Европа
Страв поради првиот француски центар за дерадикализација на младите муслимани
– Жителите на Бомон-ан-Верон се мобилизираат против центарот за дерадикализација
Француските власти најавија дека на почетокот од летото ќе биде отворен првиот центар за дерадикализација на младите Французи кои се под влијание на исламистичкиот џихадизам, меѓутоа локалните власти и население стравуваат и протестираат бидејќи не биле консултирани.
Француските власти најавија дека на почетокот од летото ќе биде отворен првиот центар за дерадикализација на младите Французи кои се под влијание на исламистичкиот џихадизам, меѓутоа локалните власти и население стравуваат и протестираат бидејќи не биле консултирани.
Претходно седмицава беше објавено дека центар за превоспитување на радикализираната младина кој под влијание на џихадистите би можела да ѝ се придружи на екстремната сунитска групација Исламска држава во Сирија и во Ирак, каде веќе се борат на нејзината страна стотици млади француски муслимани, би требало да биде сместен во зграда на напуштен итернат во близина на местото Бомон-ан-Верон во централна Франција.
Меѓутоа локалните власти останаа запрепастени, а кај локалното населени се појави стравувањето од доаѓањето на радикализираните млади луѓе.
„Како сега можам да им кажам на своите сограѓани дека во нивна близина ќе живеат радикализирани лица и дека сé е во ред, дека поради тоа не треба да се грижат?!“, изјави градоначалникот на соседното место Шенон, Жан-Лук Дупон, пренесе AFP.
„Уште самите тие приказни за доаѓањето на луѓе кои потпаднале под радикализација на луѓето им делуваат застрашувачки и тие поставуваат многу прашања. Сите знаеме што се случи во Париз, утре и ние можеме да бидеме на ред“, изјавил за радиото Europe 1 вознемирен анонимен жител.
Се предвидува првиот центар за дерадикализација да прими во прво време околу 30 лица, а би вклучувал во својата програма млади лица на возраст од 18 до 20 години, но на доброволна основа.
Институцијата со официјален наслов Центар за реинтеграција и граѓанско воспитување би делувала како интернат во кој младите би останувале десет месеци, со можност да заминуваат дома преку викендите. Се предвидува и можноста за време на дерадикализацијата младите да бидат вклучени во работата на локалните фирми како приправници, но од своите врсници во таа средина би се разликувале по тоа што би носеле униформи.
Француските власти најавија консултации со локалното население за да ги претстават целосните информации, да ги запрат шпекулациите и да ги примират нивните стравувања дека поради сместувањето на институцијата за идеолошка деконтаминација во нивната средина и самите би можеле да станат цел на терористите./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Русите уништија четири украински поморски дронови во Црното Море
Руските сили денес уништија четири украински поморски дронови, беспилотни површински пловила (УСВ), во близина на пристаништето Туапсе на Црното Море, едно од клучните пристаништа за извоз на нафта.
Детонацијата на еден од дроновите се случила во близина на брегот на Туапсе, во регионот Краснодар, оштетувајќи ги крајбрежните објекти, објави „Интерфакс“ повикувајќи се на регионалниот центар за вонредни ситуации. Нема извештаи за жртви.
Krasnodar Krai, Russia ❗
💥Tuapse is being attacked by sea drones, a probable hit near pier 167 has been recorded. – OSINT DniproOfficialpov: 44.10040125871804, 39.05830293365155https://t.co/K3TrwvhOz2 pic.twitter.com/NjVczfmjME
— LX (@LXSummer1) November 9, 2025
Според извори од индустријата и податоците за следење бродови, пристаништето го прекина извозот на гориво, а локалната рафинерија за нафта престана со преработка на сурова нафта откога украинските дронови ја нападнаа нејзината инфраструктура на 2 ноември.
Руските железници соопштија дека ги продолжиле ограничувањата за испорака на товар до Туапсе до 13 ноември.
фото: принтскрин
Европа
Истакната докторка исчезна во Унгарија пред една недела: пронајдено нејзиното тело
Телото на докторката што исчезна од болница во Унгарија пред една недела беше пронајдено утрово. Д-р Антонија Кет, истакнат оториноларинголог, исчезна неколку часа по операцијата на ‘рбетот, а болницата почна внатрешна истрага за да утврди како пациентот можел да го напушти одделението незабележано.
Смртта на докторката ја шокира јавноста и иницира многубројни прашања за човековата одговорност, за системот и за неуспесите што можеа да доведат до трагедијата, пишува унгарскиот портал szeretlekmagyarorszag.hu.
Клиничкиот центар Szent-Györgyi Albert во Сегед почна внатрешна истрага за да утврди како пациентка, која штотуку била оперирана, можела да го напушти објектот незабележано. Д-р Антонија Кет, истакнат раководител на одделот за оториноларингологија, била оперирана на 3 ноември поради проблем со ‘рбетот, но исчезнала од болницата само неколку часа по процедурата. Нејзиното тело било пронајдено една недела подоцна во блиска запуштена грмушка.
Снимките од безбедносните камери ја покажале д-р Кет, веројатно збунета од болката, како облекува тренирка преку болничката мантија и го напушта одделот за неврохирургија во влечки. Кога персоналот го забележал нејзиното исчезнување, почнала масовна потрага, во која учествувале полиција, кучиња трагачи и волонтерски спасувачки единици.
Нејзиното безживотно тело било пронајдено утрово, едвај 500 метри воздушна линија од клиниката. Полицијата ја исклучила можноста за насилна смрт, а точната причина ќе се утврди во административна постапка.
фото: принтскрин
Европа
Дронови забележани над нуклеарната централа „Доел“ во Белгија
По серија инциденти на белгиските аеродроми, синоќа беа забележани и дронови над нуклеарната централа Доел. Компанијата „Енџи“ потврди кратко пред 22 часот дека три дрона биле забележани над централата, пишува белгискиот РТЛ.
Портпаролката на „Енџи“, Хелен Смитс, изјави дека инцидентот немал никакво влијание врз работењето на електраната.
„Надлежните служби продолжуваат да ја следат ситуацијата“, додаде таа. Локалната полициска зона Шелдевас засега не сакаше да коментира.
Инцидентот се случил истата вечер кога воздушниот сообраќај на аеродромот во Лиеж беше привремено прекинат поради пријави за дронови. Летовите беа прекинати таму околу 19:30 часот и се нормализираа еден час подоцна, околу 20:25 часот.
Пријавите за дронови над аеродромот во Лиеж беа речиси секојдневна појава во текот на изминатата недела, а слични прекини беа пријавени и на аеродромот во Брисел минатиот вторник и четврток. Во последните денови и недели, редовно се пријавуваа и дронови над разни воени бази во земјата.
фото: принтскрин

