Спорт
Никезиќ: Со тепање и пиштоли ме натераа на раскин на договор

Поранешниот црногорски репрезентативец и играч на Кубан од Краснодар Никола Никезиќ прати известување до ФИФА за начинот на кој го раскинал договорот со рускиот клуб.
Поранешниот црногорски репрезентативец и играч на Кубан од Краснодар Никола Никезиќ прати известување до ФИФА за начинот на кој го раскинал договорот со рускиот клуб.„Во март 2010 година со Кубан потпишав договор на 2 години. Влеговме во 1 лига, а сега ми рекоа да потпишам предвремен раскин на договорот. Јас одбив, но ме однесоа во една соба во која еден човек ме удираше а вториот ми покажа два пиштола. Ми рекоа да потпишам се што се бара од мене, што под закана на животот го сторив“ тврди Никезиќ.За случајот се заинтересира ФИФА и Руската федерација. Претседателот на Кубан Сурен Мкртчјан изјави дека ќе пружи полна соработка за утврдување на вистината со цел „да се заштител клубот од вакви клеветења“./ крај/хина/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мначестер јунајтед ќе платат 120 милиони за Балеба?

Претставници на Манчестер јунајтед вчера се сретнале со менаџерот на фудбалерот на Брајтон, Карлос Балеба.
„Тие разговараа за времетраењето на договорот и платата и сакаат сè да биде договорено пред да ја испратат понудата до Брајтон“, пишува Фабрицио Романо.
Младиот 21-годишен универзалец од средниот ред, пристигна во Брајтон пред две години за 27 милиони евра од Лил.
Медиумите на островот пишуваат дека Брајтон е подготвен да го продаде само за 120 милиони евра. Доколку трансферот биде реалиизран за оваа сума, Јунајтед ќе го сруши клупскиот трансфер рекорд.
Балеба не беше вклучен во составот на Брајтон за пријателскиот натпревар со Волфсбург вчера, што според медиумите е знак дека преговорите меѓу двете страни се во напредна фаза.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Гвардиола ги откри своите омилени играчи во НБА: Дончиќ и уште двајца
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, откри кои се неговите омилени НБА играчи откако Мајкл Џордан се пензионираше.
Пеп Гвардиола е фудбалска икона, но дефинитивно не е ограничен само на еден спорт. Како што честопати споменуваше во минатото, обожава да гледа кошарка.
На прес-конференција во Палермо, Шпанецот рече дека кошарката е „огромен дел од неговиот живот“.
Гвардиола му честиташе на Џо Мазула, неговиот пријател, за продолжувањето на договорот со Бостон Селтикс, а како што објави Марк Штајн, Гвардиола беше замолен да каже кои се неговите моментални омилени играчи во НБА.
„Моите омилени играчи во ерата по Џордан се Стеф Кари, Лука Дончиќ и Леброн Џејмс“, рече Гвардиола.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Ливерпул тргнува по потписот на Гуеи

Натпреварот меѓу шампионот и освојувачот на ФА купот, традиционално ја отвора сезоната во англиската Премиер лига. За трофејот во Суперкупот ќе се борат Ливерпул и Кристал Палас.
Во пресрет на натпреварот, англиските медиуми тврдат дека челниците на Ливерпул ќе се обидат да го реалиизраат трансферот на капитенот на Кристал Палас, Марк Гуеи.
Челзи се откажа од потписот на Гуеи, па сега Ливерпул има отворен пат кон англискиот репрезентативец.
Арне Слот го окарактеризира како цел со цел да ја зајакне конкуренцијата во последната линија, играчот е подготвен да оди на „Енфилд“ бидејќи влезе во последната година од договорот.
Затоа се очекува дека помеѓу 30.000.000 и 40.000.000 да биде доволна за реализација на трансфарот.
Ова лето, Ливерпул веќе ги донесе: Флоријан Вирц, Џереми Фримпонг, Милош Керкез, Уго Екитике, Армин Пеци, а на тимот му се придружи и Георги Мамардашвили, кој ја помина минатата сезона на позајмица во Валенсија.
Фото/ Принтскрин