Македонија
Стартува Илинденскиот коњанички марш
Традиционалниот коњанички марш во вторник напладне тргнува од општина Аеродром кон Мечкин Камен, како почеток на манифестацијата „Илинденски марш“, која оваа година се одржува по 32 – ри пат, по повод празникот Илинден
Според програмата предвидено е триесетина коњаници да тргнат од дворот на општина Аеродром кон Горно Лисиче во црквата „Свети Петар и Павле“, од каде потоа ќе се упатат кон Крушево и Мечкин Камен.Испраќањето на коњаниците ќе биде проследено со зурли и тапани и со играорци од КУД „Никола Вапцаров“, а нив ќе ги следи и фалангата на Александар Македонски.Пристигнувањето на коњаниците во црквата во Горно Лисиче ќе биде одбележано со културно уметничка програма и со богослужба.Од здружението „Илинденски марш – Горно Лисиче“, кои се организатори на манифестацијата информираат дека следните денови маршот продолжува преку Велес, Чашка и општина Долнени. На 31 јули коњаниците пристигнуваат во Крушево, каде ќе бидат пречекани со културно – уметничка програма, а на 2-ри Август пристигнуваат на Мечкин Камен каде ќе биде одбележан празникот Илинден.Триесетината коњаници, минатата недела ги направија подготовките на кејот на Вардар и по булеварот Јане Сандански.На „Илинденскиот марш“ ќе учествуваат коњаници на возраст од 15 до 60 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово најстудено на Попова Шапка и во Маврови Анови
Утрово најстудено било на Попова Шапка и Маврови Анови каде што се измерени -7 степени, -5 било во Крушево, -4 во Крива Паланка, -3 во Берово, Дебар и Виница, -2 во Тетово, Битола, Прилеп, -1 во Охрид, Претор, Штип, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, 0 во Скопје-Петровец, Струмица, Велес, Демир Капија, 2 во Гевгелија.
Висината на снежната покривка во 7 часот била 57 сантиметри на Попова Шапка, 50 Маврови Анови, 33 Крушево, 25 Битола, 24 Тетово, 17 Берово, Штип, 16 Прилеп, 14 Демир Капија, 10 Претор, 9 Скопје – Петровец, 5 Охрид, 4 Струмица, Крива Паланка.
Времето денеска
Претпладне со појава на магла по одделни котлини. Преку денот променливо облачно, а облачноста попладне особено во источните делови ќе се намалува. Понекаде и особено во планинските региони може краткотрајно да провејува слаб снег. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени.
Во Скопје со појава на слаба магла, преку денот претежно облачно и тивко.
Максималната температура ќе достигне до 4 степени.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со слаб интензитет провејува на планинскиот премин Ѓавато, кој не се задржува на коловозот.
Намалена видливост поради појава на магла со видливост од 50 до 70 метри има на Плетвар.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Студено време, преку денот облачно со услови за слаб снег
Времето утрово е студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде променливо облачно наместа со услови за провејување на слаб снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од -1 до 7 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје наутро студено со појава на слаба магла, преку денот претежно облачно и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Од петок ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. По котлините ќе има појава на магла и пониски дневни температури.