Спорт
Челзи ја менува понудата за Торес

Управата на Челзи до Ливерпул ќе испрати променета понуда за купување на Фернандо Торес, откако центарфорот на шпанската репрезентација подолго време се соочува со повреда
Претходната понуда на Челзи за Фернандо Торес изнесуваше 50 милиони евра, но поради повредите на 26-годишниот напаѓач цената е симната на 30 милиони. Уплатата на останатите 20 милиони би зависела од настапите на Торес за лондонскиот клуб.Управата на клубот на рускиот милијардер Роман Абрамович започна преговори со колегите од Ливерпул пред финалниот натпревар на Светското првенство во Јужна Африка, меѓу Шпанија и Холандија, на која Торес се повреди.По лекарските прегледи беше утврдено дека Торес го скинал мускулот на левиот бут, поради што е мора да паузира три седмици. Торес минатата година се оперираше од хернија, двапати го оперираше коленото, а има и проблем со хроничната повреда на тетивата.Поради повредите не играше за Ливерпул, а на СП не постигна ниту еден гол и го загуби местото во тимот.И покрај ваквата состојба, Челзи не се откажува од трансферот, а управата е убедена дека ќе дојде до договор штом фудбалерот се врати од одмор.Британските медиуми наведуваат дека новиот тренер на Ливерпул, Рој Хоџсон има намера да го посети Торес во Шпанија, за да го убеди да остане на Ејнфилд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Финска како Македонија во 2011, ќе се бори за медал на Евробаскетот

Кошаркарите на Финска се пласираа во полуфиналето на Европското првенство.
Избраниците на Ласе Туови убедливо ја победија грузиската репрезентација во четвртфиналето (93:79).
Финците на тој начин го постигнаа својот најдобар резултат на Европските првенства, а во борбата за финалето ќе играат против подобриот од вечерашниот натпревар меѓу Словенија и Германија.
Грузија како да го достигна својот максимум, не одиграа онака како што се очекуваше од нив, додека Финска играше во својот препознатлив ритам и заслужено славеше на крајот.
Финците во првиот дел го наполнија кошот на Грузија, постигнаа 57 поени, погодија 10 тројки од 15 обиди.
Во вториот дел Грузија успеа да фати приклучок, во последниот период влегоа со негатива од девет поени, се дболиѓија на на шест разлика, но тогаш Гога Битадзе направи неспортски фаул, беше исклучен бидејќи веќе имаше техничка. Од тој напад Финците постигнаа пет поени, а во следниот Литл погоди неверојатна тројка од осум метри.
Грузија повеќе немаше сили да се врати во мечот, а на три минути до крајот исклучен беше и Токо Пенгелија.
Финска ја предводеше Микаел Јантунен со 19 поени, Лаури Марканен додаде 17, а искусниот Сасу Салин 14, погоди четири тројки од шест обиди. Збирно Финците на овој меч погодија 17 тројки од 31 шут.
Кај Грузија се истакнаа Сандро Мамукелашвили со 22 поени, Токо Шегелија со 19. Разочара Американецот Болдвин, постигна два поени од линијата за слободни фрлања, од поле не погоди ниту еден од дветте шутеви.
Foto/ EPA
Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.