Спорт
Металург против Загреб во ЛШ

Хрватскиот шампион Загреб е противникот со кој ракометарите на Металург ќе се соочат во осмина финалниот двомеч во Лигата на шампиони.
Хрватскиот шампион Загреб е противникот со кој ракометарите на Металург ќе се соочат во осмина финалниот двомеч во Лигата на шампиони. Ова е епилогот на извлекувањето на осмина финалните двојки, кое, претпладнево се случи во Хорсхолм, место кое се наоѓа во близина на данската престолнина Копенхаген. Металург и Загреб веќе еднаш се сретнаа во тековната сезона, во регионалната СЕХА лига, во Скопје, натпреварот заврши без победник. Загреб, фазата по групи во Лигата на шампиони ја заврши на второто место во А групата, веднаш зад Барселона. Хрватскиот првак, во А групата имаше учинок од осум победи и само два порази. Хрватскиот првак на теренот го предводи еден од најдобрите светски ракометари во изминатата деценија Ивано Балиќ, во ростерот на тимот се и хрватските репрезентативци Копљар, Гојун, Вукиќ, Штрлек, Валчиќ и Хорват кој со 69 постигнати гола е најефикасниот играч во фазата по групи. Загреб пред ждрепката беше еден од посакуваните противници, заедно со унгарскиот Веспрем. Осминафинални двојки во ЛШ:Берлин-БарселонаМонпеље-КилВисла-Атлетико МадридКадетен Шафхаузен-ХамбургАдемар Леон-ВеспремКиелце-КоперСавехов-КопенхагенМеталург-ЗагребПрвите осмина финални натпревари ќе се одиграат од 14 до 18.март, додека реваншите се на програмата од 21 до 25. март. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Рексам го сака Ериксен

Фудбалскиот клуб Рексам, во сопственост на холивудските актери Рајан Рејнолдс и Роб Мекелен, го направи својот најамбициозен чекор досега, го контакриа данскиот играч од средниот ред Кристијан Ериксен во обид да го потпише, објави Би-Би-Си.
Ериксен (33), поранешен дански репрезентативец со 144 настапи, моментално е без клуб откако неговиот договор со Манчестер јунајтед истече на крајот од сезоната 2024/25.
Управниот одбор на Рексам го гледа Ериксен како идеално засилување кое би донело непроценливо искуство во првата сезона на клубот во втората лига на англискиот фудбал по 44 години.
Менаџерот на играчот, Мартин Скотс, потврди за „Дејли Мејл“ дека „проектот на Рексам е исклучително импресивен“, но додаде: „Кристијан сè уште сака да игра во врвните лиги и е решен да остане во Западна Европа“.
Од почетокот на летниот преоден рок, Рексам веќе ги доведе голманот на Велс, Дени Ворд, напаѓачот Рајан Харди, играчите од средниот ред Луис О’Брајан и Џорџ Томасон, левиот бек Либерато Кака и офанзивниот играч од средниот ред Џош Виндас.
Сепак, потенцијалното доаѓање на Ериксен би бил најзначајниот трансфер досега, доколку менаџерот Фил Паркинсон успее да го убеди да игра во Чемпионшип.
Минатата сезона, Ериксен одигра 35 натпревари и постигна пет гола за Манчестер јунајтед. Тој играше и за Ајакс, Тотенхем, Интер и Брентфорд, а со Јунајтед ги освои ФА Купот и Лига Купот.
Рексам ја отвора својата нова сезона во Чемпионшип со гостување кај Саутемптон на 9 август на стадионот „Сент Мери“.
Foto/ EPA
Спорт
Нестварно, англиските клубови досега потрошиле 1,87 милијарди евра за засилувања

Ова лето, клубовите од англиската Премиер лига ги поместуваат сите граници поставени досега кога станува збор за парите инвестирани во зајакнување на нивните тимови. И сè уште не ја завршиле работата.
Според специјализираниот фудбалски портал „Трансфермаркт“, од јуни, кога се отвори летниот трансфер пазар, до денес, елитните англиски клубови потрошиле импресивни 1,87 милијарди евра за нови играчи.
Поголемиот дел од овие пари од нивните сметки, за засилувања, ги издвоија само неколку од најмоќните клубови.
Ливерпул доминира.
„Црвените“ потрошија 307 милиони евра за нови играчи во тековниот преоден рок, а клубот од „Енфилд“ инвестираше речиси 200 милиони само за двајца играчи, Флоријан Вирц и Уго Екитике.
Втор на листата на најголеми трошаџии е актуелниот светски шампион Челзи.
„Сините“ направија голем дел од работата во зајакнувањето на играчкиот кадар со инвестиција од 242 милиони евра, а за тие пари ги доведоа Жоао Педро (70 милиони), Џејми Гитенс (65 милиони), Естевао (34 милиони), Лиам Делап (35,5 милиони)…
Арсенал е трет на листата со 156 милиони инвестирани досега за нов кадар во составот, иако вредноста на трансферот на Виктор Ѓокереш, чиј потпис за „топџиите“ е прашање на денот, наскоро треба да се додаде на оваа сума.
Арсенал сигурно ќе ја надмине сумата од 200 милиони евра ова лето за засилувања, кога Швеѓанецот конечно ќе го потпише договорот.
Манчестер јунајтед потроши приближно колку и Арсенал, 152,7 милиони евра.
Поединечно, клубот од „Олд Трафорд“ даде најмногу пари за трансферот на Брајан Мбеумо од Брентфорд, речиси 80 милиони евра.
На петтото место е Манчестер сити (145 милиони), по него Тотенхем (140 милиони), а Сандерленд е исто така високо на оваа листа со 115,5 милиони за нови имиња, додека Брајтон, Барнли и Лидс се веднаш зад нив.
Сите три споменати клуба потрошија во опсег од 70-80 милиони за засилувања.
Финансискиот јаз помеѓу повеќето англиски клубови, не само најсилните, и остатокот од Европа, се чини, а тоа го покажуваат и трансферните вредности, никогаш не бил поголем.
Спорт
Меси суспендиран

Аргентинецот Лионел Меси е суспендиран на еден натпревар во МЛС лигата поради тоа што го пропушти неодамнешниот Ол-стар натпревар. Иста казна заработи и неговиот соиграч Џорди Алба.
Фудбалерите на клубот од Мајами ќе го прескокнат многу важниот натпревар на Интер против лидерот во Источната конференција, Синсинати, во кој тимот од Флорида, со евентуална победа, би можел да се приближи до првото место.
Правилата на лигата налагаат играчите кои се поканети на Ол-стар натпреварот и не се појават, а немаат соодветно медицинско оправдување, автоматски да бидат суспендирани.
Тренерот на Интер, Хавиер Маскерано, по натпреварот со Њујорк изјави дека Алба е повреден, па затоа не може да игра на Ол-стар натпреварот, додека за Меси рече дека бил уморен.
Оваа сезона, Меси постигна 24 гола на 29 натпревари во сите натпреварувања.