Контакт

Политика

Тачи: Преговорите нема да успеат ако лидерите не постигнат договор за името

Објавено пред

Доколку не се постигне договор околу прашањето за името, дијалогот кој се води меѓу политичките лидери нема да има никакво значење, порача претседателот на ДПА Мендух Тачи, на одбележувањето на годишнината на партијата, во чии рамки опозициската ДПА организираше ифтарска вечера согласно рамазанските пости.

dobivaj vesti na viber

„Слушнавме, демантираат две политички партии, од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, дека ние не сме разговарале за прашањето за името, за време на лидерските состаноци. Уште еднаш повторувам, ако не се реши прашањето за името, целиот овој дијалог кој е спонзориран од меѓународната заедница нема да има значење. Ги повикувам сите да ја видат втората точка од договорот во Пржино, каде што ние сите се залагаме да се придвижи евроинтеграцискиот процес на Македонија“, изјави Тачи.

Тој во својот говор на опозициските партии БЕСА и НДП, им посака многу успех во нивниот натамошен политички ангажман и ги повика сите заедно на предвремените парламентарни избори да гласаат против ДУИ и Али Ахмети.

„Немаме ништо против тие да имаат опозициски ангажман и подготвен сум со нив да разговарам и да седнам и со сите други, кои што мислат дека за да се промени ситуацијата на Албанците, сите заедно во април наредната година треба да гласаме против ДУИ и Али Ахмети“, рече Тачи.

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, додаде дека Македонија длабоко тоне во политичка криза, а прашањето за Албанците се уште не се решава и по 14 години од потпишувањето на Рамковниот договор./крај/мф/бб

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Мицкоски од Чаир: На Македонија ѝ треба обединување и единство, а не поделби, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 1 милијарда евра за проекти во сите општини

Објавено пред

Се чувствува победничка атмосфера и енергија, тоа е важно за сите нас и ни дава мотив да продолжиме посилно да се бориме. Овие денови кои ни преостануваат треба максимално да се мобилизираме, а најновите анкети кои ги добив утрово велат дека ќе биде голема победата и на 24 април и на 8 мај, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Чаир.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски истакна дека сега во Македонија имаме политичка гарнитура која повеќе од две децении е на власт, тоа се ДУИ чија суштина се поделби и грабеж на народот.

– Кога ќе анализирате која е суштината на ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби, Бујар Османи, Талат Џафери и останатите, кај нив нема ништо посебно тие само го делат народот по етничка основа и така опстојуваат. Дали некој може да се сети некоја добра работа која Али Ахмети и Артан Груби ја имаат направено, но можам да кажам десетици лоши работи, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека сега ДУИ сериозно ќе бидат изненадени на овие избори, а им се познава нервозата затоа што после 8 мај треба да одговараат за сето она што му го направија на народот, за целиот грабеж.

Мицкоски се осврна на проектите кои ги планира идната влада од ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека се планира да се инвестира 250 милиони евра секоја година во општините, 1 милијарда во 4 годишен мандат.

– Во Чаир ќе има висока сума, еден од проектите е проширување на булеварското решение на влезот од Бит Пазар кон Чаир и тоа мора да се направи и го повикувам градоначалникот да се пријави со повеќе проекти. Тоа ќе додаде вредност во квалитетот на живеење. На Македонија и треба обединување и единство не поделба, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски додаде дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да отвори нови 55.000 работни места, да функционира со владеење на правото на целата територија и нема да има територии каде ќе владејат шерифи.

Да обезбедиме пристојни услови за поголем инвестициски бран и од странство и од домашни инвеститори за да може децата да останат тука. Мораме и тие кои си отидоа да ги вратиме назад. Да обезбедиме надеж. Ве повикувам на 24 април сите да се обединиме околу број 2 и да гласаме за Гордана Силјановска Давкова, а потоа да се обединиме и заедно на 8 мај да испишеме историја за коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Доц. д-р Бобан Карапејовски: Ќе обезбедиме вработување на најдобрите 200 студенти, како и стипендии од 500 евра месечно

Објавено пред

Носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 1, Бобан Карапејовски на денешната прес конференција рече дека во програмата на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за парламентарните избори, наречена „Проглас за достоинствена Македонија“ еден од приоритетите се образованието и науката, кои се суштински за градењето силна и просперитетна држава.

dobivaj vesti na viber

„Во Прогласот за достоинствена Македонија на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, предвидовме два сегменти: зголемување на достоинството на вработените во образованието и во науката и поставување нов систем, со кој овој сектор ќе се врати во фокусот и ќе помогне во создавањето функционално писмен и високообучен кадар, како и продлабочување на
научните истражувања“, рече Карапејовски и додаде: „Во однос на првиот постулат, достоинството на вработените во образовниот сектор, е предвидено платите на наставниците и на професорите да се зголемат до 100 % од актуелните. И, тоа е најмалку што можеме да направиме за да му го вратиме угледот на учителот и да ги привлечеме најдобрите да бидат
даскали на нашите деца“.

Тој потенцира дека за најдобрите студенти ќе се обезбедат стипендии во износ од 500 евра месечно, а за најдобрите двесте студенти вработување во научните и во институциите на системот.

„Партиските вработувања мора да запрат! Не смее партиската книшка да биде услов за вработување. На универзитетите и во државните институции треба да работат најдобрите за најдоброто за сите нас. Ни треба научен подмладок веднаш, како и
ревизија на условите и зголемување на квалитетот на акредитираните универзитети, кои се множат на секој чекор, а не даваат квалитет“, рече тој.

