Свет
Индија пробно лансираше проектил Агни-1
Индиските власти соопштија дека успешно истрелала проектил од домашно производство замја-земја наречена Агни-1
Оваа ракета со дострел од 700 километри има можност да носи нуклеарна боева глава, била истрелана од воената база во сојузната држава Ориса од мобилен лансер врз островот Веелеа во индиските територијални води подвижен, соопшти индиската новинска агенција PTI.Според изјавата на раководителот на проектот наречен СП Даш за агенцијата, тоа било демонстрација на фантастичниот успех на индиската армија. Тој нагласил дека пробното лансирање на Агни-! Ги задоволил сите параметри. Индискиот проектил е долг 15 метри а тежок е 12 тони, со можност да носи вооружување до еден тон, а веќе е вклучен во вооружувањето на армијата.Агенцијата соопшти и дека во саботата од истата држава било извршено тестирање на уште два проектила кои можат да носат нуклеарни глави, наречени Дхамуп и Притхви-2.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Славниот Харисон Форд вознемирен, бил принуден да ја напушти вилата вредна 12 милиони долари
Познатиот актер Харисон Форд се појави вознемирен откако беше принуден да се евакуира поради шумските пожари што го опустошија Лос Анџелес.
Во средата, 82-годишниот актер беше виден како го паркира својот автомобил пред неговата населба Брентвуд. Во еден момент влегол во полициско возило но се вратил за да провери во каква состојба е неговиот луксузен дом, кој го купил во 2011 година за 12,6 милиони долари.
Harrison Ford talks to cops while trying to reach Brentwood home as Palisades Fire tears through Los Angeles https://t.co/H9nr0QXHYv pic.twitter.com/JtC5qlQpKG
— New York Post (@nypost) January 9, 2025
Откако полицијата го вратила во безбедно место, Форд делувал уште позагрижено и им се придружил на соседите кои исто така биле евакуирани од своите домови.
Изгледа дека славниот „Индијана Џонс“ побегнал со празни раце од областа опустошена од пожар за време на задолжителната евакуација. Актерот е виден облечен во фармерки, темна маица и капут, а не бил придружуван од сопругата Калиста Флокхарт и децата.
Свет
Цели населби во Пасадена избришани од мапата
Експертот за пожари во Калифорнија, Чад Хансон ги даде најновите информации за ситуацијата. Тој истакна дека моментално е најмногу шокиран од размерите на уништувањето.
„Видовме цели населби избришани од лицето на земјата. Куќите ги снема, исчезнаа бизнисите“, изјави тој за Би-Би-Си.
Додаде дека пустошот е тешко да се сфати и нагласи дека пет лица ги загубиле животите, но бројот на жртви може да биде далеку поголем.
Од моментот кога пожарникарите сфатија дека нема да можат да ги стават под контрола пожарите, приоритет им беше да го евакуираат населението.
„Тие завршија извонредна работа“, рече Хансон.
Џенифер Колби, координатор за кризи во блиската Пасадена, рече дека повеќето жители никогаш не биле сведоци на катастрофа од оваа големина.
„Многу е тешко“, рече таа во интервју за Би-Би-Си.
Колби истакна дека илјадници припадници на службата неуморно работат на обезбедување поддршка, со акцент на безбедноста на сите граѓани.
Таа додаде дека противпожарната служба останува оптимист поради прогнозата за поволни временски услови во следните неколку дена, што може да помогне пожарот да се стави под контрола.
Сепак, Чад Хансон предупредува дека следната недела ќе дојде уште еден ветер.
„Дотогаш не се прогнозираат дождови. Ќе биде уште посуво, а ако има уште еден налет на ветер, сите преостанати или нови пожари би можеле брзо да се шират“, рече тој.
Свет
„Фајненшл Тајмс“: Маск сака да го собори британскиот премиер
Милијардерот Илон Маск одржал приватни разговори со сојузниците за можните начини за соборување на британскиот премиер Кир Стармер пред следните општи избори, објави Фајненшл тајмс.
Маск, најбогатиот човек на светот и близок соработник на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, минатиот месец ја поддржа германската антиимигрантска партија пред изборите закажани за февруари и постојано ја коментираше британската политика, барајќи оставка од премиерот Кир Стармер.
Маск размислувал како тој и неговите сојузници би можеле да ја дестабилизираат лабуристичката влада и побарал информации за градење поддршка за алтернативните британски политички движења за да се урне владата, се вели во извештајот на весникот, цитирајќи луѓе запознаени со ова прашање, пренесува Ројтерс.
Маск не одговори на барањето на Ројтерс за коментар.
„Неговиот став е дека самата западна цивилизација е под закана“, изјави еден извор за весникот.
Маск претходно го обвини Стармер дека не ги гонел групите мажи кои силувале млади девојки додека Стармер бил главен британски обвинител меѓу 2008 и 2013 година.
Маск треба да биде домаќин на лидерката на партијата Алтернатива за Германија, Алиса Вајдел во интервју во живо на социјалната мрежа „Икс“ во четврток. Најавено е дека ќе разговараат за слободата на говорот и други теми по поддршката на технолошкиот милијардер за германската крајнодесничарска партија на претстојните општи избори во Германија, пренесе ДПА.
Германската партија поддржана од Маск е означена како десничарска и екстремистичка од германските безбедносни служби. Кампањата на извршниот директор на Теска за „АДФ“, во комбинација со навреди кон врвни германски политичари, со недели е извор на контроверзии. Критичарите го обвинуваат дека го искористил својот огромен дострел за да влијае на исходот од изборите во Германија на 23-ти февруари.
Пораките на Маск на „Икс“ допираат до повеќе од 210 милиони корисници ширум светот. Претходно оваа недела, норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере изрази загриженост за мешањето на Маск во политиката на другите земји, а со него се согласија и францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц.