Политика
Димитриев до Собранието достави предлогот за состав на новата влада согласно договорот од Пржино
Мандатарот на новата Влада која треба да ги подготви предвремените парламентарни избори, Емил Димитриев од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, во понеделникот доцна вечерта до Собранието го достави Предлог за работа на новата Влада и Предлог состав на Владата, во кој го предлага, согласно договорот од Пржино, актуелниот состав на Владата, вклучувајќи ги и министрите предложени од опозицијата Оливер Спасовски за внатрешни работи и Фросина Ременски–Ташевска за труд и социјална политика.
Мандатарот на новата Влада која треба да ги подготви предвремените парламентарни избори, Емил Димитриев од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, во понеделникот дона вечерта до Собранието го достави Предлог за работа на новата Влада и Предлог состав на Владата, во кој го предлага, согласно договорот од Пржино, актуелниот состав на Владата, вклучувајќи ги и министрите предложени од опозицијата Оливер Спасовски за внатрешни работи и Фросина Ременски–Ташевска за труд и социјална политика.За министер за одбрана е предложен Зоран Јолевски, за министер за правда Аднан Јашари, за надворешни работи Никола Попоски, за финансии Зоран Ставрески, за економија Беким Незири, за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, за здравство Никола Тодоров, за образование и наука Абдилаќим Адеми, за министер за локална самоуправа Љирим Шабани, за култура Елизабета Канческа Милевска, за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, за транспорт и врски Владо Мисајловски и за животна средина Нурхан Изаири.За министри без ресор се предложени Владимир Пешевски, Фатмир Бесими, Муса Џафери, Фуркан Чако, Неждет Мустафа, Веле Самак, Бил Павлески, Џери Наумоф и Горан Мицковски.Спроведување на изборите на пратеници, како што стои во текстот до Собранието, ќе се темели на Уставот и Изборниот законик, како и имплементација на стандардите на ОБСЕ/ОДИХР и на Европската комисија.„Со цел успешно спроведување на изборите за пратеници, Владата ќе остварува целосна соработка со Државната изборна комисија, Канцеларијата на Народниот правобранител, набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР и сите останати релевантни чинители, во насока на промовирање доверба во изборниот процес со цел создавање услови за одржување фер и демократски избори, кои ќе ја отсликуваат избирачката волја на граѓаните на Република Македонија“, се ситакнува до предлогот на ДимитриевСпоред најавите, мандатарот Димитриев на закажаната собраниска седница за избор на Влада ќе има свое експозе.„Согласно Законот за измени и дополнувања на Законот за Владата и Законот за измена и дополнување на Изборниот законик (Службен весник на РМ бр. 196/2015), како и согласно Договорот од 2 јуни и Протоколот од 15 јули 2015 година, на 24 април 2016 година ќе се организираат предвремени избори за пратеници. Сто дена пред одржувањето на изборите, Собранието на Република Македонија ќе избере нова Влада за спроведување избори за пратеници. Оттука, главен стратешки приоритет и цел на Владата ќе биде спроведување фер и демократски избори за пратеници во Собранието на Република Македонија“, се наведува во Предлог-работата на новата Влада доставена до Собранието.Со цел задржување на континуитетот во работата на претходниот состав на Владата на Република Македонија, Владата на Република Македонија ќе остане на утврдениот курс за остварување на Програмата на Владата избрана од Собранието на Република Македонија на 19 јуни 2014 година.Се наведува и дека од овие причини, остануваат стратешките приоритети дефинирани во Програмата на Владата од 2014 година, и тоа зголемување на економскиот раст и вработеноста, пораст на животниот стандард на граѓаните и подобар и поквалитетен живот, интеграција на Република Македонија во Европската унија и НАТО, бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот и ефикасно спроведување на правото, одржување добри меѓуетнички односи врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување и спроведување на Охридскиот рамковен договор и инвестирање во образование, иновации и информатичка технологија, како клучни елементи за креирање општество базирано на знаење./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Политика
Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ
На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.
„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.
Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.
Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.
Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.
Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски
– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.
Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:
– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.
Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:
– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.
Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:
,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.
Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:
,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”
Македонија
Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница
Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.
„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.
Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.
Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.
„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.