Свет
Демантирана веста за смртта на синот на Гадафи
Либиската влада во петокот ги демантираше информациите за загинувањето на бригадниот командант Хамис Гадафи, најмладиот син на либискиот водач полковникот Моамер ел-Гадафи во воздушен напад на НАТО.
Либиската влада во петокот ги демантираше информациите за загинувањето на бригадниот командант Хамис Гадафи, најмладиот син на либискиот водач полковникот Моамер ел-Гадафи во воздушен напад на НАТО.„Тоа се лажни информации. Тие измислуваат вести за Хамис Гадафи во Злитан за да ги прикријат нивните убивања“, изјави за Reuters портпаролот на либиската влада, Муса Ибрахим.Ибрахим додава дека станува збор за „валкана манипулација поради прикривање на злосторствата сторени во Злитан“. И убивањето на членовите на либиското семејство Ал Марабит.НАТО не ги коментираше информациите кои дојдоа од бунтовничките редови дека најмладиот син на полковникот Моамер ел-Гадафи загинал во воздушен напад на неговите борбени авиони, но потврди дека Алијансата во четвртокот ги бомбардирала командните и контролни позиции во подрачјето на Злитан. Претставниците на НАТО од оперативната команда во Неапол изјавија дека слушнале за информациите за смртта на синот на Гадафи, но дена не можат да ги потврда. „во овој момент не можеме ништо да потврдиме“, бидејќи нема луѓе на тој терен, но се обидуваме да дознаеме што точно се случило“, изјавил соговорник на Reuters од командата во Неапол.Хамис Гадафи е командант на 32-та бригада на либиската армија, којашто според воените експерти е најефиканската, најдобро обучената и најдобро опремена воена единица на либиската армија лојална на Гадафи и централен дел на државниот безбедносен апарат. Хамис долго време ги предводи про-режимските милициски групи во градот Злитан и командува со борбите за овој западен град за да сопре напредувањето на бунтовничките сили кон главниот град Триполи. Тие во Злитан ги држат позициите за одбрана на Триполи кој е оддалечен околу 160 километри.Либискитe бунтовници во петокот претпладне тврдеа дека еден од Хамис Гадафи е убиен во воздушен напад на авионите на НАТО во западниот град Злитан.„Во текот на ноќта беше извршен авионски напад од страна на НАТО врз штабот за воени операции на силите на Гадафи во Злитан, при што се убиени околу 32 војници. Еден од нив е Хамис“, изјави Мохамед Завави, портпарол на обединетите либиски револуционерни сили.Завави додава тој ја добил информацијата од бунтовничките шпиони инфилтрирани во редовите на војската на Гадафи.Градот Злитан се наоѓа на патот меѓу упориштето на либиските востаници, Мисрата и Триполи а бунтовничките сили веќе подолго време се обидуваат да го заземат и да го ослободат крајбрежниот пат кон либиската престолнина.Во воздушен напад на авионите на НАТО од ноќта меѓу 30-ти април и 1-ви мај врз резиденцијата на Гадафи во Триполи, беше убиен најмладиот син на либискиот водач, 29-годишниот Саиф ал-Араб кој немаше јавни и воени функции. како и три внуци на Гадафи – двегодишниот Сеиф, двегодишната Картаџе и четиримесечното бебе Мастура, како и неколкумина негови пријатели и соседи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Бугарскиот уставен суд ја прифати оставката на Радев, Јотова ја презема функцијата
Уставниот суд ја прифати оставката на бугарскиот претседател Румен Радев, јавуваат бугарските медиуми.
Според одлуката на судиите, овластувањата на Румен Радев како претседател престануваат предвреме со потврдувањето на неговата оставка од страна на Уставниот суд . Одлуката стапува во сила денес, 23 јануари.
Уставниот суд го разгледа барањето на Радев без да мора да го сослуша или да побара дополнителни докази, бидејќи испитувањето беше ограничено на утврдување на лична изјава за волја – прашање кое, според судот, нема сложени правни пречки.
На расправата учествуваа 12 уставни судии, а за уставниот случај извести судијката Павлина Панова.
Оставката ја поднесе Радев по обраќањето до бугарскиот народ на 19 јануари, во кое објави дека се повлекува од функцијата со цел активно да учествува на претстојните предвремени парламентарни избори и евентуално да учествува во политички проект или партија.
„Инвестор.бг“ потсетува дека одлуката на Уставниот суд е историска – ова е прв случај во поновата историја на Бугарија во кој актуелен претседател поднесува оставка пред истекот на мандатот, а судот го разрешува од функцијата.
Потпретседателката Илијана Јотова автоматски ја презема функцијата нов шеф на државата до крајот на нејзиниот мандат на 21 јануари 2027 година. Таа ќе ги извршува функциите на претседател, вклучително и назначување на привремена влада и подготовка за следниот изборен процес.
Фото: ЕПА
Регион
Дедото уапсен под сомнение за обљуба над малолетната внука во Белград
Полицијата на територијата на Белград го уапси Г. М. (57) бидејќи постоеле основи на сомнение дека сторил кривично дело обљуба над дете.
Жртвата е неговата четиринаесетгодишна внука, која ја дала изјавата во присуство на нејзината мајка, според медиумите во соседството.
Осомничениот е задржан од полицијата до 48 часа, во кој период ќе биде приведен на сослушување.
Според написите, се сомнева дека дедото наводно го сторил ова тешко кривично дело врз својата внука во неколку наврати.
Случајот го презеде Вишото јавно обвинителство во Белград, кое ќе спроведе понатамошна истрага. Бидејќи жртвата е малолетно лице, истражните органи ќе ги преземат сите мерки за заштита на интегритетот на детето, а изјавата ќе биде земена во присуство на експерти и психолози.
Кривичниот законик на Србија предвидува исклучително строги санкции за злоупотреба на деца. За најтешките форми на ова кривично дело, особено кога има роднинско сродство или злоупотреба на положбата, се заканува затворска казна од најмалку 10 години или доживотен затвор.
Сите надлежни служби, вклучително и Центарот за социјална работа, се вклучени во обезбедување поддршка и заштита на жртвата од самиот момент на пријава, според медиумите.
Регион
По девет години на чело на Бугарија, Румен Радев ја напушта претседателската функција
По девет години, бугарскиот претседател, Румен Радев ја напушта претседателската функција.
Уставниот суд денес во земјата ќе одржи расправа за случајот покренат во врска со неговата оставка, јавуваат бугарските медиуми.
Оставката на Радев беше поднесена до Уставниот суд во вторник, еден ден откако тој ја објави својата одлука да се повлече од функцијата и да се кандидира на претстојните предвремени парламентарни избори во специјално обраќање до бугарските граѓани.
Така завршува неговиот речиси децениски престој во „Дондуков“ 2 – прво како претседател во два последователни мандати, а потоа и како клучна фигура во низа политички кризи и привремени влади.
Според Уставот, во случај на предвремено прекинување на претседателскиот мандат, овластувањата на шефот на државата ги презема потпретседателот до истекот на мандатот . По одлуката на Уставниот суд, функцијата ќе ја извршува Илијана Јотова.
Се очекува таа да ја продолжи постапката за назначување на привремена влада, вклучително и спроведување на задолжителните консултации со потенцијалните кандидати за привремен премиер и одредување на датумот за предвремени парламентарни избори, пишува „њуз.бг“.
Според информациите од претседателската институција, Румен Радев официјално ќе ја напушти претседателската зграда денес во 16:00 часот. На свечениот влез ќе го испрати Илијана Јотова, која, по одлуката на Уставниот суд, ќе ги преземе функциите претседател на Република Бугарија.