Карапејовски рече дека наставните програми и планови ќе се усогласат со модерните технологии и достигнувања и појасни дека ќе се изгради систем што ќе поттикнува креативно, аналитичко и логичко размислување кај учениците, но и ќе поттикнува креативност во областа на бизнисот и на финансиската едукација. Учебниците ќе бидат усогласени со новите наставни планови и програми и напишани од најдобрите автори, навреме доставени до учениците.

Тој исто така рече дека издвојувањата од буџетот за науката ќе се зголемат, а ќе има и посебни стимулации за оние што успеваат да објавуваат во најпрестижните списанија и да соработуваат со колегите од најдобрите светски универзитети, како и посебни субвенции за таканаречните национални дисциплини.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!

Објавено пред

На само неколку дена пред првиот круг на гласање, од Скопје кандидатот за претседател Стево Пендаровски искажа верување дека по повеќе од три децении независност, македонските граѓани многу добро знаат да препознаат чија програма е реална, а која е во расчекор со времето во кое живееме.

dobivaj vesti na viber

„Овој претседател и оваа политичка гарнитура никогаш не давале лажни надежи и ветувања за брза реализација на стратешките цели на државата. И денес пред вас, не велам дека Македонија за само неколку години ќе биде најразвиената држава во Европа, не ветувам дека целиот тој процес ќе трае само неколку месеци, но, говорам и повторувам секаде дека најголемиот ризик е ако на изборите им дадеме шанса на оние за кои претходно веќе видовме како владеат со луѓето цели 11 години“, истакна Пендаровски.

Пендаровски денеска повика на масовна излезност на 24 април и на 8 мај, за како што рече, да не се враќаме во режим.

„Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека победуваме на 8 мај. Со заокружување на бројот 1 продолжуваме кон Европа и кон развиениот свет и дефинитивно не се враќаме назад во режим и заробена држава“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Каевски: Обвинувањата на ОЈО се неосновани и тенденциозни, тврдам дека го немам прекршено законот

Поранешниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски ги отфрли сите обвинувања на ОЈО против него, кои, како...

Македонија7 часа

Ковачевски: Условувања не прифаќаме, СДСМ е државничка партија

СДСМ не прифаќа никакви условувања и со никого нема да прави политички дилови, особено не со некого кој веќе се...

Македонија7 часа

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Додека од власта зборуваат за интеграции, ја купуваат „Соравија“ додека тие се колнат лажно во европските вредности, им течат тендери...

Македонија8 часа

Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток можен рок, кажа Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кажа дека добил информација од Секторот за меѓународна полициска соработка дека е одобрена екстрадицијата...

Македонија10 часа

Постапката за екстрадиција на Палчо ќе биде спроведена преку МВР, на осомничениот веќе му е определен притвор

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија е известено дека Министерството за правда добило официјална информација од Република Турција дека се...

Македонија11 часа

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо

Министерството за правда преку писмено соопштение информираше дека е добиено официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена. Претходно...

Македонија13 часа

Мицкоски: Правилото победник со победник е прекршено, Владата ја формира мнозинството во парламентот

Жалам што сеуште раководството на ДУИ живее во некои времиња кој се минато во Македонија. Македонија е држава на сите...

Македонија14 часа

„Ќе ги разгледаме ставовите на маса“ – Меџити и Мицкоски се’ уште не разговарале за уставните измени

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и лидерот на Демократското движење и носител на листата за пратеници во првата изборна единица...

Македонија14 часа

Талат Џафери, директорите и УО на Фондот за здравство да си го загреат столчето, платите да се усогласат или генерален штрајк од 1 јуни, најави Синдикатот

Од 1 јуни повторно постои можност вработените во Фондот за здравствено осигурување во целата земја да престанат со работа, како...

Македонија16 часа

Бидете сигурни дека нема да се формира Влада без нашите пратеници, велат од Европскиот фронт на ДУИ

Европскиот фронт преводен од Демократската Унија за Интеграција смета дека треба да важи правилото „победник со победник“ кога станува збор...

Регион16 часа

„Мислев дека регалот ќе падне врз мене“ – жена од Србија сведочи за силниот земјотрес

Земјотресот беше многу силен. Кратко, но силно, вели вознемирената Мила Петровиќ од Кладово – место кое утрово го погоди силен...

Свет17 часа

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Европската унија и земјите кандидати мора да бидат подготвени за проширување до 2030 година, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл...

Македонија19 часа

Метеоролозите најавуваат промена на времето за 1 Мај и во следните денови

Од утре, 1 Мај, до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во четврток и...

Македонија19 часа

Мицкоски: Одговорност за криминалот и корупцијата ќе има кога ДУИ ќе оди во опозиција

„Никој не треба да се сомнева во нашата одлучност и решеност да направиме промени кои ќе ја сменат сликата на...

Економија2 дена

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на денешната седница го разгледа доставениот извештај од Националното биро за осигурување поврзано со...

Македонија2 дена

Меџити: Ахмети побара спас кај Ромите, Турците, Бошњаците, сега чиста албанска опција е само ВЛЕН за новата влада

Не може да правиш разлика со гласови од Роми, Турци и Бошњаци, а после да се повикуваш на албанска опција,...

Економија2 дена

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија2 дена

Османи: Најголемо понижување е да се договараат коалиции без да се слушне волјата на народот

ДУИ смета дека е понижувачки што партиите договараат коалиции пред одржувањето на парламентарните избори. Министерот Бујар Османи, во својство на...

Европа2 дена

(Видео) Голем проевропски протест во Грузија

Илјадници луѓе излегоа синоќа во Тбилиси на протест против законот за транспарентност на странското влијание, кој ја загрозува прозападната политика...

Свет2 дена

Најмалку 13 лица загинаа во израелски воздушни напади во јужниот дел на Газа

Во израелски воздушни напади врз три куќи во градот Рафах, на југот на Газа, загинаа најмалку 13 лица, а многумина...