Свет
Светска банка: штетите од природните катастрофи тројно поголеми
Годишните глобални загуби од природните катастрофи до крајот на овој век би можеле да се зголемат тројно и да изнесуваат 185 милијарди долари, дури и без да се смета влијанието на климатските промени, соопшти Светската банка, пренесува Assocated Press
Во извештајот на СБ негативното влијание на климатските промени до тогаш може да се зголеми за уште 28 милијарди, на постоечките 68 милијарди долари штета годишно.Извештајот од 250 страници, со наслов „Природни опасности, неприродни катастрофи: економијана катастрофите“, беше објавен денеска во Вашингтон. Во него се предупредува дека бројот на луѓето изложени на бури и земјотреси во големите градови би можел да се дуплира и до 2050 година да достигне 1,5 милијарди луѓе. Во извештајот се нудат голем број на препораки за спречување на смртта и уништувањето од природните опасности, како што се земјотресите, ураганите и поплавите, од кои годинава настрадаа повеќе држави, од Хаити до Пакистан. Спроведувањето на овие мерки, се вели во извештајот, не значи дека владите ќе треба да трошат повеќе, туку само подобро. На пример, владите би можеле да ги направат лесно достапни информациите за опасностите и ризиците. „Овој извештај ги претставува неопходните докази кои на Владите кои се наши клиенти ќе им помогнат да ја намалат својата чувствителност од природни катастрофи. Ние и нашите партнери од ОН сме подготвени да им помогнеме на владите на земјите во развој кои се најизложени“, изјави Роберт Зелик, претседател на банката. Извештајот е производ на двегодишните напори на 70 експерти од разни дисциплини и институции, претежно економисти, но и климатски стручњаци, географи, политички научници и психолози.Единствената област каде што експертите препорачуваат поголемо трошење е кај системите за рано предупредување, особено при предвидувањето на временските прилики. Во последно време е постигнат голем напредок во предвидувањето на времето, со тоа што повеќе од 85 проценти од тридневните прогнози се точни, додека кај еднонеделните тој процент е над 50. Сепак, како што вели извештајот, многу малку земји го искористиле овој напредок, поради неадекватното финансирање на надлежните служби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Околу 130.000 домаќинства и компании во Сан Франциско останаа без струја
Околу 130.000 домаќинства и компании во американскиот град Сан Франциско вчера останаа без електрична енергија. Напојувањето со електрична енергија постепено се стабилизира и сега речиси 20.000 потрошувачи се без струја.
Електрична енергија немаше во северниот дел од градот, поради што беа затворени голем број продавници и ресторани, а нарушен беше и градскиот транспорт.
Компанијата „Пацифик гас енд електрик“ ((Pacific Gas and Electric, PG&E), соопшти дека се истражува причината за масовниот прекин на електричната енергија, додавајќи оти се стабилизира електричната мрежа и не се очекуваат нови прекини.
Според противпожарната служба, дел од прекините беа предизвикани од пожар што избувна во потстаница на ПГ&Е.
Свет
Зеленски бара уште една средба со европските сојузници
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека поддржува да се одржи нова средба со европските сојузници по состанокот на украинската делегација и американските претставници во Мајами, Флорида.
Постои општо чувство дека по работата на нашиот дипломатски тим во САД, сега треба да одржиме консултации со европските партнери во поширок формат, објави Зеленски на платформата Икс, по телефонскиот разговор со норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе.
Зеленски разговорите во Мајами ги опиша како конструктивни и оти е забележан брз напредок.
Тој обвини дека Русија не сака да ја заврши војната и за една недела руските сили употребиле речиси 1.300 борбени дронови, околу 1.200 бомби и девет крстосувачки и други ракети врз Украина.
Свет
По повеќе од 400 години данската пошта прекинува со достава на писма
Данската пошта денеска соопшти дека на 30 декември ќе ја изврши последната достава на писма, со што се завршува традицијата долга повеќе од 400 години, која датира уште од 1624 година.
Причината за потегот е тоа што во текот на последните 25 години испраќањето писма драстично опадна – за повеќе од 90 отсто.
„PostNord“, компанијата која настана со спојување на шведската и данската пошта во 2009 година, претходно соопшти дека ќе укине 1.500 работни места во Данска и ќе отстрани 1.500 поштенски сандачиња, со оглед на тоа што побарувачката за писма драстично опадна, додека онлајн купувањето продолжува да расте. Оваа компанија, која и понатаму ќе доставува писма во Шведска, нагласи дека во Данска на нејзино место доставата ќе ја преземе компанијата „Dao“, која веќе врши достава на писма и која планира да ги прошири своите услуги од 1 јануари.
Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека меѓу младите доаѓа до повторен пораст на пишувањето писма. Истражувањето на „Dao“ покажа дека лицата на возраст меѓу 18 и 34 години испраќаат два до трипати повеќе писма отколку другите возрасни групи, а истражувачот на трендови Мадс Арлиен-Соборг верува дека младите се свртуваат кон пишувањето писма како „противтежа на дигиталната преоптовареност“.
Според данскиот закон, мора да постои можност за испраќање писма, што значи дека доколку „Dao“ одлучи да ја прекине доставата, владата би била обврзана да именува друга компанија за таа задача.
Законот за дигитален идентитет, „MitID“, се користи за сè – од онлајн банкарство до закажување прегледи кај доктор, а поголемиот дел од официјалните комуникации се испраќаат преку дигитална пошта наместо со обична пошта.
Денес 97 отсто од данската популација постара од 15 години е регистрирана во „MitID“, додека само пет отсто одлучиле да се откажат од дигиталната пошта.
– Бевме данска пошта 400 години и затоа ова е тешка одлука, но Данска стана сè подигитална, што значи дека денес речиси и да нема писма. Со оглед на падот на побарувачката, пазарот на писма повеќе не е профитабилен, изјави заменикот извршен директор на „ПостНорд Данска“, Ким Петерсен.

