Свет
Г-20 согласни против „валутните војни“
Лидерите на големaта дваесетка на самитот во Сеул се согласија да се избегнува прекумерната нестабилност и флуктуациите на валутите, како и да се воздржуваат од конкуретните девалвации на валутите, се напоменува во потпишаните документи
Лидерите на земјите од Г-20 ја потврдија важноста на посветеноста на централни банки во намерите да се обезбеди стабилност на цените, со што се придонесува за економско заздравување и одржлив раст.„Ние ќе се движиме кон создавање систем на разменски курсеви, во голема мера определени од пазарните услови и кои поточно ги одразуваат главните економски индикатори, и ќе се воздржуваме од конкурентската девалвацијана влаутите“, се напоменува меѓу другото во документите на самитот во Сеул.„Земјите со развиени економии, вклучувајќи ги и земјите со резервни валути, ќе бидат внимателни да не дозволуваат несразмерна нестабилност и повремено осцилирање на девизниот курс Овие заеднички акции ќе помогне во намалувањето на ризикот од прекумерна нестабилност на тековите на капиталот со кои се судирааат некои држави со некои нови пазари““, изјавија лидерите на Г-20.Тие ја потврдија нивната намера да се интензивираат напорите да се обезбеди стабилно и одржливо работење на меѓународниот монетарен систем и го повикаа Меѓународниот монетарен фонд да ја продлабочи својата работа во овој правец.Во заедничкото комунике по дводневниот форум државните и владините лидери на дваесетте најразвиени земји и растечки економии нагласуваат дека се договориле да дејствуваат за попазарно определени монетарни курсови.Некоординираните економски политики ќе доведат до најлошото, се додава во текстот, во кој Г-20 се согласува и за воведување на банкарски правила.По средбата лидерите на Г-20 потпишаа документи кон декларацијата, вклучувајќи и рамковен договор за обезбедување на стабилен и балансиран економски пораст ткн. Сеулски план за дејствување, документ за реформирање на меѓународните финансиски организации, модернизирање на системот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), за борба против протекционизмот и заострување на трговијата и инвестициите.Лидерите побараа нивните министри за финансии да состават примерни основни насоки за утврдување на големи дисбаланси во тековните сметки, кои се закануваат да ја дестабилизираат глобалната економија. Овој текст, вклучен во заклучната декларација од средбата, има за цел навреме да се откриваат дисбалансите, барајќи превентивни и корективни дејствија.Следната средба на врвот на Г-20 ќе се одржи следната година во Франција, а во 2012 година во Мексико
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на НАТО: Кина сака добри односи со Западот и и помага на Русија, не може да ги има и двете
Кина мора да престане да ја поддржува руската војна во Украина ако сака да ужива во добри односи со Западот, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, предупредувајќи го Пекинг со невообичаено остри зборови дека не може да ги има и двете. За време на посетата на Берлин, шефот на западната воена алијанса рече дека помошта на Пекинг е од витално значење за воените напори на Москва бидејќи ја зајакнува воената економија на Русија со споделување на врвна технологија, како што се полупроводниците.
„Минатата година Русија увезе 90 отсто од својата микроелектроника од Кина, која се користи за производство на проектили, тенкови и авиони. Кина исто така работи на Русија да и обезбеди подобрени сателитски способности“, рече Столтенберг. „Кина вели дека сака добри односи со Западот. Во исто време, Пекинг продолжува да го поттикнува најголемиот вооружен конфликт во Европа од Втората светска војна. Не може да ги има и двете“, предупреди тој.
Столтенберг ги предупреди западните сојузници да не станат зависни од Кина како што беа од Русија. „Во минатото направивме грешка што станавме зависни од руската нафта и гас. Не смееме да ја повториме таа грешка со Кина и да зависиме од нејзините пари, суровини и технологии. Зависноста не прави ранливи“, додаде тој.
Кина ги зајакна трговските и воените врски со Русија во последниве години, бидејќи САД и нивните сојузници воведоа санкции и на двете, но особено на Москва, поради нејзината инвазија на Украина. Рускиот претседател Владимир Путин изјави во четвртокот дека планира да отпатува за Кина во мај, но не прецизираше точно кога.
Свет
САД градат привремено пристаниште во близина на Газа за испраќање хуманитарна помош
Соединетите Држави почнаа да градат пристаниште во Газа, соопшти денеска Пентагон, проект кој треба да ја олесни испораката на хуманитарна помош на палестинската територија. Пристаништето треба да профункционира на почетокот на мај.
Во март, претседателот Џо Бајден објави дека американската војска ќе изгради привремено пристаниште на медитеранскиот брег на Газа за да добива хуманитарна помош по море.
Изградбата е дел од напорите да се спречи гладувањето во палестинската енклава, која веќе пет месеци се наоѓа во средината на израелската воена кампања против Хамас, која го опустоши Појас Газа и ги потопи нејзините 2,3 милиони луѓе во хуманитарна катастрофа.
„Можам да потврдам дека американските воени бродови, вклучително и УСНС Бенавидез, почнаа да градат привремено пристаниште…“ изјави за новинарите портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.
ОН предупредија дека Газа е во опасност од глад и се пожалија на „огромни пречки“ при добивањето помош и нејзино дистрибуирање низ енклавата.
Агенциите за помош и администрацијата на Бајден го молеа Израел да ја олесни испораката на помош во Газа и да им дозволи на нивните конвои безбедно поминување на територијата.
Рајдер рече дека Пентагон следи некој вид минофрлачки напад во Газа што предизвика минимална штета во близина на областа каде што се гради пристаништето, но додаде дека американските сили сè уште не почнале да преместуваат ништо во областа и дека нема американски сили на теренот.
Свет
(Видео) Големи поплави во Танзанија, загинаа 155 луѓе
Во поплавите во Танзанија загинаа 155 луѓе, а најмалку 236 се повредени, изјави денеска премиерот Касим Мајалива. Во поплавите оштетени се повеќе од 10.000 куќи.
Премиерот додаде дека обилните дождови предизвикани од Ел Нино и придружени со силен ветер доведоа до поплави и лизгање на земјиштето во различни делови на земјата.
„Многу луѓе загинаа. Имаше штета на посевите, куќите, инфраструктурата како патишта, мостови и железници“, рече Мајалива.
Поплави ја погодија и Кенија, која се граничи со Танзанија на истокот на Африка, при што загинаа повеќе од 30 луѓе, пишува Си-ен-ен.
Во Кенија врне силен дожд од средината на март, а врнежите се интензивираа минатата недела. Кенискиот Црвен крст изврши повеќе од 188 спасувачки операции од март. Властите вчера затворија некои патишта во главниот град на Кенија, а неколку населби беа поплавени.