Македонија
ВМРО-ДПМНЕ со велигденска честитка за сите православни христијани
ВМРО-ДПМНЕ на сите православни христијани во Република Македонија им го честита најголемиот и најсветлиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден.
Велигден е ден на радоста и најсветол ден. Христовото Воскресение ни подари вечен живот, за ние животот да го славиме со чиста душа и добра мисла, да си помагаме еден со друг, да го почитуваме семејството, и да живееме во спокој и мир.
Блаженството и спокојот кои ги носи овој празник да ги споделиме со нашиот ближен, со нашите најмили, нашите роднини, соседи, со нашите пријатели. Само во тој дух можеме да ја исполниме целта на сопствениот живот, но и да придонесеме кон благосостојба и напредок на другите околу нас, да придонесеме за просперитетна и духовно побогата Македонија.
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ, НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!
Нека е честит и вековит празникот,Нека е вечна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Левица: Радикално кратење на земјоделските субвенции, десничарската ДПМНЕ покажува дека не и требаат земјоделци
Со усвојувањето на новата програма за унапредување и поддршка на македонскиот аграр од страна на владата, сведоци сме дека оваа таканаречена програма не нуди ни унапредување ни поддршка, а ни развој на домашното земјоделско производство на храна, велат од Левица.
Ова, како што додаваат, е уште една капка која веќе ја прелива чашата на неиздржливост, која радикално десничарската реакционерна партија ДПМНЕ, им ја сервираше на македонските земјоделци во овие неполни две години власт.
„Партијата позната по криминалот и корупцијата, по луксузот кој си го уживаат нејзините функционери платени од парите на работниците, реши да ги скрати земјоделските субвенции за цели 40 милиони евра, од 140 на 100 милиони евра, пари кои сега нема да отидат кај земјоделците туку партијата ќе си ги троши за свои потреби.
И оваа е уште една од вестите за катастрофата што и се случува на нашата земја и домашното производство на храна, после веста дека во 2025 година имаме рекорден увоз на храна од над 1,1 милијарди евра, односно, околу 600 милиони евра трговски дефицит кај храната, пари кои наместо кај домашните земјоделци, завршија кај странските корпорации и трговците блиски до партијата на власт“.
Затоа, за да се спречи пропаста на нашето земјоделско производство и да се заштитат земјоделците кои од чесни производители на храна, оваа влада има намера од нив да направи социјални случаи, апелираме, истакнуваат од Левица, на будност и спремност, на неопходно организирање и преземање на работите и судбината во свои раце.
Македонија
До 15 февруари трае трката за „Млад инженер на годината“: повик до младите таленти до 35 години да се пријават
Инженерската институција на Македонија информира дека повикот за пријавување на инженери за избор за наградата Млад инженер на годината трае до 15.02.2026 година (недела). На овој повик може да се пријават сите млади инженери до 35 години (вклучувајќи и 35 години) на следниот ЛИНК.
Како што потврдуваат од ИМИ, освен возраста, новиот Млад инженер ќе се избира согласно постигнатите инженерски резултати во 2025 година, лидерството и инспирацијата за младите; креативноста и иновативноста; споделувањето знаење, ангажирањето во заедницата и општествено и етичкото влијание на околината.
Свеченото прогласување на новиот млад инженер ќе се одржи на 31.03.2026 година во Холидеј ин. Повод за доделување на признанието е 21 март – Денот на македонските инженери. Целта на оваа иницијатива е да се промовираат младите инженери на национално и меѓународно ниво што ќе придонесе младите луѓе да се насочуваат кон инженерска професија.
Новиот Млад инженер ќе учествува на Европската конференција на млади инженери. Согласно правилата, од сите пријавени кандидати, во потесна селекција ќе бидат избрани 5 лица за кои гласа Комисија на ИМИ и од нив се избира победникот.
Минатата година со ова Признание се закити Филип Попоски од Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Партнер на настанот е Друштвото за комуникациски менаџмент Чептер 4.
Македонија
Мицкоски: Заедничка изјава и рамка за договор за балансирана трговија со САД и за царински тарифи на одредени производи и индустрии до 0%, ова е политика на конкретни резултати
Продлабочување на стратешко партнерство со САД: силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија.
По договорот за партнерство со Обединетото Кралство и затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објави Заедничка изјава меѓу САД и Македонија за реципрочна трговија, објави премиерот Христијан Мицкоски.
Оваа изјава, додава тој, претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД. Таа, како што вели, го трасира патот кон сеопфатен договор кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии и до 0%, отворајќи нови можности за извоз, инвестиции и економски раст.
„Со ваквите чекори ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив и предвидлив партнер, градиме економија со повисок стандард и ја унапредуваме нашата меѓународна позиција.
Ова е политика на конкретни резултати. Чекор по чекор, со јасна визија и стабилна поддршка од нашите стратешки сојузници“.

