѓиевски.
Македонија
Сообраќајот на преминот Буково-(Ресен-Охрид) се одвива во една коловозна лента, наизменично
Во 17.35 сообраќајот на преминот Буково-(Ресен-Охрид) се одвива во една коловозна лента наизменично, информира АМСМ.